ОПИС НА ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ( ToR) - ea.gov.mk · Понатаму,...

12
ОПИС НА ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ( ToR) Ознака на проектт: IMIS BAC: 2008-ECE-0870-E146-2155 IMIS: GFL-2328-2721-4961; PMS: GF/4040-07-02 Назив на проектот: Финансирање на инвестиции во областа на енергетската ефикасност за ублажување на климатските промени Број на проектот: ECE-INT-04-318 Институција која го прима грантот Име, адреса и телефонски броеви: Примач на грантот: Агенција за енергетика на Република Македонија Адресa: Железничка бб Град, поштенски број: 1000 Скопје Земја: Република Македонија Лице за контакт: Лазар Гечевски Електронска пошта: [email protected] Заднина на проектот Економската комисија за Европа UNECE реализира проект за финансирање инвестиции во областа на енергетска ефикасност со цел да се ублажат климатските промени во дванаесет земји во Југоисточна Европа, Источна Европа и централна Азија. Проектот промовира формирање на пазар што ќе овозможи идентификација, развивање, финансирање и локално реализирање на самоодржливи проекти од областа на енергетската ефикасност и обновливата енергија од страна на земјите учеснички: Албанија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Казахстан, Република Молдавија, Романија, Руската Федерација, Србија, Поранешна Југословенска Република Македонија и Украина. Проектот има три цели, и тоа: Цел еден: Идентификација и развој на инвестициски проекти, Цел два: Јакнење на политики за енергетска ефикасност и обновливи енергии, Цел три: Промовирање на можности за инвестирање кај комерцијалните банки и компаниите. Проектот е подетално опишан во Анекс 1. Меморандумот за разбирање (MзР) помеѓу Секретаријатот на UNECE и Националните институции учеснички (NPI) од секоја земја вклучена во проектот се однесува на задачите наведени во Активности 1.1 и 2.1 од Ревидираниот работен план за Проектните активности во првата година (ECE/ENERGY/WP.4/GE.1/2007/2/Rev.2). МзР овозможува на (NPI) да му се стават на располагање финансиски извори за следните задачи наведени во Работниот план, а како што се опишани подолу во тековниот - Опис на проектни задачи. Цел еден: Идентификација и развој на инвестициски проекти Aктивност 1.1 Мрежа на управители за енергетска ефикасност во земјите учеснички (а) 1 Вебстраница во секоја земја Цел два: Зајакнување на политиките за енергетска ефикасност и обновливи енергии

Transcript of ОПИС НА ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ( ToR) - ea.gov.mk · Понатаму,...

Page 1: ОПИС НА ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ( ToR) - ea.gov.mk · Понатаму, дванаесет студии за случај, по една во секоја земја,

ОПИС НА ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ( ToR) Ознака на проектт: IMIS BAC: 2008-ECE-0870-E146-2155

IMIS: GFL-2328-2721-4961; PMS: GF/4040-07-02 Назив на проектот: Финансирање на инвестиции во областа на енергетската ефикасност за

ублажување на климатските промени Број на проектот: ECE-INT-04-318 Институција која го прима грантот – Име, адреса и телефонски броеви: Примач на грантот: Агенција за енергетика на Република Македонија Адресa: Железничка бб Град, поштенски број: 1000 Скопје Земја: Република Македонија Лице за контакт: Лазар Гечевски Електронска пошта: [email protected]

Заднина на проектот Економската комисија за Европа UNECE реализира проект за финансирање инвестиции во областа на енергетска ефикасност со цел да се ублажат климатските промени во дванаесет земји во Југоисточна Европа, Источна Европа и централна Азија. Проектот промовира формирање на пазар што ќе овозможи идентификација, развивање, финансирање и локално реализирање на самоодржливи проекти од областа на енергетската ефикасност и обновливата енергија од страна на земјите учеснички: Албанија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Казахстан, Република Молдавија, Романија, Руската Федерација, Србија, Поранешна Југословенска Република Македонија и Украина. Проектот има три цели, и тоа: Цел еден: Идентификација и развој на инвестициски проекти, Цел два: Јакнење на политики за енергетска ефикасност и обновливи енергии, Цел три: Промовирање на можности за инвестирање кај комерцијалните банки и компаниите. Проектот е подетално опишан во Анекс 1. Меморандумот за разбирање (MзР) помеѓу Секретаријатот на UNECE и Националните институции учеснички (NPI) од секоја земја вклучена во проектот се однесува на задачите наведени во Активности 1.1 и 2.1 од Ревидираниот работен план за Проектните активности во првата година (ECE/ENERGY/WP.4/GE.1/2007/2/Rev.2). МзР овозможува на (NPI) да му се стават на располагање финансиски извори за следните задачи наведени во Работниот план, а како што се опишани подолу во тековниот - Опис на проектни задачи.

Цел еден: Идентификација и развој на инвестициски проекти

Aктивност 1.1 Мрежа на управители за енергетска ефикасност во земјите учеснички

(а) 1 Вебстраница во секоја земја

Цел два: Зајакнување на политиките за енергетска ефикасност и обновливи енергии

Page 2: ОПИС НА ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ( ToR) - ea.gov.mk · Понатаму, дванаесет студии за случај, по една во секоја земја,

2

Aктивност 2.1 Економски, институционални и регулаторни реформи

(б) 1 Национална студија за случај

(в) 1 Информации за Национална енергетската политика за потребите на Регионална анализа

Детален опис на задачата NPI во секоја земја која учествува во проектот, согласно Проектниот документ, треба да ги превземе следните задачи наведени во Активности 1.1 и 1.2. 1. Национална вебстраница за проектот Даветел на услуги за вебстраници и интернет комуникации ќе биде избран на меѓународен конкурентен тендер со ознака RFPS ID No. 113/BLL за да развие сеопфатна мултилатерална вебстраница за дванаесетте земји учеснички како и да даде насоки за конфигурациите на националните вебстраници. Давателот на услуги ќе работи со локалните тимови во дванаесетте NPI за да се развијат нивни сопствени вебстраници и /или страници посветени за проектот во рамки на нивните постоечки вебстраници; со цел поставување, каталогизирање, и објавување на проекти материјали; обезбедување на графичка и desk-top поддршка за објавување на публикации во електронска и печатена форма; обезбедување на капацитети за веб–пренос на информации и далечинска обука преку пренос на инфомации од далечина; анализа и известување за користење/посетеност на вебстраницата преку водење статистика која најчесто се користи за квантитативно оценување на интересот/работењето на вебстраницата; годишен извештај за работењето на вебстраницата на состаноците на Ad hoc Групата на експерти за Финансирање на инвестиции во областа на енергетска ефикасност за ублажување на климатските промени; тесна координација на сите активности со Единицата за проектно раководење (PMU) лоцирана во UNECE во Женева. Секоја NPI е задолжена тесно да соработува со давателот на услуги за вебстраници и интернет комуникации со цел да развие своја проектна вебстраница и/или специјално наменети страници за проектот во рамки на својата постоечка вебстраница. Секоја локална вебстраница и/или специјално наменети страници треба да ги содржат следните форми на комуникација: (а)Календар на проектни активности, (б)библиотека, (в)софтвер за проектот, (г)директна интернет врска (hot-linк) пемеѓу учесниците во проектот, (д)можност за веб пренос на информации и (е)база на податоци за инвестициски проекти. Детален работен план и спецификација за локалните вебстраници и/или специјално наменети страници ќе му биде доставен на Давателот на услуги за вебстраници и интернет комуникации. 2. Информации за Националната енергетска политика за потребите на Регионална анализа Даветел на услуги за спроведување на Регионална анализа за реформи во политиките за промоција на инвестиции во областа на енергетска ефикасност и обновлива енергија ќе биде избран преку меѓународен конкурентен тендер со ознака RFPS No.110/JCL со цел зајакнување на политиките за енергетска ефикасност и обновлива енергија преку широкоопсежна регионална проценка, студии за случај, работилници и семининари за развивачи/донесувачи на политики. Процесот ќе започне со широка анализа за реформите во политиките потребни за промовирање на инвестиции во областа на енергетската ефикасност и обновливата енергија и намалување на сиромаштијата со гориво во дванаесетте

Page 3: ОПИС НА ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ( ToR) - ea.gov.mk · Понатаму, дванаесет студии за случај, по една во секоја земја,

3

земји учеснички. Регионалната анализа ќе обезбеди клучни информации за развој на инвестициски Фонд согласно третата цел, и ќе се применува согласно втората цел за поттикнување на нови реформи во политиките потребни за формирање на пазар за енергетска ефикасност во земјите учеснички. Со цел целосно да се реализира втората цел, широката анализа на реформи во политиките ќе се состои од регионални и национални перспективи и ќе покрива широк спектар на реформи во политиките. Овие анализи и податоци ќе бидат дополнети со 24 студии за случај за засебни проекти или класи на проекти. Ќе се подготват дванаесет студии за случај насочени кон специфичните потешкотии, препреки или пречки кои ќе произлезат од истражувањата за целите на регионалната анализа. Понатаму, дванаесет студии за случај, по една во секоја земја, ќе бидат подготвени од страна на Националните институции учеснички назначени од нивните влади. Анализата ќе биде дискутирана и разгледана на 3 меѓународни работилници во земјите учеснички. Резултатите од анализата и специфичните студии за случај вклучувајќи ги и препораките за нови реформи во политиките ќе бидат изложени на вишите донесувачи на политики на 3 меѓународни семинари. Заклучоците од семинарите и предлозите за реформи во политиките ќе бидат објавени и поставени на проектните вебстраници и ќе бидат претставени за време на состаноците на Ad hoc групата на експерти за Финансирање на инвестиции во областа на енергетската ефикасност за ублажување на климатските промени. Задачата се состои во соработка на NPI со давателот на услуги за Регионалната анализа, за собирање и подготовка на податоци и информации за битната енергетска политика во однос на следното:

(a) клучен развој на енергетскиот сектор во земјите учеснички;

(б) напредување на реформите за воведување на пазарно поставени енергетски системи вклучувајќи ја и природата на пазарот за технологии за енергетска ефикасност и обновлива енергија;

(в) специфични потешкотии причинети од политиките, легислативата, административната и институционална рамка за формирање на пазар за енергетска ефикасност и обновлива енергија;

(г) реформи во политиките, правни, административни и институционални реформи во земјите учеснички, нивните соседи како и во западните земји кои надминале одредени пречки и/или промовирале формирање на пазар за енергетска ефикасност во земјите учеснички 3. Национална студија за случај Задачата се состои во тесна соработка помеѓу NPI и давателот на услуги за Регионалната анализа при изготвување на национална Студија за случај на реформи во политиките со цел да се промовираат инвестиции во областа на енергетска ефикасност и обновлива енергија. Студиите за случај ќе обезбедат дополнителна вредност при што на донесувачите на политики од различни нивоа ќе им биде покажано кои се очекувани директни социјални, еколошки и финансиски придобивки кај специфичен проект или класи на проекти имајќи предвид дека одредени реформи во политиките треба претходно да се спроведат. Овие реформи може да се однесуваат на економски, финансиски, структури за одредување на цената на енергијата и тарифите, институционални или едноставни споредбени административни реформи. Но, често е потребно да се направат промени во деловни плановите во насока на економска атрактивност и на студиите за предизведливост со цел тие да прераснат во исплатливи проекти кои може да бидат финансирани од инвестицискиот фонд на проектот. Секоја студија за случај ќе ги вклучува следните елементи:

(a)Реформа во политиките која трансформирала еден или повеќе економски атрактивни инвестициски проекти во исплатливи проекти кои биле финансирани;

Page 4: ОПИС НА ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ( ToR) - ea.gov.mk · Понатаму, дванаесет студии за случај, по една во секоја земја,

4

(б)Проценка на „зголемениот“ потенцијал за еколошки, економски и финансиски влијанија во студијата за случај за избраните проекти или „класи“ на проекти вклучувајќи и намалување на емисиите на стакленичките гасови;

(в)Препораки за нови реформи во политиките за воведување на пазарно поставени енергетски системи врз основа на студијата за случај.

Студијата за случај не треба за надминува 20 страници напишани на англиски јазик и треба да биде составена од следните делови:

(a)Карактеристики на секторот: опис на секторот за производство на енергија или потрошувачкиот сектор предмет на студијата за случај вклучително и нивото на емисии на стакленички гасови изразено во емитувани тони CO2;

(б)Постоечка политика: кус преглед на битните политики во употреба пред да бидат воведени новите реформи;

(в)Потенцијал за енергетска ефикасност и обновливи енергии: проценка на енергетските заштеди и можното намалување на емисиите на CO2 во однос на предвидените подобрувања во праксата за енергетско раководење, контролата, технологијата или ефикасноста;

(г)Методологија за проценка: опис на аналитичката алатка или модели применети при проценка на потенцијалните подобрувања на ефикасноста и мерење/определување на резултатите вклучувајќи енергетски заштеди и намалувања на CO2;

(д)Економска, еколошка анализа и анализа на политиката: преценка на целокупното влијание на мерките на политиката;

(е)Размисли за модел на политика која ќе се примени: причини за промовирање на успешна политика пошироко на национална основа;

(ѓ)Заклучоци и препораки: за иден национален развој на политиките и причини за примена на сличен пристап во соседните земји.

Времетраење на соработката Времетраењето на договорот е една година сметајќи од датумот на потпишување на Меморандумот за разбирање. Индикатори за извршени работи за оценување на реализираните услуги 1. Национална вебстраница за проектот: вебстраница или наменски вебстраници за активностите на проектот кои може да се верификуваат преку „on-line“ проверка за нивната усогласеност со спецификацијата утврдена од страна на давателот на услуги за Вебстраници и интернет комуникации и повремена оценка за осовременување на истите на редовна основа. 2. Информации за Националната енергетска политика за Регионална анализа: еден комплет информации за реформи во енергетската политика подготвени согласно конкретните напатствија на давателот на услуги за Регионалната анализа. 3. Национална студија за случај: да се определи една национална студија за случај која ќе биде прифатлива за PMU и давателот на услуги за Регионалната анализа.

Page 5: ОПИС НА ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ( ToR) - ea.gov.mk · Понатаму, дванаесет студии за случај, по една во секоја земја,

5

Услови за исплата 1. Прво плаќање:15% од УС $ 35,000 (т.e. САД $ 5,250) до 15.02.2009 година или по отварање на девизната сметка, со цел NPI да ја изврши целосната подготвителна работа, 2. Второ плаќање: 20% од УС $ 35,000 (т.e. САД $ 7,000) еден месец по влегување во сила на договорот и по прием на првиот извештај за напредокот на проектот по трите проектни задачи; 3. Трето плаќање: 35% од УС $ 35,000 (т.e. САД $ 12,250) шест месеци по влегување во сила на договорот и по добивање на одобрување за успешно реализирање на следните задачи: а) прототип на вебстраницата што ги садржи сите главни елементи опишани во деталниот опис на работните задачи, б) нацрт информација за националната енергетска политика што ги садржи сите главни елементи опишани во деталниот опис на работните задачи, в) извештај за напредокот на развојот на националната студија на случај. 4. Завршно плаќање: базирано на вистински направените трошоци, но во максимална висина од САД$ 10,500 ( 30% од САД$ 35,000) ќе се изврши по прием на следните документи: а) фактура за плаќање, б) барани испораки на проектните задачи со одобрување на UNECE во согласност со индикаторите на изведба за евалуација на услугите; в) финансиски извештај во ист формат како предвидениот буџет и базиран на вистински направените трошоци за секоја поединечна буџетска линија. Извештајот треба да содржи пишана изјава од овластени лица дека средствата се искористени за целите за кои биле наменети. Пред исплатата финансискиот извештај треба да биде одобрен од секретаријатот на UNECE.

Проценет буџет

Задачи од Работниот план САД долари

1. Национална вебстраница за проектот 5,000

2. Информации за националната енергетска политика 10,000

3. Национална студија за случај 20,000

Вкупно 35,000

УСЛОВИ ЗА ИСПЛАТА ОД СТРАНА НА ИНСТИТУЦИЈАТА ПАРТНЕР Институцијата партнер е должна, на барање, да ги уплати без оддолжување, сите делови од авансното плаќање коишто нема да се искористи или не биле искористени согласно одобрениот трошковен план, освен ако истите не бидат оправдани и одобрени од страна на UNECE.

Page 6: ОПИС НА ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ( ToR) - ea.gov.mk · Понатаму, дванаесет студии за случај, по една во секоја земја,

6

РАКОВОДИТЕЛ НА ПРОЕКТОТ Програмски референт задолжен за проектот е: Г-дин Александар Кашин Раководител, Сектор за одржлива енергија Оддел за одржлива енергија Економска комисија за Европа на Обединетите Нации Bureau 380, Palais des Nations 1211 Geneva 10 – Switzerland Tel: +41 22 917 2451 Fax +41 22 917 0038 E-mail: [email protected]

Page 7: ОПИС НА ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ( ToR) - ea.gov.mk · Понатаму, дванаесет студии за случај, по една во секоја земја,

7

Aнекс 1

Општ опис на Проектот

ЦЕЛИ 1. Долгорочните развојни цели на проектот и трите непосредни цели се опишани во текстот подолу. Тие се проследени со листа на крајни резултати кои ќе се постигнат во рамки на секоја активност за четиригодишното реализирање на проектите операции. Општа цел: Промовирање на инвестициска клима во која можат да се идентификуваат, развиваат, финансираат и реализираат самоодржливи проекти за енергетска ефикасност и обновлива енергија од страна на локалните тимови во општините, фабриките и енергетските комунални претпријатија. Цел еден: Идентификација и развивање на инвестициски проекти во приватниот и јавниот сектор на локално ниво: идентификација, развој, финансирање и реализација на проекти за енергетска ефикасност и обновлива енергија на потрошувачката и побарувачката страна коишто ги исполнуваат приоритетите за еколошки, здравствени и институционални реформи. Цел два: Јакнење на политиките за енергетската ефикасност и обновлива енергија во земјите учеснички преку помош на општинските власти и националните администрации за воведување на економски, институционални и регулаторни реформи потребни за поддршка на инвестиции во проекти за енергетска ефикасност и обновлива енергија. Цел три: Промоција на можностите за инвестирање од страна на комерцијални банки и компании во проекти за енергетска ефикасност и обновлива енергија преку развој на нов јавно-приватен инвестициски фонд или финансиски механизми.

АКТИВНОСТИ И КРАЈНИ РЕЗУЛТАТИ 2. Активностите кои ќе се спроведуваат во рамки на секоја цел треба да ги дадат следните крајни резултати. Цел еден: Идентификација и развој на инвестициски проекти 1.1 Мрежа на управители за енергетска ефикасност во земјите учеснички 1.2 Обучени експерти за проектен развој, финансирање и деловно планирање 1.3 Инвестициска проектна линија Цел два: Јакнење на политиките за енергетска ефикасност и обновливи енергии 2.1 Економски, институционални и регулаторни реформи 2.2 Семинари за енергетска ефикасност 2.3 Советодавни услуги за политики Цел три: Промовирање на можности за инвестирање кај комерцијалните банки и компаниите 3.1 Инвестициски фонд за енергетска ефикасност 3.2 Стандарди за развивање на инвестициски проекти 3.3 Инвентар за развивање на инвестициски проекти

Page 8: ОПИС НА ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ( ToR) - ea.gov.mk · Понатаму, дванаесет студии за случај, по една во секоја земја,

8

Mеморандум за Разбирање за грант Бр.: ECE/GC/2008/01 За сума од 35,000.00 УСД

(триесетипетилјади американски долари)

МЕМОРАНДУМ ЗА РАЗБИРАЊЕ

ПОМЕЃУ

ЕКОНОМСКАТА КОМИСИЈА ЗА ЕВРОПА НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ (UNECE)

И

АГЕНЦИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НАЦИОНАЛНАТА ИНСТИТУЦИЈА УЧЕСНИЧКА (NPI)

НАЗИВ НА ПРОЕКТОТ:

ФИНАНСИРАЊЕ НА ИНВЕСТИЦИИ ВО ОБЛАСТА НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ ЗА УБЛАЖУВАЊЕ НА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

Page 9: ОПИС НА ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ( ToR) - ea.gov.mk · Понатаму, дванаесет студии за случај, по една во секоја земја,

9

Овој Меморандум за разбирање е направен во два примерока, ПОМЕЃУ: Обединетите нации, претставувани од Економската комисија за Европа на Обединетите нации, од Женева (понатаму „UNECE”), и: Агенцијата за енерегтика на Република Македонија (понатаму „NPI”); Пришто NPI и UNECE се договорија за потпишат Меморандум за разбирање кој обезбедува грант од UNECE за целите изложени во приложениот „Опис на проектни задачи“, во кој се дефинирани условите за користењето на таквиот грант и реализацијата на Проектот: UNECE и NPI се договорија за следното:

А. Грант UNECE, на начин опишан подолу и за целите на Проектот наведени во буџетот дел од „Опис на работните задачи“, ќе стави на располагање на NPI сума од УС$ 35,000 која ќе се исплаќа на рати како што следи: 1. Прво плаќање:15% од УС $ 35,000 (т.e. САД $ 5,250) до 15.02.2009 година или по отварање на девизната сметка, со цел NPI да ја изврши целосната подготвителна работа, 2. Второ плаќање: 20% од УС $ 35,000 (т.e. САД $ 7,000) еден месец по влегување во сила на договорот и по прием на првиот извештај за напредокот на проектот по трите проектни задачи; 3. Трето плаќање: 35% од УС $ 35,000 (т.e. САД $ 12,250) шест месеци по влегување во сила на договорот и по добивање на одобрување за успешно реализирање на следните задачи: а) прототип на web страницата што ги садржи сите главни елементи опишани во деталниот опис на работните задачи, б) нацрт информација за националната енергетска политика што ги садржи сите главни елементи опишани во деталниот опис на работните задачи, в) извештај за напредокот на развојот на националната студија на случај. 4. Завршно плаќање: базирано на вистински направените трошоци, но во максимална висина од САД$ 10,500 ( 30% од САД$ 35,000) ќе се изврши по прием на следните документи: а) фактура за плаќање, б) барани испораки на проектните задачи со одобрување на UNECE во согласност со индикаторите на изведба за евалуација на услугите; в) финансиски извештај во ист формат како предвидениот буџет и базиран на вистински направените трошоци за секоја поединечна буџетска линија. Извештајот треба да содржи пишана изјава од овластени лица дека средствата се искористени за целите за кои биле наменети. Пред исплатата финансискиот извештај треба да биде одобрен од секретаријатот на UNECE.

Page 10: ОПИС НА ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ( ToR) - ea.gov.mk · Понатаму, дванаесет студии за случај, по една во секоја земја,

10

Погореспоменатата сума ќе биде депонирана од страна на UNECE на банкарска сметка на NPI како што следи: Банка за примачот на грантот: Народна Банка на Република Македонија Адреса на банката: Комплекс на банките бб, 1000 Скопје, Република Македонија Swift код: NBRM MK 2X Бројот на сметката ќе биде обезбедена од страна на NPI веднаш штом ќе се отвори девизната сметка, по потпишувањето на овој Меморандум за разбирање. Оваа постапка е резултат на членот 39, став 5 од Законот за буџет (Сл.весник на РМ бр. 64/2005) за начинот на отварање на девизни сметки за буџетски корисници во Народната Банка на Република Македонија и што е во надлежност на Министерот за финансии. Б. Цел и намена на Грантот 1. Грантот ќе го добие и користи NPI да подмирување на сите трошоци за

Проектот наведени во „Описот на проектни задачи“, приложен кон овој документ.

2. Грантот и активностите финансирани од него ќе бидат администрирани и раководени од страна на NPI со соодветна одговорност, ефикасност, и со почитување на востановените административни, финансиски и технички пракси.

3. Финансиските биланси и извештаи на Примачот во врска со Грантот и Проектот треба да бидат изразени во американски долари.

4. Данокот на додадена вредност (ДДВ) и останатите давачки и такси како резултат на набавката на стоки и услуги не се финасираат од стредствата на овој грант.

В. Одговорност за Проектот 1. Националната институција учесничка (NPI) ја сноси одговорноста и

отчетноста за реализација на Проектот. Г. Сметководствени процедури 1. Грантот ќе биде предмет на процедурите за внатрешни и надворешни ревизии

на Националната институција учесничка (NPI). Д. Извештаи 1. NPI треба на UNECE да му поднесува два примерока од соодветните извештаи

за финансиско и програмско напредување како што се бара во условите опишани во Описот на проектни задачи.

2. Завршниот извештај за проектот треба да вклучува и финансиски извештај на

реално искористените средства од грантот согласно трошковните линии на одобрениот буџет.

3. Финансискиот извештај треба содржи писмена потврда од страна на правен

застапник на NPI со која се потврдува дека средствата се искористени за целите за коишто биле наменети.

Page 11: ОПИС НА ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ( ToR) - ea.gov.mk · Понатаму, дванаесет студии за случај, по една во секоја земја,

11

Ѓ. Важност на договорот 1. Овој Договор ќе влезе во сила и употреба по потпишување на истиот од двете

засегнати Страни и ќе има важност до 14,02,2010 по прием на задолжителните финансиски и завршни извештаи доколку не се прекине порано од било која од Страните во писмена форма доставена еден месец однапред.

2. Во случај на прекинување на Договорот од страна на NPI, истата ќе има

обврска да му ги надомести на UNECE нереализираните средства заклучно со датумот на најавата за прекинување на истиот.

Е. Забелешки 1. Сите коресподенции или забелешки наменети за UNECE треба да се испратат

до регистрираните електронска пошта или факсимил: United Nations Economic Commission for Europe (UNECE) Sustainable Energy Division

Attention: Mr. Alexandre Chachine Office 380, Palais des Nations 8-14 Avenue de la Paix CH-1211, Geneva 10 Tel: 0041 22 917 2451 Fax: 0041 22 917 0038 2. Сите коресподенции или забелешки наменети за NPI треба да се испратат до

регистрираните електронска пошта или факсимил: Назив на институцијата: Национална институција учесничка (NPI) Агенција за енергетика на Република Македонија

Aдреса: Бул.Климент Охридски 58 Б 2/2, 1000 Скопје Република Македонија Одговорно лице: Лазар Гечевски, Директор Ж. Потполна форма на Договорот 1. Овој Договор заедно со неговиот составен дел Опис на проектни задачи, кој

претставува интегрален дел, го сочинуваат потполниот Договор помеѓу UNECE и NPI кој се однесува на овој Грант.

З. Изразување благодарност 1. Онаму каде што е можно, NPI ќе ја изразува својата брагодарност за добивање

на Грантот од UNECE, и тоа во извештаите, публикациите или соопштенијата за јавност.

Ѕ. Општи одредби 1. Овој Меморандум за разбирање нема да биде одобрен од NPI без претходна

согласност од UNECE. 2. Освен доколку овој Меморандум за разбирање пропише поинаку,

Меморандумот за разбирање е ратификуван и потврден од сите аспекти и сите услови и договорни работи ќе останат во полноправна сила и важност.

Page 12: ОПИС НА ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ( ToR) - ea.gov.mk · Понатаму, дванаесет студии за случај, по една во секоја земја,

12

Ние, долупотпишаните, соодветно назначени, го потпишавме предметниот Меморандум за разбирање во два примероци на ден 09,02,2009 година. За Обединетите Нации претставувани од Економската комисија за Европа на Обединетите нации (UNECE), Женева, Швајцарија

Агенција за енергетика на Република Македонија

_________________________________

_________________________________

Име: Марија Севилла Титула: Извршен офицер, извршна канцеларија (UNECE), Женева, Швајцарија Датум:06,02,2009

Име: Лазар Гечевски Тутула: Директор Датум:09,02,2009