ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи...

100
ФОРЕНЗИКА PRIRA^NIK-CSI Istraga na Mesto na Zlostor Skopje 2008

Transcript of ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи...

Page 1: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ФОРЕНЗИКА

PRIRA^NIK-CSI

Istraga na Mesto na Zlostor

Skopje 2008

Page 2: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

2 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

Finansiski pomognato vo celost od Evropskata Komisija preku programata TEMPUS Proekt: EDUFORMAK CD_JEP-41105 -2006(MK)

Page 3: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 3

Urednik: Mimoza Ristova Lektorirano od licenciran lektor: Natalija Glinska-Ristova

Interno Izdanie na PMF-UKIM

Page 4: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

4 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

Voved Ovoj prira~nik sodr`i sistematizirani poglavja што се однесуваат на начинот на прибирање и чување на различните видови материјални докази при istragata na mestoto na zlostorot. Namenata na ovoj prira~nik e {iroka. Najgolema primena ima kaj forenzi~arite, onie {to vr{at uvid na scenata na kriminalot (t.e. mestoto na zlostorot). Studentite na vtoriot stepen na univerzitetski studii po forenzika }e se slu`at so ovoj prira~nik pri nastavata od predmetite Istaga na mestoto na zlostorot i kriminalistika. Prira~nikot mo`e da im poslu`i i kako vodi~ na policiskite inspektori i privatnite detektivi. Isto taka, ovoj prira~nik mo`at da go koristat i obvinitelite, branitelite (advokatite) i sudiite pri spravuvawe so materijalnite dokazi i svedo~ewata od nau~nite eksperti po forenzijka za vreme na predistra`nata, istra`nata i krivi~nata postapka.

Page 5: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 5

Page 6: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

6 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

S O D R @ I N A 1 Zdravje i bezbednost 2 Izbegnuvawe na kontaminacija 3 Potrebni primeroci za ispituvawe 4 [emi za ~uvawe 5 Telesni primeroci 6 Dokumenti 7 Drogi 8 Eksplozivi 9 Fibri, vlakna i krzno 10 Istraga na po`ari 11 Staklo 12 Tragi 13 Ostanati tragi 14 Boi 15 Toksikologija (otrovi) 16 Vozila 17 Oru`je

Page 7: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 7

Page 8: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

8 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

1. Zravje i bezbednost Според законите за заштита на работно место, форензичарот има задача да ги заштити вреботените од ризиците за нивното здравје и сите други кои може да бидат загрозени при работа и грешките што може да се случат. Дел од предметите кои би сакале да му ги дадете на форензичарот може да бидат од опасна природа. Форензичарот мора да се увери дека ваквите предмети се спакувани така што не претставуваат ризик за оној кои ги носи, оној кој ги прима, ниту, пак за научникот или аналитичарот. Забалежуваме дека форензичарот го задржува правото да не го прими кој било предмет што претставува опасност за безбедноста и добробитието на форензичарскиот персонал или другите кои притоа можат да бидат загрозени, без разлика како е тој испратен. Одговорноста за безбедното доставување на опасните материјали ја имаат полициските сили и се смета дека потребните заштитни процедури се или ќе бидат направени. Овој совет, доколку се почитува, ќе ни помогне да ги заштитиме сите оние кои можат да бидат загрозени и ќе придонесе за исполнување на здравствените и заштитните прописи. За опасни материјали се сметаат следниве:

крв во течна агрегатна состојба и сите примероци од телесни течности во кои спаѓаат и отровните примероци;

кој и да било кој предмет прекриен со крв или друга телесна течност; предмети загадени од паразити; опасни хемикалии; експлозиви, експлозивни направи, запалливи материјали и пиротехникa; огнено оружје и муниција; кој и да било кој предмет со остар раб кој може да пресече и да предизвика повреда.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Не јадете, не пијте, не пушете и не го допирајте пределот околу лицето додека ракувате со примероците, ниту додека не ги измиете рацете по ракувањето со нив. Здравствени и сигурносни совети (насоки, препораки) Работењето со голем број форензички примероци може да биде штетно по здравјето. Предложените сигурносни мерки мора строго да се почитуваат при преземање, ракување и транспорт на многу од материјалите. Да се обрати внимание на следниве прпораки за спроведување на здравствените и сигурносните совети.

1. Препораки за дезинфекција

Обично хемиско белило може да се употреби за отстранување на штетни биолошки материјали. Белилото треба да се употреби пред загадениот предмет да биде измиен со вода и пред да биде од него земен примерок.

Треба да се изврши целосна дезинфекција просторот за работење откако ќе се ракува со биолошки примероци

Мора да се забележи дека раствореното хемиско белило не е активно по период од неколку дена.

Page 9: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 9

2. Препораки за лична заштита

Земајќи ги предвид сериозните опасности за здравјето, форензичарот може да прими лични предмети единствено по претходен договор.

Сите телесни течности треба да се сметаат за потенцијално заразни. Доколку примерокот или органот припаѓаат на личност за која се сомнева или е познато дека е заболена од која било форма на хепатитис, туберкулоза или некој имунодефицитарен вирус (ХИВ/АIDS), форензичарот мора да биде информиран за тоа во моментот кога му се доставуваат примероците.

Сите исеченици и гребаници на рацете треба да бидат прекриени со водоотпорен заштитен материјал.

Рацете треба да се мијат често. Особено кога се завршува или почнува нов случај; пред пауза или ручек; пред пушење и на почетокот и крајот од работното време.

3. Препораки за ракување и доставување

Доколку знаете дека некој примерок за анализирање е заразен или опасен пoради кој било од горенаведените причини, морате да ја информирате форензичарската лабораторија во која го доставувате.

Со сите примероци за анализирање ракувајте најнежно што можете. Информирајте ја лабораторијата доколку се сомневате или знаете дека кој и да било од предметите е инфициран.

Јасно посочете дали е возможно некој од доставените материјали да биде загаден со некој ЦС гас??

Доставување на материјали за кои се верува дека содржат или кои содржат експлозивни материи, може да се случи само со претходен разговор и договор со лабораторијата во која тие се доставуваат.

За да се спроведе безопасно доставување на огнено оружје, потребно е секое парче одделно да биде проверено од страна на овластено лице и притоа да има потпишан сертификат за тоа дека може безбедно да се транспортира.

Однапред информирајте ја лабораторијата доколку доставувате примероци потешки од 15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување.

Предмети со остри рабови кои можат да пресечат и да предизвикаат повреда мораат да бидат сместени во соодветни пакувања, со што ќе се осигури безбедноста на оние кои ги транспортираат и на оние кои ракуваат со нив.

4. Препораки за пакување и означување

Користете пластични садови за пакување, како: цевки и тегли секогаш кога не е потребно пакување во некој специфичен материјал заради природата на примерокот, кога се користат RTA садови или материи за разредување. При употреба на стаклените садови, тие не смеат да бидат замрзнати бидејќи може да дојде до нивно кршење како резултат на промена на температурата, со што се создава голема опасност за здравјето.

Форензичарот вообичаено не добива влажни или мокри предмети. Тие треба да бидат исушени прет да бидат доставени.Како и да е, форензичарската лабораторија мора однапред да биде информирана за ова со цел да се направат договори за безопасна процедура на сушење на примероците.

Никогаш не користете спојница за затворање на ќесето. Секогаш употребувајте леплива лента и затворајте ги сите краеви. За биолошки примероци или примероци кои содржат телесни течности, идеално е да се употребува „Biohazard“ лента за затварње.

За посмртни примероци секогаш кога е можно треба да се користат форензичарски токсиколошки садови. Ова се садови кои се тестираат континуирано и кога добро ќе се запечатат, тие превенираат губење или истурање на материјалот. Органи и телесни течности кои се спакувани во нефорензичарски пакувања треба да бидат запечатени во (полиетиленски ќеси во кои треба да има големо количество на абсорбирачки материјал.

Page 10: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

10 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

4.1 Пакување и означување на примероци од течни телесни течности и органи

Секој примерок треба да биде сместен во водонепропустлив сад кои ќе биде обвиткан со апсорбирачки материјал (хартиен материјал) кој ќе го собере материјалот за испитување во случај да дојде до кршење или истурање.

Потоа треба да се запечатат во втор водонепропустлив сад (обично полиетиленска ќеса). Сите второстепени амбалажи треба да ги почитуваат меѓународните „Biohazard“ правила.

Сето ова мора да се смести во трет сад со адекватна јачина за потребите и тежината што треба да ја поднесе.

4.2 Пакување и означување на предмети кои имаат мокри или суви телесни

течности

За да се транспортираат предмети од местото на настанот до собата за сушење да се спакуваат во двојна амбалажа. Предметот да се стави во полиетиленска ќеса, а потоа сето тоа да се стави во уште една полиетиленска ќеса и да се запечати. Доколку е потребно може да се употреби и трета ќеса и сето тоа да се однесе во собата за сушење. Откако ќе се исуши да се стави во хартиена ќеса и потоа да се запечати. Сушењето на собна температура создава тешкотии за добивање на ДНК примерок.

Треба да се внимава да не дојде до вкрстено загадување меѓу различни примероци кои се сушат во иста соба. По отсранувањето на примерокот, механизмите за сушење треба да се исчистат.

Треба да се забелжи дека водените биолошки примероци, вклучувајќи ги и тие за ДНК анализи, можат да се разградат при транспорт на несоодветна температура. Доколку доставувањето до лабораторијата е со задоцнување, спакуваниот примерок треба да се смести во длабоко замрзнување.

Предмети кои содржат суви телесни течности како прв сад за сместување треба да имаат хартиени ќеси. Да не се користат спојници за затворање.

4.3 Пакување и означување на телесни течности – сваб

Да се смести примерокот во оригинален брис или туба, потоа во соодветни второстепени амбалажи обично полиетиленски ќеса со што ќе се почитуваат меѓународните „Biohazard“ правила, и на крај во соодветна трета амбалажа за транспорт до лабораторијата.

5. Препораки за транспорт

Во зависност од тоа кој вид на транспорт се употребува, може да има потреба од следниот тип на означување на третото ниво на пакување:

„заразни материи“, како ознака за транспорт, „оваа страна нагоре“, како ознака за транспорт, ознака нс која е напишан телефонски број за итно контактирање. (Ова може да биде побарано од форензичарот кога се користат јавните сервиси за транспортирање)

Третата амбалажа понекогаш се сместува во нормални кутии за транспорт, тогаш назнаката која ја има на третото пакување треба да се стави на самата кутија.

5.1 Транспортирање на примероци од течни телесни течности и органи

Овие примероци се класифицираат во групата на „Заразни материи“ заради автомобилскиот транспорт или транспортот со воз или автобус, затоа што тие можат да имаат во себе патогени како хепатитис Б или ХИВ

Одредени предмети можат да бидат спакувани во кое и да било од трите нивоа на пакување, но не смеат да тежат повеќе од 500 ml. За поголем волумен од ова потребна е употреба на специјални амбалажи за транспорт.

Page 11: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 11

5.2 Транспортирање на опасни биолошки материјали во возила Телесните течности и органи треба да бидат безбедно спакувани и означени како што е горе наведено.

Кога е во прашање транспорт со моторно возило треба да се внимава спакуваните примероци да бидат добро обезбедени.

5.3 Транспортирање на биолошки опасни материјали преку пошта. Треба да се работи во согласност со важечките поштенски прописи за испраќање патолошки примероци за анализа со цел да се разграничи значењето на „заразни примероци“ и „примероци за дијагностицирање“ Примероците за дијагностицирање кои се доставуваат до форензичарот се дефинираат како материјали кои не содржат патогени (хепатитис или ХИВ) и не се сместуваат во ризичните групи 2 или 3 што значи дека можат да се праќаат во пакувања какви што се веќе дефинирани во параграфот 4 од овој дел на прирачникот. Сите заразни примероци кои се доставуваат до форензичарот и за кои има информации или се претпоставува дека содржат патогени, се дефинираат како заразни материјали и се сместуваат во ризичните групи 2 или 3. Тие МОРА да бидат спакувани според UN стандардот 602 и можат да се испратат по пошта доколку ги задоволуваат стандардите на овој вид пакување, што подразбира употреба на второстепено пакување и дополнителни пакувања кои мораат да бидат акредитирани од соодветни тестови. Доколку постои какво и да било сомневање за начинот на пакување или за транспортот на предметите за анализирање, ги потсетуваме клиентите дека форензичарската лабораторија работи 24 часа на ден, 365 дена во годината. Од неколку компании можат да се обезбедат садови за најголем број од доставувањата. Овие предмети се дизајнирани за лесна употреба од страна на научниците и аналитичарите. Тие се подлежни на строги процедури за контрола на квалитетот.

Page 12: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

12 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

2. Izbegnuvawe na kontaminacija

Техниките за профилирање на ДНК кои се користат во моментов се исклучително сензитивни, особено во последниве две години. На тој начин успешно се испитуваат и мали примероци и отпечатоци. Ваквиот напредок резултира во зголемена потреба на свест, дека ДНК податоците кои се депонирани пред прекршокот и оние депонирани од невнимание за време на последователна истрага, можат полесно да се идентификуваат. ДНК податоците не може да се компромитираат, a најважно е секој што е во процесот на истрагата да биде свесен за важноста на задржување на интегритетот на форензичарските докази и да преземе соодветни мерки за намалување на ризикот од ненамерно давање или транспортирање на ДНК материјалот за време на испитувањето. Местото на настанот е осетливо од моментот на случување на злосторството, така што трансферот на ДНК од невини лица (вклучително со инспекторот) може да стане предмет на

истрага уште пред да стигне до форензичарот. Како дел од програмата за зголемување на квалитетот на форензиката, анализата на

системите на истражување и практиката, доведоа до имплементација на постојано подобрување на „Anti-Contamination code of practice“

Препораки Следењето на следниве препораки ќе го намали ризикот од случајно пренесување на ДНК или транспортирање на материјалот на предмети на местото на настанот или надвор од него.

Опрема за лична заштита

Носење заштитна облека секогаш кога е можно. Задолжително носењето гумени ракавици за една употреба кои имаат соодветна димензија и мора да се заменат по ракувањето со секој предмет.

Задолжително носење заштитна маска на лицето, оној кој ја носи маската треба да се воздржи од зборување додека зема дел од примерокот или кога е во близина на место за кое се претпоставува дека е извор на ДНК докази. Инаку, додека е на местото на настанот, тој може да манипулира со нејзиното носење.

Ракавиците и маските треба да се менуваат редовно, но надвор од местото на настанот. За посериозни случаи треба да се носат чизми и специјални костуми со ќулавка кои не треба да се соблекуваат.

Дополнителна заштитна облека треба да се носи доколку оној што треба да влезе на местото на настанот има првут или егзем.

Активности на местото на настанот

Пристап до местото на настанот треба да имаат само оние лица кои мораат да дојдат до него.

Било кој, што крвави, страда од истекување на други телесни течности или: настинка, кашлање, грип или псоријаза, не треба да влегува на местото на настанот.

Вербалната комуникација на местото на настанот треба да биде минимална. Движењата на местото на настанот треба да бидат сведени на минимум неопходни за истрагата.

Допирање на стакло, лице, телефон, квака, прекинувач за светло, и др. треба да се избегнува пред да се сменат ракавиците со кои се работи.

Page 13: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 13

Земање примероци Со предметите треба да се ракува внимателно и колку што е можно помалку. Треба едновремено да се ракува само со еден предмет. Целиот простор за работење, истражувачки или не, треба да биде соодветно исчистен.

(види Здравје и заштита, прв дел од прирачникот) Работните површини и опремата која не е за една употреба, мора пред и по секоја употреба да се чисти со крпа со алкохол, а за отстранување на ДНК материјалите треба да се употреби хлорхексидин.

Секогаш кога е можно треба да се користи стерилен материјал за една употреба, кој се смета за компатибилен со ДНК доказите. Постојат производители кои снабдуваат со соодветни материјали ослободени од ДНК, во кои спаѓаат брисови и вода.

Сите брисови кои се користат за земање примероци треба однапред да бидат ослободени од ДНК препознатлив материјал, во спротивно може да дојде до добивање на погрешни резултати. Брисот со примерокот треба да биде поднесен во лабораторијата заедно со неупотребен контролен брис од истата серија. Брисовите кои се тестирани за присуство на ДНК и за кои е дефинирано дека се подобни за земање ДНК примероци се достапни во форензичките лаборатории. Контролните брисови се анализираат единствено ако е потребно испитување на пиковите од артефакти во ДНК профилот. Во зависност од ДНК нивото на примерокот најден на контролниот брис, може да не биде возможно соодветно да се интерперетира мешаниот профил добиен од контролниот брис.

Доколку е неопходно, брисот може да се навлажни со минимално количество дестилирана вода и притоа да се земе примерок од што помала површина од дамката. Дестилираната вода што се користи треба да биде тестирана за присуство на ДНК препознатлив материјал пред употребата. Доколку ова не е можно, лабораторијата мора да биде информирана за користењето на неиспитаната вода и примерок од неа мора да биде испратен на лабораториска анализа. Ова е неопходно бидејќи неиспитана вода или вода од каков било сад може да содржи ДНК препознатлив материјал што може да доведе до добивање погрешни резултати. Секогаш кога се користи вода при земање примерок, тој треба да се замрзне веднаш потоа, бидејќи ако не е замрзнат ќе дојде до брзо разградување на ДНК материјалот со што ќе се намалат шансите за добивање прецизен ДНК профил.

Осомничени и жртви

Треба да се избегнува каков и да е контакт меѓу контролните примероци и предмети кои им приаѓаат на осомничените или жртвите.

Секој што бил на местото на настанот или бил инволвиран во земањето примероци или пакувањето на контролните примероци, не смее да биде во контакт со осомничениот или неговата облека, пред или по присуствувањето на местото на настанот или за време на земањето на примероците и нивното пакување.

Осомничените, жртвите и нивните предмети мора да се чуваат на страна и не смее да им се дозволи да дојдат во заемен контакт (во полициската кола, собата за испитување, мртвачницата и др.) За време на транспортот мора да се обезбеди специјална прекривка, за една употреба, на која ќе седне осомничениот односно жртвата.

Просториите за испитување и мртвачниците треба да бидат под форензичка опсервација.

Транспорт и пакување

Сите предмети кои треба да се анализираат мораат да бидат спакувани, запечатени и означени во моментот кога се земени. Секогаш кога е можно амбалажата треба да биде донесена до предметот, а не обратно.

Садовите за пакување траба да имаат соодветна форма и големина со цел да се намали ризикот од негово оштетување.

Амбалажите и садовите не смеат да се користат повеќе пати. Доколку се покаже дека амбалажата или садот не одговара за големината и формата на предметот тоа не треба да

Page 14: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

14 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

се употреби за друг предмет. Предметот треба да се извади од амбалажата и амбалажата или садот да се спакуваат заедно со предметот со кој биле во контакт, во друг сад.

Амбалажите и садовите мораат да се запечатуваат безбедно, употребувајќи леплива лента за сите рабови; да не се употребуваат хевталици.

Откако ќе се запечати амбалажата или садот, не смее повторно да се отвора дури ни за потребите на распитот. Доколку е потребно последователно следење на предметот треба да се користат прозрачни ќеси или да се употреби полароиден фотоапарат за секој експонат и тие да се закачат на самото пакување.

Сите надворешни контејнери кои се користат за транспорт (кутии за ладење, сандаци, кутии и др.) треба да се исчистат пред и по секоја употреба (види Здравје и заштита, прв дел од прирачникот)

Контролните примероци никогаш не треба да се транспортираат во истиот надворешен контејнер со сомнителните предмети. Треба да се користат одделни надворешни контејнери за контролните примероци за секој осомничен и секоја жртва.

Доколку која било од горенаведените препораки не можат да бидат следени од кои било причини или доколку е познато дека дошло до загадување на материјалите, форензичката лабораторија мора да биде навреме информирана. По разговорот со службеникот на кого му се предаваат материјалите ќе биде направен разговор со форензичарот со цел да се добијат значајни информации во врска со предметите, со што ќе се установи дали тие треба да бидат примени или не. Доколку предметите бидат примени, тогаш сите добиени резултати треба да се земат предвид.

Полициска елиминациона база на податоци

Полициската елиминациона база на податоци која е во процес на создавање (PED) се користи за идентификација на полицискиот персонал и форензичките медицински истражувачи кои одат на местото на настанот, контактираат со осомничените или жртвите и ракуваат со предметите со што може ненамерно да остават сопствен ДНК материјал. Земањето примероци од службениците и форензичките медицинари е доброволно и се прави со писмена согласност на службеникот дека доброволно дава ДНК примерок за базата на податоци. Договорот се склучува пред примероците да бидат предадени. ДНК примероците се анализираат форензичарски и се предаваат во базата на податоци. Менаџерот на PED и дава сигурност дека податоците се сосема одвоени од оние во The DNA National Database. Форензичарските лаборатории имаат свои сопствени елиминациски бази на податоци за персоналот кој е инволвиран во испитување на ДНК примероци.

Според Бритаљнските закони ДНК профилите во елиминациските датабази не смеат да се задржуваат подолго од потребното. Имено кога некое лице ќе ја напушти работата во полоцијата, неговиот ДНК профил ќе биде тргнат од елиминациската датабаза. Пребарување на полициските датабази може да се направи само со специјално барање од релевантниот фактор (нпр. истражен судија) во случај да постои убедување дека е направено случајно префрлување на ДНК материјал на лице кое има ДНК профил во PED. Пребарувањето, пак, е ограничено на службени полициски лица.

Дополнителни информации за земање токсиколошки примероци од посмртни остатоци и земање материјали од живи субјекти има во глава 15.

Page 15: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 15

Page 16: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

16 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

3. Potrebni primeroci ■ - важен примерок (секогаш земи) + - може да притреба (земи за секој случај)

Тип прекршок ПРЕДМЕТ

НА ИСТРАГА

Потребен примерок

Тепачка

Осомничени за убиство

Возење под дејство на

дрога/алкохол

Оружен грабеж

Кражба

Облека/ хартија

Облека и парче хартија

■ ■ + +

Урина (сочувана) + + + + + Крв (EDTA) за ДНК анализа

■ ■ + +

Крв (презервирана) за злоупотреба на дрога/алкохол/

+ + ■ + +

Брис од пенис +

Анален брис -Екстерен -Интерен

+

Вагинален брис -Екстерен -Ниско интерен -Високо интерен

+

Цервикален брис, само 2 дена по прекршокот

+

Пубични влакна -Исчешлани за да бидат предадени - Искинати/Исечени

+ +

+ +

И Н Т И М Н И - Фрагменти. боја,

стакло и др.од рани - Брис од нос за остатоци од огнено оружје

+

+

+

+

+

+

Плунка + + + Брис од уста, не за ДНК датабази

+

- Примероци од коса/кожа за остатоци од огнено оружје

+ +

Коса за: -Исчешланани влакна -Боја, стакло и др. - Фибри

+

+

+

+

+ +

+ +

Коса Откорната/исечена + + + +

Примероци од нокти +

Траги од телесни течности на кожата + + +

Траги од козметика на кожата

+

Н Е И Н Т И М Н И

Вид медицинско испитување

+

Page 17: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 17

■ - важен примерок (секогаш земи) + - може да притреба (земи за секој случај)

Тип прекршок Силување Противприроден блуд

ПРЕДМЕТ

НА ИСТРАГА

Потребен примерок

Осомничен за труење/ дрогирање

Жртва жена

Осомн. маж

Жртва жена

Жртва маж

Осомн. маж

Облека/ хартија

Облека и парче хартија + ■ ■ ■ ■ ■

Урина (сочувана) ■ ■ ■ ■ ■ ■ Крв (EDTA) за ДНК анализа

■ ■ ■ ■ ■

Крв (презервирана) за злоупотреба на дрога/алкохол/

■ + + + + +

Брис од пенис ■ + ■

Анален брис -Екстерен -Интерен

■ ■

■ ■

+ +

Вагинален брис -Екстерен -Ниско интерен -Високо интерен

■ ■ ■

■ ■ ■

Цервикален брис, само 2 дена по прекршокот

+ +

Пубични влакна -Исчешлани за да бидат предадени - Искинати/Исечени

+

■ ■

+

+

■ ■

И Н Т И М Н И

- Остатоци од боја, стакло и др.од повреди - Брис од нос за остатоци од огнено оружје

+ + + + +

Плунка + + + + + Брис од уста, не за ДНК датабази

■ ■ ■ +

Примероци од коса/кожа. За остатоци од огнено оружје

Коса за: -Исчешланани влакна -Боја, стакло и др. - Фибри

+

+

+

+

+

+

+

+

+

+ Коса Откорната/исечена + + + + + +

Примероци од нокти + + + + + Траги од телесни течности на кожата

+ + + + +

Траги од козметика на кожата

+

Н Е И Н Т И М Н И

Вид медицинско испитување

■ ■ ■ ■ ■

Page 18: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

18 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

ЗАБЕЛЕШКИ ЗА ЗЕМАЊЕ ИНТИМНИ И НЕИНТИМНИ ПРИМЕРОЦИ Облека – Облеката треба да ја извади стручно овластено лице. Интимни примероци – крв, полови клетки и други видови ткива, течности, урина, плунка, пубични влакна или брис од човечко тело земен од која било друга, освен усната празнина:

може да направи само овластен лекар или медицинска сестра и доколку лицето е во затвор/притвор лицето има дадено писмена согласност и тоа е дозволено од страна на службеник кој има најмалку инспекторски ранг и има логична причина за сомневање дека лицето од кое се зема брис било вклучено во прекршок и верува дека примерокот ќе го докаже тоа или спротивното.

Или, лицето не е во затвор/притвор земени се најмалку два неинтимни примерока, за време на истрагата на истиот случај, но тие на се доволни (квантитативно или квалитативно) за анализите и

тоа е дозволено од страна на службеник кој има најмалку инспекторски ранк и има логична причина за сомневање дака лицето од кое се зема примерок било вклучено во прекршок и верува дека примерокот ќе го докаже тоа или спротивното.

Процесот на истражување на прекршок може да биде причина за изрекување казна притвор.

Неинтимни примероци – на пр., примероци од влакна, освен пубични влакна, вклучително со влакна со корен, примероци земени од нокти или под нокти, плунка и брисови земени од кој било дел од човечко тело со исклучок на сите, освен усната празнина.

Може да се земат со писмена согласност на лицето или

од страна на овластено лице, без писмена согласност, доколку лицето е информирано за причините поради кои се зема примерокот и сето тоа е извршено непосредно по неговото земање. и

доколку лицето е приведено, а истрагата нема неинтимни примероци од истиот тип за истото тело или полицијата има таков примерок, но тој не е доволен

или лицето е под надзор по барање на судот, и земањето на примерокот е дозволено од страна на службеник кој има најмалку инспекторски ранг и има логична причина за сомневање дека лицето од кое се зема брис било вклучено во прекршок и верува дека примерокот ќе го докаже тоа или спротивното. Лицето е информирано за природата на прекршокот, дозволата за земање примерок и за тоа кој ја издал неа или

лицето е осомничено за прекршокот или е информирано дека ќе биде пријавено за тој прекршок, доколку истрагата нема неинтимни примероци од лицето или доколку има но тие не се доволни.

Page 19: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 19

Галерија на амбалажи за форензичко пакување

Пластична туба (амбалажа за

шприц -инјекција)

Пластична кутија со навој

Конзерви (матална амбалажа за наоди од пожари)

Пластични туби-капсули

Кутии и ќеси со налепница

БИОХАЗАРД

Полиетиленска ќеса со отпечатена етикета

Мали пластични садови

Картонска кутија за оружје со

прозор

Картонска кутија за отпечаток

од обувки

Картонска кутија за мобилен

телефон

Картонска амбалажа за пушка

(со прозор)

Мобилен фрижидер

Книжни ќеси со испечатена етикета

Книжни ќеси со прозор

Фрижидер за чување крв

Page 20: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

20 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

Картонски кутии

Картонски туби (тутурутки)

Стаклени шишенца со капаче

на навој – ВИЈАЛИ

Ќеса за чекови и документи

Кофи за разни намени

Полиетиленски ќеси

Стаклени тегли со капаче на навој

Пластични кутии

Разладни медиуми за

фрижидер

Цеваст сад за сваб за универзален брис

Ампули за четкаст сваб за

ДНК брис

Вреќа за мртво тело

(кадавер)

Page 21: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 21

Page 22: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

22 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

4. [emi za ~uvuvawe Забелешка: Ова е само препорака. За подетални информации осврнете се кон индивидуалниот дел од прирачникот особено кога примероците и условите се необични. Техниките за профилирање на ДНК кои се корисат во моментов се исклучително осетливи. Препораките за избегнување на загадување на доказите мора да се почитуваат Мора да се избегнуваат секакви контакти меѓу контролни материјали и индивидуална облека. Да се обрне внимание на следниве мерки на претпазливост:

да се осигури дека никој што доаѓа на местото на настанот и учествува во пакувањето на примероците немал контакт со осомничените или нивната облека;

треба да се избегнува еден инспектор да поседува облека од осомничениот и од жртвата;

осомничените, жртвите и нивните предмети мора да се чуваат на страна едни од други и не смее да им се дозволи да дојдат во заемен контакт во полициската кола, собата за испитување, мртвачницата, форензичката лабораторија, полициската станица и др;

инспекторот не треба да испитува лични предмети па потоа да работи со лица или предмети кои се поврзани за личните предмети;

сите примероци треба да бидат спакувани и запечатени веднаш откако ќе бидат земени;

контролните примероци не треба да се пакуваат заедно со предметите земени од осомничениот. Да се користат одделни пакувања за облеката на повеќе осомничени и жртви;

доколку се замрзнува, контејнерите да не се перполнуваат зашто може да се оштетат од процесот на замрзнување.

Напомена: Доколку која било од горенаведените препораки не е или не може да биде почитувана од кои било причини или доколку е познато дека дошло до загадување на материјалите, форензичката лабораторија мора да биде информирана .

Page 23: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 23

ПРИМЕРОК

КОНТЕЈНЕР

ЧУВАЊЕ

КОМЕНТАР

Супстанции што испаруваат

Мора да биде во најлонска ќеса, заврзана и запечатена на врвот со лебедов врат

Суво место Да се обрне внимание на десеттиот дел од прирачникот – Испитување на пожар.

Крв Презервирана за алкохол, карбон моноксид, испарувачки супстанции и лекови.

Контејнер со флуоридна заштита и антикоагуланс на пр. RTA тип на виал со преграда.

Фрижидер или замрзнувач.

Да не се користи стаклен болнички флуорид/оксалатен контејнер, тој може да има недовлно презерватив. Садот да не се полни сосема, може да се оштети при замрзнување.За испитување на алкохол, крвта мора да биде презервирана.

Крв Презервирана за ДНК

Пластичен сад 30 ml стерилин или ЕDTA виал.

Фрижидер. Доколку треба да стои подолго време да се замрзне.

Да не се користи стаклен болнички флуорид/оксалатен контејнер тој може да има недоволно презерватив. Садот да не се полни сосема, може да се оштети при замрзнување. Овој примерок може да се замени со букален брис соодветно спакуван во сад достапен од соодветен производител

Крв Непрезервирана за лекови и дрога

Сад со антикоагулант на пр. ЕDTA.

Фрижидер или замрзнувач.

Анализа за присуство на лекови и дрога може да се прави со презервирана и со непрезервирана крв. Садот да не се полни сосема, може да се оштети при замрзнување.

Крв Од местото на настанот

Различни типови брис и друго соодветно земање на ваков примерок.

Фрижидер или замрзнувач.

Да се обрне внимание на петтиот дел од прирачникот – Примероци од тело.

Делови од коски и коскена срцевина презервирани за ДНК

150 ml стерилна тегла со капак или 30 ml стерилин.

Замрзнувач.

Кога телото е многу оштетено, да не се користат фиксативи или заштитни средства.

Листови од канабис

Кафен хартиен плик или кафена хартиена ќеса.

Ладно и суво место.

Да се перфорира пликот или ќесата со дупчалка за да се спречи деградација.

Канабис (растение)

Кафена хартиена ќеса или торба, една за едно растение.

Ладно и суво место.

Да не се полева и да не се кинат листови од растението по конфискацијата. Да се зачуваат корените, а земјата да се отстрани.

Page 24: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

24 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

ПРИМЕРОК

КОНТЕЈНЕР

ЧУВАЊЕ

КОМЕНТАР

Отпушоци

Соодветен стерилен цврст сад, како епрувета од брис (со стапче и памучен завршок)

Ладно и суво место или замрзнувач ако е мокар.

Кондоми

Соодветен стерилен цврст пластичен сад

Замрзнувач

Крајот на кондомот треба да биде запечатен со затварач за замрзнување достапен од соодветен производител, без разлика на видливата содржина. Ова е подобро од врзување чвор зашто така може полесно да се остават отпечатоци од прсти на надворешната страна.

Влажни и мокри предмети нпр. облека и постела

Предметите треба да се исушат. Ако тоа не е можно, да се стават во полиетиленска ќеса и да се замрзнат, во спротивно ќе мувлосаат. Чевлите веднаш да се стават во полиетиленска ќеса и да се замрзнат, инаку ќе мувлосаат.

Сушењето да не се забрзува со топлина. Влажните или мокрите предмети треба да се сушат по природен пат во безбедно опкружување на пр. кабинет за сушење. Мора да се внимава да не дојде до загадување и да се почитуваат правилата за здравје и заштита. Ако предметите не може да се исушат да се извести форензичката лабораторија и тие да се достават во полиетиленски ќеси.

Суви предмети на пр. облека и постела

Кафена хартиена ќеса со соодветна големина. Два пати превиткана на врвот и запечатена од сите страни со леплива лента. Да не се ставаат чевли во полиетиленска ќеса може да мувлосаат.

Суво и ладно место.

Позицијата и правецот да бидат прецизно обележани со ознаки на пр. постела.

Длабоко мускулно ткиво презервирано за ДНК

30 ml стерилин

Замрзнувач Анализа за присуство на лекови или дрога може да се прави со презервирана и со непрезервирана крв. Садот да не се полни сосема, може да се оштети при замрзнување.

Page 25: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 25

ПРИМЕРОК

КОНТЕЈНЕР

ЧУВАЊЕ

КОМЕНТАР Сад за пиење

Соодветен стерилен сад, а најчесто запечатена полиетиленска ќеса.

Замрзнувач.

Предметите што содржат течност да се чуваат во исправена позиција и доколку е можно во оригиналниот сад. Ако тоа не е доволно безбедно течноста да се претури во стерилен пластичен сад кој може да се запечати и тоа да се предаде заедно со оригиналниот сад. Секоја претурена течност да се замрзне или да се чува на ладно место. Газираните алкохолни пијалаци можат да предизвикаат разградување на ДНК. Се зема брис за ДНК пред да се спакува садот.

Примероци од влакна

Да се запечати во полиетиленска ќеса секој одделно.

Суво место Да се осигури дека на секој примерок е означена локацијата од каде доаѓа.

Дел од нокт

Да се користи запечатена грицкалка врз претходно поставена хартиена кутија. Да се запечати во полиетиленска ќеса или стреилен пластичен сад.

Да се стави во заштитна ќеса и да се замрзне

Заради сензитивноста на ДНК техниките имањето делче како доказ е подобро од брис. Доколку ноктите се кратки за сечење, земете брис од остатоците со соодветен инструмент.

Вид храна или остатоци од храна, нпр. гума за џвакање

Да се стави во стерилен пластичен сад и да се замрзне.

Да не се користи стаклен болнички флуорид/оксалатен контејнер тој може да има недоволна заштита. Садот да не се полни сосема, може да се оштети при замрзнување.

Примероци од стакло

Цврста картонска кутија затворена на краевите. Додатна заштита: запечатена налонска ќеса.

Суво место

Да се земат примероци од какви било остатоци на стакло вклучително со рамката за прозорците ако е тоа можно и на неа да се обележи која е горната страна.

Коса

Да са земе и чешелот во запечатена полиетиленска ќеса. Да се осигури дека чешлањето се случило врз големо парче хартија

Ладно и суво место

Истите правила како за контролните примероци така и за материјалот добиен со чешлање. Да не се користат материјалите добиени со чешлањето како контролни примероци. Да се исече или да се земе брис од контролниот простор. Да се тргнат сите големи парчиња од туѓ материјал и да се стават во вијали со капак. Да се земе примерок од главата со употреба на ниско леплива лента или да се исчешла косата со чешел доколку на главата има некој предмет. Да се исече примерок од 10 до 20 влакна до коренот. Влакна чии корени се гледаат мораат да бидат спакувани во полиетиленски ќеси, а не во претходно подготвена хартиена кутија. Доколку се употребат ножици и тие да се поднесат.

Page 26: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

26 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

ПРИМЕРОК

КОНТЕЈНЕР

ЧУВАЊЕ

КОМЕНТАР Течна сперма

Различни типови брис и друго соодветно земање на ваков примерок.

Замрзнувач.

Обрнете внимание на петтиот дел од прирачникот – Примероци од тело.

Црн дроб за дрога

Брис со капаче на пр. бела пластична туба.

Фрижидер или замрзнувач.

Од прилика 50-100gms

Бели дробови За испарливи супстанции.

Брис со капаче на пр. бела пластична туба. Кога има присуство на испарливи супстанции да се смести во запечатена најлонска ќеса, во затворен контејнер.

Фрижидер или замрзнувач.

Овој примерок може да биде корисен во случај на употреба на испарлив материјал на пр. вдишување лепило.

Различни траги Влажен или мокар остаток

Најдобро е пакување во оригиналниот контејнер. Друг соодветно голем пластичен контејнер

Запечатено во полиетиленска ќеса. Суво место

Да не се забрзува сушењето. Да се обрне внимание на делот тринаесет од прирачникот.

Траги Сув остаток на пр. метали, градежни материјали

Хартиена кутија однапред подготвена како за медицински прашоци.

Запечатено во полиетиленска ќеса. Суво место

Да се обрне внимание на тринаесеттиот дел од прирачникот – различни типови на траги.

Други лекови или дрога

Во најголем дел од случаите да се користат заштитни доказни ќеси.

Ладно и суво место. Острите и кршливите предмети да се стават во заштитна доказна ќеса, а потоа во поцврст робусен контејнер.

Боја

Хартиена кутија однапред наполнета како за медицински прашоци.

Запечатена во полиетиленска ќеса. Суво место.

Истите правила како за контролните примероци така и за бојата.

Пубични влакна

Вклучително и чешелот

Да се запечати во полиетиленска ќеса. Суво место.

Истите правила како за контролните примероци така и за исчешланата коса. Примерокот добиен со чешлање да не се користи како контролен. Да се исечат заплетканите пубични влакна и да се спакуваат одделно. Да се исечат влакната или да се земе брис од релевантни области. Да се исчешла косата, а остатоците да се соберат на хартија. Влакна чии корени се гледаат мораат да бидат спакувани во полиетиленски ќеси, а не во претходно подготвена хартиена кутија.

Page 27: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 27

ПРИМЕРОК

КОНТЕЈНЕР

ЧУВАЊЕ

КОМЕНТАР

Санитарни предмети Тампони, марамчиња и влошки

Запечатена полиетиленска ќеса. Доколку примерокот е сув, може да се употреби хартиена ќеса.

Да се замрзне. Ладно и суво место.

Ако не се замрзнати овие предмети да не се ставаат во полиетиленски ќеси. Да се избегнува ставање хартиени ќеси во замрзнувач зашто може да се навлажнат/намократ и да се скинат. Scenesafe обезбедува соодветни заштитни цврсти контејнери за докажување за сместување и складирање на вакви предмети.

Предмети што се употребуваат при изведување на непристојни напади на пр. ботелнек, дилдо и др. Кои се ставаат во интимните отвори.

Секој од предметите да се стави во одделен, соодветен сад. Да се чува на ладно и суво место.

Во вакви ситуации може да се побараат интимни брисови. Обрнете внимание на делот 5 – Вагинални, анални или орални брисови.

Стомак и содржини За дрога

Брис со капаче, на пр. бела пластична туба.

Фрижидер или замрзнувач.

Да се вклучи целата содржина.

Неупотребени брисови

Доколку брисовите се поднесат како неупотребени/неотворени секогаш треба да бидат заштитени.

Брисови

Оригинални стерилни цевки за брис.

Замрзнувач Ако е потребно да се навлажнат брисовите, да се користи стерилна вода. Да не се суши на воздух. Да се поднесе стерилната вода исто така.

Долна облека

Кафена хартиена ќеса со соодветна големина. Два пати превиткана на врвот и затворена од сите страни со леплива лента. Да не се ставаат или запечатуваат влажни или мокри предмети во хартиени ќеси. Да не се чуваат влажни или мокри предмети во полиетиленски ќеси без да бидат замрзнати.

Малите предмети може да се замрзнат.

Влажна или мокра долна облека да се смести во полиетиленска ќеса и веднаш да се замрзне. Да се избегнува ставање хартиени ќеси во замрзнувач зашто може да се навлажнат/намократ и да се скинат.

Page 28: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

28 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

ПРИМЕРОК

КОНТЕЈНЕР

ЧУВАЊЕ

КОМЕНТАР

Урина Презервирана за лекови, дрога и алкохол

Контејнер со флуоридна заштита на пр. RTA тип вијал. Со преграда 30 ml RTA со универзална заштита.

Фрижидер или замрзнувач

Урината се става во сад за собирање, а потоа, од прилика 20 ml од неа се претураат во специјален сад за урина (да се наполни до каде што е обележано, да не се преполнува). Да се заврти капачето наколку пати и да се стегне силно. (Да не се трга заштитната преграда). Да не се користи болнички флуорид/оксалатен контејнер може да нема доволно презерватив. За анализирање на присуство на алкохол, урината мора да се презервира. Садот да не се полни сосема, може да се оштети при замрзнување. Примероците треба да се соберат најбрзо што може. Scenesafe има достапна направа за рано евидентирање.

Непрезервирана урина За лекови и дрога

Универзален 30 ml стерилен празен универзален конејнер или сад со капаче на завртување.

Фрижидер или замрзнувач.

Доколку примерокот не е презервиран тоа треба да му се каже на форензичарот. Анализа за присуство на дрога може да се прави со презервирана и со непрезервирана урина. Садот да не се полни сосема, може да се оштети при замрзнување.

Стаклесто тело од окото Презервирано за алкохол и дрога.

Амбалажа со флуоридна заштита и презерватив на пр. RTA тип вијал со преграда.

Фрижидер или замрзнувач

За распаднати или изгорени тела.

Page 29: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 29

Page 30: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

30 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

5. Telesni primeroci Овој дел објаснува ракување со следниве случаи: испитување биолошки примероци за кои може да биде потребна ДНК анализа. За случаи во кои спаѓа: Биолошки примероци за алкохол, лекови, дрога или анализа на отрови. Да се обрне внимание на петнаесеттиот дел од прирачникот – Токсикологија. Внимание! Ракување со телесни течности може да доведе до нарушување на здравјето. Предложените совети мора стриктно да се почитуваат при ракување и транспортирање на биолошки материјали. Да се обрне внимание на првиот дел од прирачникок за дополнителни информации. Препораки за собирање примероци Форензиката препорачува употреба на медицинска истражувачка опрема особено за сексуални прекршоци кога се потребни примероци од крв, полови клетки и/или плунка. Оваа опрема е достапна од Scenesafe и е погодна за испитување на осомничени и тужители и нуди совети за земање на примерокот и амбалажата на материјалот. Формуларот кој го има во опремата, мора да се пополни за секое лице од кое е земен примерок.

Материјал за испитување

Земање примерок Чување

1. Контролни примероци. За криминалната истрага поднесена до форензиката најмногу одговараат букални брисови. Да се соберат со соодветна ДНК опрема која е достапна од Scenesafe или е дел од медицинската истражувачка опрема. Ако ова не е можно да се земе искината коса.

1.1 Крв Да се земат два примерока од 4ml крв во пластичен (антикоагулантен) сад. EDTA. Соодветен шприц е достапен во форензичката лабораторија. Замрзнати примероци се користат за профилирање на ДНК.

Да се стави во фрижидер или да се замрзне. Овој примерок може да се замени со букален брис соодветно спакуван во сад достапен од Scenesafe.

Треба да се извести КРИМ доколку лицето имало трансфузија на крв во минатите три месеци. Да се запамети дека букален брис и примерок од влакно е доволен.

Page 31: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 31

Материјал за испитување

Земање примерок Чување

1.2 Брис од уста За поднесување во

Националната ДНК база на податоци или доказен

примерок (од форензиката достапна е опрема за обете

цели)

Да се загребе во внатрешноста на образот 4-5 пати со запчениот крај за да се соберат клетки од ткивото на устата. Да се земат два стерилни бриса од секој

образ. Да се стават во соодветно означена туба.

Да се замрзне најбрзо што е можно.

1.3 Влакна (за ДНК цели) Да се обрне внимание на

деветтиот дел од прирачникот – Влакна, коса и крзно и на петнаесеттиот

дел - Токсикологија

Најмалку 10 искубани влакна од

коса со видлив корен.

Да се чува на суво место и на собна температура.

За анализа на митохондријална ДНК се претпочита брис од уста, контролен примерок од коса создава дополнители трошоци.

1.4 Плунка Само контролен

примерок. Доколку има присуство на

полови клетки или сл. потребно е тие да се соберат онака како што е опишано во

делот 2.3.

Донорот треба да ја измие устата пред земањето на примерокот. Да се собере приближно 10mls (мала лажичка) плунка од донорот.

Да се стави во 25ml стерилно, универзално шише со широк отвор и капаче на завртување. Да не се користи стакло. Да се стави ознака со името на донорот и датумот кога е земен примерокот. Да се замрзне најбрзо што може.

1.5 Посмртни примероци

Примерок крв од покоен е проблематичен. Потребно е да се земат ткивни примероци како psoas мускул и коскена срцевина. Длабоко мускулно ткиво и коскена срцевина можат да обезбедат ДНК податоци од значително распаднати тела.

Примероци од ткива треба да се замрзнат во соодветни, запечатени, стерилни, пластични садови. Да не се ставаат ткивата во фиксативи или презервативи.

Примероците кои треба да се достават до националната ДНК база на податоци мораат да бидат земени со опрема за земање примероци. Се претпочита брис од уста, но доволен е и примерок од влакно/коса.

2. Примероци за докажување.

2.1 Крв

Кога е можно предметите треба во целост да се достават до форензиката.

2.2 Крв на фиксирани предмети.

Течна крв

Да се земе примерок со стерилна пипета со балон или шприц, ако крвта е делумно згрутчена да се земе со стерилна лента за една употреба.

Суво, стерилно шише (универзален тип) со капаче на завртување. Да се замрзне најбрзо што може.

Page 32: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

32 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

Материјал за испитување

Земање примерок Чување

Влажни дамки од крв.

Дамката да се исуши по природен пат. Да не се суши вештачки. Да се избегнува зборување во близина на предметот додека се суши. При поднесување, во формуларот да се назначи дека некоја од дамките била мокра во моментот на земање. Ако некоја од дамките е мокра во моментот на предавање, да се извести сервисот за клиенти. Доколку не е потребна анализа на примерок од крв се претпочита собирање на дамката со сув и стерилен брис. Да се земе конролен брис од незагадената околина.

Секој од предметите да се стави во посебен , соодветен и добро запечатен контејнер на пр. запечатена полиетиленска ќеса, цврста хартиена ќеса, картонска кутија и др. Да се чува на ладно и суво место Да се избегнува употреба на полиетиленски ќеси, освен ако предметот треба да се замрзне или е мокар, што, исто така, значи дека треба да се замрзне или да се транспортира до форензиката најбрзо што може. Да се вратат брисовите во соодветните епрувети/туби и да се запечатат. Да се замрзне најбрзо што е можно.

Сува крв (Голема количина)

Доколку е можно да се користи стерилно сечило за една употреба. Да се отсече површината на која е дамката (весник, ткаенина, иверка и др.) Да се остави незагадена површина од 2-3cm околу дамката. Незагадениот дел од површината треба да се земе како контролен прмерок. Контролниот примерок да се достави во посебна амбалажа.

Или Да се изгребе сува крв на парче хартија со помош на стерилно сечило за една употреба.

Секој од предметите да се стави во посебен , соодветен и добро запечатен сад на пр. запечатена полиетиленска ќеса, цврста хартиена ќеса, картонска кутија и др. Да се чува на ладно и суво место Да се избегнува употреба на политенски ќеси, освен ако предметот не треба да се замрзне или е мокар што исто така значи дека треба да се замрзне или да се транспортира до форензиката најбрзо што може. Да се вратат брисовите во соодветните епрувети/туби и да се запечатат. Да се замрзне најбрзо што е може.

Сува крв (Помали количини )

Малку да се навлажни врвот на стерилниот брис со стерилна вода. Да се земе брис од дамката така што од најмала можна површина од брисот ќе се земе најголема можна количина од дамката. За мали дамки да се користат мали брисови.

Да се вратат брисовите во соодветните епрувети/туби и да се запечатат. Да се замрзне најбрзо што е може.

Page 33: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 33

Материјал за испитување

Земање примерок Чување

Сува крв (помали количини)

Продолжува

Пред да се земе примерокот треба да се направи контролен примерок од површината, во близина на крвта, која не е во допир со неа.

Крв на подвижни предмети на пр.

облека, постела и др.

Ако е можно, да се поднесе целиот материјал.

Ако дамката е уште влажна, да се остави да се исуши природно. Да не се суши по вештачки пат и да се внимава да не дојде до загадување.

Може да се склучи договор за поднесување на големи предмети или за правење испитување на местото на настанот или во

полициска станица.

Да се назначи позицијата и поставеноста на предметите, тоа може да биде релевантно во

процесот на научното истражување и преведување на пр.

поставеност на постелата.

Поставеноста на облеката на лицето на пр. наопаку, ова мора да

се провери пред лицето да ја соблече облеката.

Сувите предмети треба да се достават одделно спакувани во

ќеси или торби.

Амбалажата да се превитка два пати на врвот и да се запечати. Да се чува на ладно и суво место. Секоја голема или влажна дамка треба да се покрие кога се ставаат

предметите во амбалажите.

Мора да се внимава да не дојде до загадување или губење на докази. Доколку предметите не

може да се исушат, да се извести лабораторијата и веднаш да се достават

предметите во полиетиленски ќеси.

Доколку предметите не може да се исушат ниту да се достават

до лабораторијата, да се спакуваат во полиетиленски

ќеси и да се замрзнат.

Никогаш да не се ставаат влажни или мокри предмети во полиетиленски ќеси на собна

температура.

Примероците од местото на настанот и контролните примероци треба да се достават до форензичарската лабораторија најбрзо што може. Ако задоцнувањето е неизбежно, примероците да се стават во длабоко замрзнување. 2.2 Полови клетки

Сперма

Кога е можно, да се поднесе целиот материјал.

Ако дамката е уште мокра, да се остави да се исуши природно.Да не се суши по вештачки пат и да се избегнува зборување во нејзина

близина.

При поднесување, во истражувачкиот медицински формулар да се назначи дека

некоја од дамките била мокра во моментот на земање примероци.

Сувите предмети треба да се пакуваат одвоено во запечатени хартиени ќеси. Да се избегнува употреба на полиетиленски ќеси освен ако не е потребно

замрзнување.

Облека и слични предмети да се чуваат на ладно и суво место.

Мали предмети како тампони, марамчиња, гаќи и др. треба да се замрзнат секогаш кога е

можно.

Page 34: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

34 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

Материјал за испитување

Земање примерок Чување

Вагинални, анални или

орални брисови

За да се обезбеди најголема можна количина од спермата, да се земат неколку стерилни брисови од сите делови со исклучок на аналниот канал и ректумот – Да се обрне внимание на препораките

за опремата за медицинско испитување.

Да се означуваат брисовите по редоследот на земање и прецизната локација каде се направени.

Орални брисови треба да се прават најбрзо што може. Опремата за рано откривање достапна од

Scenesafe има соодветни брисови.

Да се вратат брисовите во соодветните

епрувети/туби и да се запечатат. Да се

замрзне најбрзо што е можно.

Брисови од пенис. Брисот треба да се навлажне со стерилна вода пред да се земе примерокот.

Да се означуваат брисовите по редоследот на земање и прецизната локација каде се направени.

Обрнете внимание на препораките за опремата за медицинско испитување достапна од Scenesafe

Да се вратат брисовите во соодветните

епрувети/туби и да се запечатат. Да се

замрзне најбрзо што е можно.

Сперма во течна состојба

Спермата во течна состојба треба да се собере во стерилен контејнер или со употреба на стерилен брис. Доколку е потребно, брисот да се навлажни

со стерилна вода.

Кондомите треба да се затвораат со клип и да се држат со пинцета.

Можно е да се најдат материјали на надворешната страна од кондомот на пр. плунка, вагинален материјал, крв, фецес. Исто така е возможно

наоѓање отпечатоци на надворешната страна од кондомот.

Доколку кондомот е потопен во вода на пр. тоалетна школка, да се извади со пинцета. Да не се истура течноста, туку да се запечати и за дополнителна заштита да се стави во цврст

контејнер.

Форензичарите не можат да присуствуваат на местото на силувањето. Постои процес со помош на кој просторот за кој станува збор се третира со

хемиски маркери za откриваwe сперма

Да се замрзне најбрзо што може во

стерилен, цврст сад.

Сперма содржана во желудник

Да се вклучи целиот материјал.

Течната или сува повратена содржина треба да се чува за идентификација на сперма и тестирање за

присуство на лекови и дрога.

Исушени дамки – да се поднесат во целост или да се исече просторот каде има дамка. Последно

решение, да се земе брис.

Течна дамка – да се изгребе од површината со ацетатна хартија. Последно решение, да се земе

брис.

Да се замрзне најбрзо што може во

стерилен, цврст сад.

Да се чуваат дамките откако добро ќе се исушат. Да се

замрзнат брисовите, да се стават во цврст сад и да се замрзнат.

Да се избегнува замрзнување – одмрзнување – замрзнување на сите телесни течности.

Page 35: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 35

Материјал за испитување

Земање примерок Чување

2.3 Плунка Течна плунка (За докажување присуство на сперма или други доказни материјали)

Да не му се дозволува на донорот да ја мие устата додека не е подготвен за земење примерок. Да се соберат 10 ml (приближно мала лажичка) од плунката од донорот. Земање испирок од устата, брис од околината на забите и непцата може да помогне за докажување на присуство туѓа течност. Да се обрне внимание на препораките за опремата за медицинско испитување.

Да се стави во 25 ml стерилно, универзално шише со широк отвор и капаче на завртување. Да не се користи стакло. Да се стави ознака со името на донорот и датумот кога е земен примерокот. Да се замрзне најбрзо што може. Примероците и брисовите да се замрзнат најбрзо што може.

Дамки од плунка

Ако е можно, да се поднесе целиот материјал. Да се исуши по природен пат пред да биде спакуван. Да не се суши по вештачки пат. Да не се зборува во близина на предметот за да не се загади. Доколку има дамки на телото (бакнежи, загризи) и доколку местото е видливо мокро, да се земе примерок со сув, стерилен брис. Доколку местото е суво, да се направи двојна техника на земање брис – да се прават нежни кружни движења на сувото место со навлажнет брис и истото тоа да се повтори со сув брис. Овој метод може да се корити кога има отпечатоци, повреди и сл. надворешни напади. Да се стави ознака со датумот и точната локација кога е земен брисот.

Малите предмети треба да се замрзнат. Големите предмети треба да се спакуваат одделно во хартиени ќеси и да се сместат на ладно и суво место. Да се вратат брисовите во соодветните епрувети/туби и да се запечатат. Да се замрзне најбрзо што може.

Page 36: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

36 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

Материјал за испитување

Земање примерок Чување

Отпушоци Доколку отпушокот е најден на приватен имот/возило тој може да биде проблематичен (на пр. прегазен со чевел). Да се стави во цврст сад.

Сосема сув отпушок треба да се спакува во полиетиленска ќеса, хартиена ќеса или плик. Да се чува на ладно и суво место. Мокар или отпушок кој е пушен пред кратко време да се запечати и да се замрзне.

Пликви/ марки Со стерилен скалпел за една употреба; да се извадат марките, затворачите за пликови и сите други предмети на кои може да има ДНК материјал.

Да се спакуваат одделно во полиетиленска ќеса, хартиена ќеса или плик. Да се чуваат на ладно и суво место.

Садови за пиење Да се достават течностите и садовите ако е можно. Да се направи алтернативен брис од работ на садот за пиење.

Предметите што содржат течност да се држат во исправена позиција и доколку е можно во оригиналниот контејнер. Ако тоа не е доволно безбедно течноста да се претури во стерилен пластичен контејнер што може да се запечати и тоа да се предаде заедно со оригиналниот контејнер. Да се замрзнат сите претурени течности, во спротивно треба да се чуваат на ладно и суво место. Да се вратат брисовите во соодветните епрувети/туби и да се запечатат. Да се замрзне најбрзо што може.

Храна (на пр. гума за џвакање)

Да се стави во стерилен пластичен контејнер и да се замрзне.

2.4 Влакна/коса Кога е можно, да се поднесе целиот материјал за да може влакната да се употребат како контролен примерок. Расфрлените влакна треба да се собираат одделно, освен кога станува збор за очигледен прамен.

Да се чуваат на ладно и суво место, освен кога има други телесни течности кои мора да се замрзнат. Да се запечати во полиетиленска ќеса. Алтернативно може да се стави во вијал со капаче на завртување. Да се чува на ладно и суво место. Влакна на кои има видливи корени мора да се спакуваат во полиетиленска ќеса во хартиена кутија која не е претходно подготвена.

Page 37: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 37

Материјал за испитување

Земање примерок Чување

2.5 Фецес

Ако е можно, да се поднесе целиот материјал, иако и дамки на облека можат да

бидат корисни.

Дамките на потопени предмети мора да се отсечат од површината со стерилен скалпел за една употреба, оставајќи незагадена површина од 2-3 cm

наоколу.

Големите дамки треба да се изгребат со стерилен

скалпел за една употреба. Во спротивно може да се земе брис од дамките со стерилен

брис. Да се користи стерилна вода кога има потреба од влажнење на брисот и да не се заборава

земање контролен примерок. Во случај на присуство на дрога, треба да се поднесе

целиот материјал.

Да се стави фецесот во соодветен, стерилен, цврст сад.

Да се вратат брисовите во

соодветните епрувети/туби и да се запечатат. Да се замрзне

најбрзо што може.

Брисовите што поминале низ телото да се стават во

пластичен, стерилен сад.

Сиот фецес, и брисовите треба да се замрзнат најбрзо што

може.

3. Други предмети

3.1 Длабоки мускули/остатоци од коски вклучително со коскена

срцевина (или фемур ако е можно)

Ако примероците од крв од умрениот се покажат како проблематични, треба да се земат ткивни примероци,

како psoas мускул и коскена срцевина кои можат да

помогнат во дефинирањето на ДНК кај значително

оштетени тела.

Примероците од ткива треба да се замрзнат во соодветни, запечатени, стерилни

контејнери.

Да не се ставаат ткивата во фиксативи или презервативи.

3.2 Коски/ заби Ако е можно да се поднесат барем два заба.

Да се запечатат предметите во стерилни, цврсти пластични контејнери и да се замрзнат

најбрзо што може.

3.3 Остатоци од нокти Како резултат на

сензитивноста на ДНК техниките се претпочитаат исечоци од нокти наместо

брисови.

Ако тоа не е можно да се загребе под ноктот користејќи соодветен инструмент за таа цел.

Да се спакува во стерилен пластичен контејнер. Исечоците треба да се земаат со стерилни и

чисти ножици (како што е опишано во делот за контаминација).

Да се чува на ладно и суво место. Ако има крв, да се замрзне најбрзо што може.

Page 38: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

38 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

Тип на изложен

материјал Земање примерок Чување

3.4 Тестирање на татковство.

(1) Кога лицето е живо на пр. криминално

татковство, имиграциски случаи.

Букален брис и за децата и за возрасните роднини. Да се

назначи на формуларот врската меѓу детето и возрасните

роднини.

Замрзнувач

3.4 Тестирање на татковство (2) Абортус

а) Кога абортусот се случил пред 12та седмица од

бременоста, да се дојде до сите остатоци од бременоста

б) Кога абортусот е по 12та седмица од бременоста, да се земе ткиво од абортираниот фетус, се претпочита длабоко

мускулно ткиво.

а) Да се употреби нов, водонепропустлив, пластичен

контејнер со капаче на завртување. Да се замрзне. Да не се користи формалин или каков било друг презерватив.

б) Да се употреби нов, водонепропустлив, пластичен сад со капаче на завртување. Да се замрзне. Да не се користи формалин или каков било друг

презерватив.

3.4 Тестирање на татковство

(3) Идентификување на тело.

Да се земе посмртен брис од ткиво. Ако телото е значително

распаднато, да се земе примерок од коски и да се консултира форензичарот за

совет ако е потребно.

Да се замрзне во соодветен пластичен контејнер. Да не се користи формалин или каков

било друг презерватив.

3.5 Назална секрезија Може да се добие ДНК

резултат од назална секреција на ткаенина или облека.

Сувите предмети да се стават во кафени хартиени ќеси или торби. Да се чува на ладно и

суво место. Мокрите и влажните предмети треба да се замрзнат во полиетиленски

ќеси. 3.6 Тоалетна хартија, На пр. во сексуален напад во случај по нападот да бил

искористен тоалетот.

Да се смести во цврст сад и да се замрзне.

Во случај на сексуален прекршок, кога има потреба од референтен ДНК примерок, може да се земе букален брис и од осомничениот и од жртвата. Треба да се земе контролен брис од кој и да било друг маж кој во последно време имал однос со жртвата, пред да се случи сексуалниот прекршок. Телесни течности (крв, полови клетки, плунка и др) се уништуваат доколку се спакуваni мокри или во течна форма на собна температура. Замрзнување се препорачува за најголем дел од примероците. Да се обрне внимание на индивидуалниот дел погоре.

Page 39: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 39

ДНК (DNA) Човечкото тело е изградено од милиони клетки. Клетките се изградени од многу делови меѓу кои се ЈАДРОТО и МИТОХОНДРИИТЕ. Во нив има ДНК (Деоксирибонуклеинска киселина) иако градбата и функцијата на двата типа ДНК се разликува. ДНК која се наоѓа во јадрото е одговорна за физичките разлики меѓу поединците и освен за еднојајчени близнаци, таа е единствена. Преку анализите за структуралните разлики во ДНК може да се создаде ДНК профил кој има можност да идентификува одредено лице со голема сигурност. Методот за анализирање на овој тип ДНК што се користи моментално се вика STR (Short Tandem Repeat) профилирање. Ова е метод што сега го користи националната ДНК база на податоци. ДНК пронајдена во јадрото на секој поединец е наследство од родителите, приближно половина од секој родител. Од оваа причина, профилирањето на ДНК може да се користи за детерминирање на татковство во случаи на цивилни парници, инцестни врски или случаи на силување. Митохондријалната ДНК анализа користи две техники за анализа на различните типови ДНК пронајдени во митохондриите. Иако овој тип анализа нема иста моќ како STR профилирањето, тој е многу сензитивен. Може да се користи за анализа на непогодни примероци кои се несоодветни за анализирање со јадрената ДНК техника. Митохонтријалната ДНК особено е присутна во влакното што овозможува негово анализирање во отсуство на корен. За разлика од јадрената, митохондријалната ДНК се наследува единствено од мајката што значи дека сите предци од стеблото на мајката ја имаат истата митохондријална ДНК. Во иднина оваа карактеристика на ДНК може да се користи за идентификување на тела или делови од тела кои не може да се анализираат со STR профилирање. Резултатите од анализите на митохондријалната ДНК се некомпатибилни со STR профилирањето па затоа не може да се користат во истражувањата на националната ДНК база на податоци. Забелешка Моменталните техники за профилирање на ДНК се многу сензитивни. Процедурите за избегнување на загадување мора строго да се почитуваат.

Page 40: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

40 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

6. Dokumenti При прибирањето и при пакување на документи за испитување мора многу да се внимава да не се остават несакани отпечатоци или други знаци. Секогаш кога е можно, документите за испитување да се достават пред да се земе отпечаток од подносителот. Примероците можат да се достават до форензиката лично или да се пратат препорачано по пошта. Никогаш да не се доставуваат документите преку обична пошта.

Форензичарската лабораторија може да даде совет за испорачување на големи предмети со цел да се смали цената на истражувањето. Документите може да се анализираат во лабораторија или надвор од неа. Доколку имате какви били сомнежи, воспоставете контакт со секторот за документи во форензичката лабораторија

Тип на изложен

материјал Земање примерок Чување

1. Рачно напишани документи.

Ракописи и

потписи на пр. чекови, тетратки,

писма, апликациски формулари,

тестаменти, молби и др.

Секогаш кога е можно да се поднесат оригиналните докумен, фотокопиите може да го ограничат испитувањето, особено ако е потребна анализа на потпис. Фотокопирањето може да ја оштети хартијата и мастилото на оригиналниот документ.

Примероците може да бидат од два типа: 1) документи за кои се знае дека ги напишал осомничениот (во бизнис зделка) 2) ракописи земени за потребите на испитувањето. Да се земат колку е можно поголем број ракописи.

Да се запамети: кога се зема примерок или се конфискуваат документи од бизнис зделки, научниците можат да споредуваат само „исто со исто“, на пр. ГОЛЕМИ БУКВИ СО ГОЛЕМИ БУКВИ.

Кога се зема примерок да се назначи каков текст е потребен.

Осомничениот да пишува во неговиот вообичаен стил со разработено хемиско пенкало.

Во случај на прекршок со чекови, потребни се петнаесет примероци од чекови.

Во други случаи доволни се пет примероци.

Осомничениот треба да го потпише примерокот и да го назначи датумот на секој од примероците.

Преостанатите примероци да се тргнат од видот на осомничениот.

Да не се превиткува и да се запечати во плик или полиетиленска ќеса, секој од примероците одделно.

Да се заврши со означување пред да се прикачи ознаката за пакувањето. Да не се означува, збрчкува, закачува или врамува примерокот. Да не се лепат назнаки на примерокот. Да не се користи голема количина леплива лента. Примероците што се земени заедно може да се спакуваат заедно.

Page 41: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 41

Да се пополнат етикетите пред да се прикачи ознаката за пакувањето. Да не се пополнуваат етикетите и да не се пополнуваат формулари врз примерокот, дури ни кога е во пакувањето.

Да не се користи леплива лента за предметите и да не се лепат етикети на неа. Да се ракува со документите најмалку што е можно.

Тип на изложен

материјал Земање примерок Чување

2.Други документи пр. кредитни картички, оштетени ракописи во дневници, сертификати,

осигурителни документи и др.

Секогаш да се поднесуваат оригиналите. Да не се третираат со реагенси за отпечатоци. Да се поднесе оригинално издадениот документ ако е можно.

Да се пакува како што е погоре назначено.

Отчукани документи. Отчукани или

отпечатени документи во компарација со

машината за пишување или печатарот вклучително со

инкџетот, ласерскиот печатар, факсот или другите документи.

Машината за пишување да се поднесе заедно со отчуканите/отпечатените материјали или лентата за чукање пронајдена со машината.

Доколку не е можно поднесување на осомничената машина, да се направат забелешки за моделот, серискиот број и нејзиниот производител и да се земат примероци на следниот начин:

Да се извади лентата и да се замени со индиго (за машини за пишување) или со друга касета со лента,

да се отчука тастатурата најмалку три пати,

да се пречука испитуваниот документ најмалку три пати. Колку што е можно да се задржи формата. Ако документот е многу долг, еден дел од него, не пократок од половина страница, да се отчука најмалку три пати,

друг вид печатари треба да се поднесат директно во форензиката. Да не се прават примероци. Ако ова не е можно да се оствари контакт со форензиката,

да се поднесат сите кабли пронајдени со машината.

Исчуканите документи да се спакуваат како што е назначено погоре. Машините за пишување и печатарите мора да се достават лично.

Page 42: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

42 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

Тип на изложен

материјал Земање примерок Чување

4.Фотокопирани документи. Кои било фотокопирани документи за споредба со фотокопирот или

фотокопирани документи за

одредување на изворот.

Не е потребно запленување на фотокопирот, но за понатамошната истрага треба да се забалежат: моделот, серискиот број и производителот. Ако е можно да се обезбеди фотокопија од документот за неговото сервисирање и да се поднесе во форензиката.

Примероци да се земаат на следниов начин:

да не се чисти машината, 6 фотокопии без хартија под валјакот, со спуштен капак,

6 фотокопии на чиста бела хартија.

да се направат фотокопии со иста големина како примерокот што се испитува: А4,А3,А5 итн.

Секој примерок да се спакува одделно, како што е назначено погоре.

Фалсификати и апаратура за печатење.

Кога ќе се пронајде испечатен примерок и опрема за печатење, стручното лице треба да дојде на местото на настанаот за да одреди што треба да биде запленето. Треба да се оствари контакт со локалната форензичарска лабораторија пред да се соберат предметите. Ако е неопходна посета на местото на настанот, некои или сите од следниве предмети може да бидат побарани.

оригинали за кои се смета дека се фотокопирани,

ракотворби, скици и забелешки, фотографски негативи или позитиви,

плоча за печатење, материјали од печатење – материјали за тестирање, нецелосни или целосни документи,

негативот од сито печат. Ова може да даде слика за она што е печатено дури и кога сите материјали се изгубени или уништени,

сите остатоци од хартиени материјали.

Секој примерок да се спакува одделно, како што е назначено погоре. Валјакот, негативите и ракотворбите да се заштитат од гребење, валкање или какво било оштетување.

Page 43: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 43

Тип на изложен

материјал Земање примерок Чување

Фалсификати и апаратура за печатење

Оригиналните примероци од фалсификуваните документи да се користат како контролни примероци. Хартија, мастило и неупотребени плочи, имаат мала доказна вредност. Да се вклучат оригиналните примероци ако е можно.

Секој од документите да се спакува одделно, како што е наведено погоре.

Сув печат букви-лепенки, Нпр. летрасет

Да се поднесат докуметни кои содржат оригинални ракотворби или некоја подлога за летрасет. Возможно е да се споредат залепените ознаки на хартијата со подлогата на која било лепенка.

Секој од документите да се спакува одделно, како што е наведено погоре. Да не се дозволи документите да дојдат во заемен контакт, ниту во контакт со подлогата од која потекнуваат. Да се избегнува често допирање.

Документи наменети за испитување на отпечатоци, на пр. анонимни писма, зборови или забелешки за подредување.

Да се поднесат документите кога е познато авторството. За подредување на страниците, да се поднесат сите придружни документи во онаква состојба во каква што се најдени. Да не се менува редоследот. Да не се оставаат отпечатоци. Да се ракува со памучни ракавици.

Да не се пакуваат во пластика. Да не се користат како подлога при пишување на ознаките. Да не се означуваат, хевтаат, брчкаат, превиткуваат или оштетуваат на кој било начин. Да се заштитат со картон за да се избегне оставање отпечатоци на нив.

Хартија За потекло, земја, произведувач или бренд

Доколку е познат изворот, потребен е само еден примерок од хартијата. Ако не се знае производителот, потребен е примерок од секоја серија.

Да се спакуваат во полиетиленска ќеса или картонска кутија. Доколку е потребна анализа за отпечатоци, да се заштитат со картотнска обвивка.

Page 44: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

44 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

Тип на изложен

материјал Земање примерок Чување

Ворд - процесори, компјутери и лични потсетници.

Да се поднесат процесор машините со придружните дискови, касетите и каблите. Монитори, тастатури и глувчиња вообичаено не се потребни. Доколку на екранот се појавува нешто со голема доказна вредност, да се направи фотографија. Да се фотографираат сврзните кабли на компјутерот пред да биде запленет. Ако е можно сите отворени документи да се стават на чиста дискета и да се поднесат одделно. Да се отстранат сите извори на енергија пред да се исклучи машината, на пр. батерии од машината, а особено од лаптопи. Да се исклучи компјутерот. Доколку се исклучи нерегуларно може да дојде до губење податоци. Доколку имате сомневање консултирајте го прирачникот за употреба или форензичката лабораторија. Да се запамети дека многу машини имаат меморија. Да се проверат дневниците, тетратките и хартиите на кои има забелешки, а на кои може да има лозинки. Целата придружна опрема на компјутерот на пр. дискети, ЦДиња, ленти со податоци, мемориски уреди,УСБ мемориски уреди и уреди што користат ултрацрвена светлина може да бидат скриени на местото на настанот. Треба да се побараат форензички совети.

Секој од документите да се спакува одделно, како што е погоре наведено.

Page 45: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 45

Тип на изложен

материјал Земање примерок Чување

Видео истражување

Да се поднесат оригинални ленти, а не копии. Кога се запленуваат оригинални, да се уништи заштитното копче за да не дојде до случајно бришење. Да се прецизира потребата да не се уништи копчето. Да се перцизира позицијата на снимената секвенца за која станува збор преку употреба на времето и датумскиот код што ги има снимката. Во случаи кога има повеќе снимки потребно е прецизирање на камерата со која е снимано. Кога нема време и датум, лентата треба да биде запрена на секвенцата и да бидат дадени соодветни инструкции.

Соодветно пакување што ќе обезбеди заштита од уништување при транспорт: јака хартија или картонска кутија. Облека или други предмети за споредување треба да бидат спакувани според инструкциите за која било доказна лента за испитување, во спротивно, доволно е пакување во јаки хартиени ќеси, запечатени и означени.

Page 46: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

46 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

7. Drogi Овој дел е за справување со:

поседување дрога. намера за продавање дрога. производство на дрога.

За случаи во кои има:

биолошки примероци за алкохол, дрога или анализа на опојни средства.

Да се обрне внимание на делот 15 – Токсикологија

Забелешка Поради сериозен ризик за здравјето, форензичарот ќе прифати опрема во која има шприцови, само со претходен договор.

Тип на изложен материјал

Земање примерок Чување

1.Дрога и придружни материјали, на пр. таблети, капсули, прашок, шприцови, растителни материјали,ножеви, кутии за тутун, кутии и ќеси кои содржат опрема за злоупотреба на дрога.

Материјалот внимателно да се спакува, да се означи името на осомничениот и изворот на примерокот и да се поднесе во целост. Во случај на присуство на ножеви треба да се внимава тие да бидат безбедно спакувани. Туби за оружје се достапни

Форензичките лаборатории обезбедуваат заштитни полиетиленски ќеси, означени со единствен број, кои се соодветни за пакување на најголем број лекови и дроги. Мали количества прашок треба да се стават во хартиено пакување наполнето како за медицинска пудра, а потоа во полиетиленска ќеса. Полиетиленските ќеси не се соодветни за мокри предмети и за предмети што се расипуваат. Листови од канабис треба да се стават во кафени хартиени пликови, а потоа во перфорирана сигурносна доказна ќеса. Дупчињата треба да овозможат листовите да се исушат без да биде упропастен доказниот материјал.

Шприцови и игли

Внимание! Поради сериозен ризик за здравјето, форензичарот ќе прифати опрема во која има шприцови, само со претходен договор.

Совети за пакување и доставување ќе бидат дадени откако ќе биде направен договорот.Да не се отстрануваат иглите. Садовите треба да бидат многу цврсти, на пр. лимен сад со цврст капак, пластичен сад за ножеви или картонска кутија. Осигурејте се дека етикетата за означување опасност е јасно видлива.

Page 47: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 47

Тип на изложен

материјал Земање примерок Чување

1.Одгледување канабис

2.1Растенија

Ако станува збор за мало домашно растение, тогаш е доволен примерок од листовите. Ако станува збор за поголеми површини (комерцијални) потребни се растенијата. Растенијата треба да се поднесат во целост заедно со коренот. Доволен е само репрезентативен примерок. Тој треба да содржи две недопрени растенија на кои се прикажани степените на одгледувањето и на кои се гледаат разликите меѓу растенијата, на пр. боја, форма на листот итн. По запленувањето, канабисот не треба да се полева, туку да му се дозволи да се исуши. Листовите не треба да се извадат од стеблото. Незапленетите растенија треба да се фотографираат за презентирање пред судот.

Листовите од канабис треба да се спакуваат во кафени хартиени пликови, а потоа во заштитна доказна ќеса. Дупчињата треба да овозможат листовите да се исушат без да биде упропастен доказниот материјал. Растенијата да се исушат по природен пат, да се спакуваат во кафени хартиени ќеси и да се транспортираат до форензичката лабораторија. Полиетиленските ќеси не се соодветни за живи растенија зашто во нив се забрзува растењето и доаѓа до мувлосување и гниење на материјалот.

1.2 Други предмети

нпр. документација, литература, материјали за потхранување, облека, стапки од чевли, отпечатоци, траги

Овие предмети може да донесат вредни информации што ќе му помогнат на научникот при донесување на одлуката или ќе поврзат личности со сцени.

Паквањето зависи од предметот. Предметите на кои треба да им се прави анализа за отпечатоци не треба да имаат простор за движење во пакувањето. Мокрите предмети да се исушат пред да се спакуваат. Ако ова не е можно да се контактира со форензичката лабораторија.

Забелешка Пакувањто на лекови и дрога може да биде вреден извор на информации кога станува збор за врската меѓу локацијата и предметите. Подобро е испитување на амбалажата на лековите и дрогата пред таа да биде предмет за откривање на отпечатоци.

Page 48: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

48 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

Детали од типот на поставеност на светлосни системи, присуство на хемикалии и поставеност на маханизми за точно временско вклучување и исклучување се вредни информации за научниците. Трба да се регистрираат.

* Одгледувањето канабис може да биде составено од неколку растенија за лична употреба до високо ефективно, многу вредно одгледување на специјални стебла кои растат под идеални услови. Ова не подразбира одгледување на илјадници стебла. Станува збор за чување на мал број растенија што раѓаат многу, што е еднакво профитабилно. Форензиката може да го процени потенцијалниот род на моменталните, а понекоаш и на претходните и следните стабла. Научниците можат да ги оценат напорот и ресурсите внесени во одгледувачницата и да го откријат методот на одгледување и нивото на тетрахидроканабиолот што се содржи во стеблото. Доколку форензичарот нема направено специфичен курс за испитување и одгледување на канабис потребно е присуство на научник на местото на настанот. Не е секогаш неопходно присуството на форензичар на местото на настанот. Како и да е, треба да се побара совет од локалната форензичка лабораторија. Разговорот во врска со големината и содржината на она што е на сцената ќе одреди кој од предметите треба да се запленат, ова честопати го намалува бројот на предмети и растенија што треба да се поднесат. Форензиката може да обезбеди специјално подготвени формулари за прецизно забележување на сите информации – да се оствари контакт со локалната форензичка лабораторија. Продукција на синтетички дроги Најголемото производство на дрога е врзано за амфетамини и „екстази“,а понекогаш се откриваат и мали фабрики за LSD и „крек“. Најважно е форензичарот да биде вклучен во почетната фаза на истражување, независно за каква дрога станува збор. Не е паметно да се планира или да се направи рација на тајна лабораторија без да се оствари контакт со форензичар. Возможно е голема количина штетни хемикалии да бидат присутни во илегалната лабораторија за дрога. Не треба да се зема примерок од никакви хемикалии или други предмети за поднесување пред претходна консултација со форензиката. Разузнавачка единица за дрога при форензичката лабораторија Разузнавачката единица за дроги при форензичката лабораторија има пристап до сите информации за запленување на дрога поднесени до форензиката, како и најнови информации за трендовите на дрогата во светот. Што може да се добие како информација од разузнавачката единица за дрога при форензичката лабораторија:

• доколку е видена специфична подготовка, • колку долго се одвива специфичната подготовка, • колкава е просечната чистота на дрогата во вашата околина, регионално или

на ниво на држава, • што е дрогата и кои се нејзините ефекти, • која е разликата меѓу легално поседување и продавање дрога, • методи и синтези, • типична големина на доза на незаконска дрога.

Page 49: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 49

Page 50: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

50 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

8. Eksplozivi

НАПОМЕНА: Безбедноста и чувањето на животот имаат предност во однос на прибирањето докази. Една од првите акции што треба да ги направи службеникот при испитување експлозија, идентификување на сомнителни материјали вклучени во експлозија или компоненти од експлозивен уред е да направи контакт со единицата за запаливи материи и експлозови. За безбедно испитување на местото на настанот, остварување на ваква комуникација е неопходно. Поднесување на било какви материјали за кои се верува дека содржат експлозивен

материјал е строго забрането пред да се направи разговор и договор со лабораторијата. Сите материјали мораат да имаат сертификат за безбедно транспортирање.

Експлозивни материјали може да се складираат единствено во лиценцирани капацитети. Во сертификатот треба да е назначено дека експлозивните или потенцијалните експлозиви се безбедни за транспортирање.

Под експлозивни материјали се подразбира: конвенционални високо експлозивини материјали, реактивно гориво, огнено оружје, други пиротехнички материјали и запалливи материјали, кои доколу не се ракуваат соодветно можат да предизвикаат големи експлозии.

Пронајдоци од хемикалии вклучително со ѓубриво, средства за уништување на коров, разредувачи, киселини, средства за белење (вклучително со хидроген пероксид) и приватен лабораториски материјал може да имаат експлозивна вредност и да бараат дополнителни заштитни мерки.

Важно е да се направат истражувања. Се препорачува да се оствари контакт со форензичар уште во почетната фаза со цел да се направат разговори за научните можности и да се изгради научна стратегија. Ако е неопходно научникот треба да оствари контакт со колегите од FEL за да се направи заедничка стратегија. Научник може да се контактира преку локалната форензичарска лабораторија. Совет во врска со откривање на остатоци од инциденти во кои имало употреба на пуштоли има во делот седумнаесет од прирачникот- Оружје

Page 51: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 51

На местото на настанот на ексползија На самото место на настанот, или на место во кое има сомнеж за тероризам, треба да се постави инспектор за справување со инциденти. Во вакви услови се препорачува да се направи ТРЕНИНГ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО МЕСТО КАДЕ ИМА(ЛО) БОМБА . Би можело да биде од корист форензичарот да го посети местото на настанот со цел да даде совети во врска со експлозивните направи со што, на форензичарите специјализирани за други дисциплини, ќе им го олесни понатамошното испитувањето на овие опасни материјали. Важно е да се запамети дека природата на експлозијата е таква што може да резултира со дисперзија на скршени парчиња во пошироката околина. Ова бара внимателно планирање и репродуцирање на траекторијата по која ќе се стигне до епицентарот на експолозијата што е неопходно кога треба да се зголеми бројот на доказни материјали. Кога се случила експлозија или има сомневање дека е употребен уред што може да предизвика пожар, важно е да се соберат сите остатоци од релевантните локации. Можете да добиете совет и од војската. Секогаш кога имало експлозија или треба да се изврши испитување на нечиј имот, треба да се осигура дека нема никаква опасност од неексплодираните уреди во консултација со војската.

Page 52: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

52 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

Тип на изложен

материјал Земање примерок Чување

1. Остатоци

1.1 Експлозивни или запалливи

материи

Да се собере секое делче за кое има сомневање дека потекнува од експлозивен материјал и кое има сертификат за сигурен

транспорт. Треба да се побара совет од експерт кога некој експлозив (или нешто за кое има сомнеж дека е експлозив) дека се создало после делумно

палење на експлозивната направа.

Да се стави во чиста и сува пластична или стаклена тегла/виал и да се

спакува во најлонска ќеса со лебедов врат или директно во најлонска ќеса.

Да не се користи капаче на завртување.

Парчиња од стакло да се пакуваат во незапечатена картонска кутија и да се затворат во најлонска ќеса со лебедов

врат. (за да се избегне кинење на ќесата)

1.2 Неексплозивни остатоци

Материјали чија појава

сугерира дека биле во близина на извор на експлозија и други материјали чиешто потекло е сврзано за местото на настанот.

Во нив миже да спаѓаат: батерии, жица, мерачи на време, делови од метал и

пластика и делови од печатени кола.

Доколку доказните материјали не се погодни за поднесвање, да се употреби Опремата за траги од експлозии и да се контактира единицата за експлозиви за

совет.

Да се стави директно во најлонска ќеса која треба да се запечати со лебедов врат. Ако станува збор за остри материјали, загадени со акцелеранси материјали, мокри

материјали, материјали на кои има остатоци од крв или материјали кои може да бидат подлежни на анализа

на некоја друга форензичка дисциплина, да се спакуваат во

картонска кутија или во хартиена ќеса пред да се стават во најлонската

амбалажа.

1.3 Неексплозивни остатоци со големи

димензии

По испитувањето на пределот, остатоците да се соберат за сушење, проверка и детална анализа во единицата за

експлозиви. Да се оствари контакт со познат експерт или научник за совет.

Да се стави директно во најлонска ќеса или во ограден, запечатен простор од пластични кутии за

остатоци.

Напомена На сцени каде се пронајдени експлозиви или експлозивни направи. Истите процедури за заштита и справување треба да се направат со вработените на место каде имало ексползија. Доколку има присуство на големи количини хемикалии, тогаш се препорачува да се земе совет од научник од областа.

Page 53: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 53

Тип на изложен

материјал

2. Примероци

2.1 Експлозвни или запалливи материи

Да се собере секое делче за кое има сомневање дека е дел од експлозивен материјал и кое има сертификат за безбеден транспорт. Треба да се побара совет од експерт ако станува збор за голема количина експлозив (или нешто за кое се сомнева дека содржи експлозив).

Да се стави во чиста и сува пластична или стаклена тегла/виал и да се спакува во најлонска ќеса со лебедов врат или директно во најлонска ќеса. Да не се користи капаче на завртување.

2.2 Амбалажи од

експлозиви

Да се соберат сите целосни или искинати делови најдени на местото на настанот. Да се има во предвид дека е можна анализа на други форензичарски науки по инизијалната анализа на експертите за експлозиви.

Да се спакува во запечатена најлонска ќеса со лебедов врат, а пред тоа да се стави во картонска кутија.

2.3 Детонатори

Активни детонатори, детонатори за кои има сомневање дека се активни и рачно изработени детонатори.

Да се консултира експертот од единицата за експлозиви. Да не се допира пред експертот да ја осигура состојбата сосема. Совети за пакување треба да се добијат од експертот на местото на настанаот. Да се осигура дека детонаторите се спакувани одвоено од другите експлозивни материјали.

Page 54: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

54 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

Тип на изложен

материјал Земање примерок Чување

2.4 Различни материјали

Да се соберат материјалите што имаат врска со она што е најдено. Да се земат: алати, чекани,мниофрлачи,садови за мешање и теглите за складирање.

Експлозивните направи може да имаат голем број дополнителни уреди како огномети, хемикалии, батерии, мерачи на време, часовници, дoлги жици,

импровизирани и приватни електрични и електронски кола, кондоми, метални и пластични цевки, опаковки, метални

шрапнели и произведени или импровизирани лесно запалливи

средства. Ако има сомневање за некој од материјалите да се консултира

експертот.

Шишињата и теглите со хемикалии и материјали за кои има сомневање дека се загедени со ексползиви треба да се стават во најлонска ќеса запечатена со лебедов врат. Шишињата и теглите да се стават во

исправена позиција или во позицијата во која се

пронајдени. Другите материјали да се пакуваат во најлонска

пластична ќеса исто така. Можеби ќе биде неопходно со

картонска кутија да се осигураат кршливите предмети.

3. Предмети кои му припаѓаат на осомничениот. 3.2 Облека

Секогаш кога е можно предметите да се испорачаат до службата за експлозови во целост. Доколку тое не е можно, да се консултира експертот.

Секој од предметите да се спакува одделно во најлонска ќеса запечатена со лебедов врат. Доколку е предвидена анализа за траги, тогаш протоколот на пакување треба да го одредат службата за експлозови и форензичката лабораторија.

Големи лични предмети

Примероци од шкафофи, маси, возила и сл. можат да се соберат со опремата за трагови од експлозија. Се препорачува консултација со надлежните пред да се земат примероците.

3.4 Брисови и отсечоци од нокти.

Да се употреби опремата за тестирање на рацете при експлозии.

Да се следат инструкциите наведени во опремата за земање примерок.

Внимание * Потребно е екстремна хигиена при справување со лица или предмети за кои има сомневање дака биле во контакт со експлозиви. * Службениците кои работат со осомничените или со добиените предмети не треба неодамна да биле во директен контакт со било каков извор на експлозив, детонатори, оружје, муниција и сл. или во било каква врска со сцената. * Службеникот што работи на случајот не треба да ракува со оружје. * Осомничените не треба да се пренесуваат во возила каде се носел експлозив, оружје или службеници кои поседуваат оружје. Експертот од слу`бата за експлозиви може да даде совет за апсењето, детонацијата и замањето на форензичарски примероци од осомничените и оние кои се поврзани со експлозијата. * Треба да се носат ракавици за една употреба кога се работи со било кој предмет кој треба да биде доставен за испитување на присуство на експлозивни материјали. Кога се води процедура од ваков тип, треба да се избегнува физички контакт со други лица или предмети секогаш кога е можно. * Да не се заборава релевантноста на другите докази пр. отпечатоци, стакло, фибри, крв и сл. Со помош на останатите форензичарски дисциплини, експертот по експлозиви може да го олесни безбедното испитување на предметите кои имаат ваква доказна вредност. Предметите на треба да бидат демонтирани освен ако тоа не е неопходно и одобрено од релевантниот фактор.

Page 55: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 55

Page 56: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

56 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

9. Fibri, vlakna i krzno Тип на изложен материјал

Земање примерок Чување

1. Влакна 1.1 Пронајдени примероци пр.: предмети на кои е можно да се имаат нанесено (трансферирано) влакната (пр. текстил, оружје, седишта, тела )

Да се поднесе целокупниот материјал секогаш кога е можно. Да се запамети: Да се земе примерок од сигурносните појаси, потпирачите за глава, и потпирачите помеѓу седиштата Каде што е можно, да се земат примероци од изложените делови од тела пред тие да бидат тргнати од местото на настанот.

Предмети што не можат да бидат поднесени до форензиката

Со пинцета да се отстранат стутканите и малите влакна пред земање примероци од целиот предмет и да се обележи од каде се извадени тие. Примерок се зема, со леплива трака широка 2.5 cm. Траката треба да се чува во опаковка или ќеса – не смее да се става во опремата, другите ќеси, плакари или возилата. Да се употребат онолку парчиња трака колку што е потребно и со цел да не се изгуби моќта за лепење, траката да не се преоптоварува. Да не се користат многу долги парчиња трака зашто тие на смеат да ја пречекоруваат големината на ацетатната фолија. Да се запечатат краевите на траката со употреба на други парчиња трака.

Парчињата трака треба да се стават на означена ацетатна фолија и да се складираат во полиетиленски ќеси или пликоа, запечатени на сите рабови и отвори. Етикетата треба да ја прикажува точната локација каде е направен примерокот и редоследот на земање на примероци.

Page 57: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 57

ТИП НА ИЗЛОЖЕН

МАТЕРИЈАЛ ЗЕМАЊЕ ПРИМЕРОК ЧУВАЊЕ

Предмети кои се поднесени до форензиката.

На леплива трака да се земе примерок од сите видливи заплеткани влакна и тие да се стават на чиста, означена ацетатна хартија запечатена на краевите како што е наведено погоре. Алтернативно да се стават во полиетиленска ќеса или виал со капаче на завртување.

За предмети како чевли, облека, постела и сл. Да се употребат хартиени ќеси со осоодветна големина, по можност со отвор за гледање. Врвот да се завитка два пати и да се обезбеди со леплива трака и ознака. Полиетиленска ќеса не смее да се користи за влажни предмети или чевли зашто може да дојде до појава на мувла. Политенските ќеси може да предизвикаат и задржување на воздух што претставува проблем при испитување на влакна или коса.

1.2 Контролни примероци Предмети кои се потенцијален извор на влакна за трансфер Пр. текстил, теписи, материјал за обложување на мебел.

Да се поднесе целиот материјал секогаш кога е можно. Ако не е можно поднесување на предметот, да се земе примерок од сите типови влакна и бои (вклучително со избелените делови, оние што се повеќе носени и оние што се помалку носени.) Да се исече приближно 3cm2 од материјалот или да се откинат купчиња влакна. Материјалот за контролен примерок се зема со помош на леплива трака со должина 7-10 cm. Траката треба да се користи додека не престане да лепи, но сепак да биде соодветна за ацататната трака.

Секој од предметите да се замота и запечати оддално. Ќесите што имаат маханизам за запечатување треба и покрај тоа да се облепат со трака на краевите. Да се стави во плик или полиетиленска ќеса и да се облепат сите рабови и отвори. Да се осигура дека траката е означена како контролна и дека нејзините рабови се запечатени со ацетатна хартија.

Page 58: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

58 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

Тип на изложен

материјал Земање примерок Чување

1.3 Исчешлана коса Да се употреби чист, нов чешел со запци достапен во опремата за чешлање. Косата да се чешла врз големо парче хартија. Најпрвин треба да се приберат паднатите влакна со леплива трака, а потоа да се употреби опремата за чешлање на косата. Влакна од афро – карибска коса не можат да се добијат ни со чешлање. Во вакви случаи потребно е земање примерок директно од косата.

Чешелот и исчешланата коса заедно да се завиткаат во хартија. Да се замота исто како медицинска пудра и да се запечати во плик или полиетиленска ќеса, осигурувајќи се дека сите рабови и отвори се запечатени. Да се чува на ладно и суво место.

1.4 Јажиња или конци Доколку е можно, а се поднесе јажето во целост или да се достават најмалку 25 cm од истото. Ако е потребно сечење на јажето заради вадење јасно да се означи местото каде е исечено или скршено. Да не се презема ништо во врска со чворовите, ако ги има.

Да се заштитат сите исечени или скршени краеви. Чворовите да не се одврзуваат. При ракување/отстранување на јажето треба да се користат ракавици и маска за лице. Да се спакува во хартиена ќеса и да се стави на ладно и суво место.

По земање примероци за сомнителни влакна, да се изврши контрола.

ПРЕВИТКАНА ХАРТЈА КАКО ЗА ПАКУВАЊЕ НА МЕДИЦИНСКА ПУДРА

Превитка ј 4

Превитка ј 3

Превиткај 1

Превиткај 2

1

2 3

Page 59: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 59

Тип на изложен

материјал Земање примерок Чување

2. Коса 2.1 Контролни примероци

Коса од глава Ако е можно да се отсечат најмалку 25 влакна во близина на коренот и да се обележат страните. Да не се користат пинцети зашто може да го оштетат влакното. Да се земат адекватни примероци од различни делови на главата, вклучително со деловите каде има различна должина и боја. На формуларот за поднесување да се наведат сите детали за направените третмани на косата (бланширање, фарбање, трајни фризури, лакирање и сл.). Доколку има повреда, да се земе примерок од коса од повредениот дел. Да се запечати во полиетиленска ќеса. Овие примероци може да се достават подоцна доколку е потребна микроскопска анализа за испитување на сексуални напади. Со пинцета за една употреба треба да се соберат сите видливи остатоци.

Примероците и пинцетите да се замотаат во хартија, исто како медицинска пудра. Да се запечатат во полиетиленска ќеса. Алтернативно да се соберат во виал со капаче на завртување. Да се чува на ладно и суво место.

Пубични влакна

Никогаш не се откинуваат пубични влакна од осомничени или жртви. Не е потребен рутински примерок од ваков тип од жртвата. Доколку форензичарската лабораторија прави микроскопско испитување, може да се исече примерок од влакнаta во близина на пубичната коска. Ако станува збор за сексуален напад, се зема рутински примерок за медицинско форензичарско испитување

Ако се бара ваков примерок, треба да се земат најмалку 10 влакна.

Со пинцета за една употреба треба да се соберат сите видливи остатоци.

Заплетканите пубични влакна треба да се исечат и да се поднесат како одделен приемрок.

Примероците и пинцетите да се замотаат во хартија, исто како медицинска пудра и да се запечатат во полиетиленска ќеса. Алтернативно да се соберат во виал со капаче на завртување. Да се чува на ладно и суво место.

Page 60: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

60 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

ОТСТРАНУВАЊЕ НА ЈАЗОЛ СО КОРИСТЕЊЕ НА ЖИЦА БЕЗ ДА СЕ ДОПИРА (се врзува со жица пред да се отсече)

Page 61: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 61

Тип на изложен

материјал Земање примерок Чување

2.2 Зачувани примероци Исчешлана коса Да се употреби чист, нов

чешел со запци достапен во опремата за чешлање. Косата да се чешла врз големо парче хартија.

Чешелот и исчешланата коса заедно да се завиткаат во хартија. Тоа да се запечати во плик или полиетиленска ќеса, осигурувајќи се дека сите рабови и отвори се запечатени. Да се чува на ладно и суво место.

Забелешка Доказните остатоци паѓаат многу брзо од главата затоа примероци од чешлање треба да се земат најбрзо што може. Важно е примероците да се земат пред да биде соблечена облеката.

Примероци за испитување на коса

Да се поднесе целиот предмет кога е можно. На леплива трака, во полиетиленска ќеса или во виал со капаче на завртување да се соберат сите влакна што не се добро фиксирани.

За предмети како чевли, облека, постела и сл. Да се употребат хартиени ќеси со осоодветна големина, по можност со отвор за гледање. Врвот да се завитка два пати и да се обезбеди со леплива трака и ознака. Полиетиленска ќеса не смее да се користи за влажни предмети или чевли зашто може да дојде до појава на мувла. Политенските ќеси може да предизвикаат и задржување на воздух што претставува проблем при испитување на влакна или коса.

Крзно и коса од животни

Доколку не може да се поднесе предметот во целост, да се донесе парче со површина од 3cm2 како контролен примерок. Или да се извадат влакна исто како при земање примерок од човечка коса. Да се осигура дека е земен репрезентативен примерок од сите бои и должини

Примероците да се замотаат во хартија, исто како медицинска пудра (види слика) и да се запечатат во полиетиленска ќеса. Алтернативно да се соберат во виал со капаче на завртување. Да се чува на ладно и суво место. Доколку има присуство на кожа/ткиво, примероците да се замрзнат.

Page 62: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

62 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

10. Istraga na po`ari Опожарени сцени Да се оствари контакт со стручно лице за:

Фатални пожари, дури и кога нема непосредно сомневање.

Пожари за кои има осомничен. Кога се елиминирани електрични или други случајни причини.

Кога изворот на пожарот е едно место, каде што нема очигледен извор за случајно палење и нема знаци од запалливи течности.

Пожари за кои се смета дека имале опасност по живот. Доколку местото е сосема изгорено или кога нема услови за безбедно испитување, посета од стручно лице може да не биде продуктивна. Доколку има било каков сомнеж, за совет да се контактира локалниот инспектор за пожари.

Во отсуство на стручно лице: Неопходно е да се работи заедно со противпожарната бригада. Изворот на пожарот да се бара преку анализа на патиштата по кои е направена штетата пожарот.

Да се направи истражување на сите надворешни извори на запалливи сретства (акцелеранти) и да се земат соодветни примероци од нив.

За да се дознае причината за пожарот да се направи евалуација на сите докази што се на сцената.

Да се земат соодветни примероци кои може да бидат потребни за подоцна преку трагите, да се поврзат со некои осомничен.

Да се провери алармниот систем и да се дознае дали контролните табли имаат одредени материјали во меморијата. Доколку контролните табли не се сосема изгорени да се направи разговор со инженер од компанијата за аларми.

Да се провери системот за видео-надзор кој ја покрива областа. Рекордерот на некој интерен систем може да е лоциран во неоштетена област. Други системи за видео надзор од соседните згради може да имаат снимено лица во некое прецизно време.

За детектирање на акцелеранти може да се употреби полициски пес.

За да се направи лебедов врат за затварање: Да се свитка вратот и да се превитка како што е покажано на цртежот.

Да се фиксира пластична, обележана со број, сигурносна лента на лебедовиот врат онака како што е покажано на цртежот. Ако овие траки не се достапни, на местото каде е обележано да се стави леплива трака.

Доколку се користат ознаки што не се лепливи, тие треба да се закачат со помош на лента околу лебедовиот врат на означената позиција.

Во случај да падне траката за запечатување од врвот на најлонската ќеса. Доколку се случи ова, на врвот на ќесата треба да се направи втор лебедов врат осигурен со друга пластична трака.

Треба да се употреби двојна најлонска ќеса за остатоци од пожар за да се заштити дупнвање на истата од остри и абразивни содржини. Запечатената најлонска ќеса треба да се стави во цврста картонска кутија или слично со цел да се заштити од дупнување при пакување и транспорт.

Да се осигура дека:

Предметот е херметички затворен. Траката за запечатување не може да се извади. Има доволно воздух во ќесата. Има подготвена контролна ќеса.

Page 63: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 63

ПАКУВАЊЕ ВО ПОЛИЕТИЛЕНСКА ЌЕСА СО ЛАБУДОВ ВРАТ

Page 64: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

64 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

Тип на изложен

материјал Земање примерок Чување

1. Течни примероци Хидрокарбонски течности пр. бензин, бел алкохол,

керозин, парафин, терпентин, дизел и сл.

или

Не – хидрокарбонски

течности Пр. метилирани алкохоли, хирушки алкохол, ацетон.

Пред да се претурат во соодветни контејнери за запалливи сретства,

сомнителните течности може да се земат со употреба на стерилен, шприц со адекватна големина. За помала количина течност или за материјал за кој има сомневање, се препорачува практиката на земање брис со памук од

местото, кој потоа се запечатува во најлонска ќеса. Се советува употреба на стерилен памук при контролирање, иако тоа не е

неопходно.

Не е потребно да се поднесуваат одделните контролни ќеси во кои

се пакувала течноста.

Забелешка Потребна е најлонска контролна ќеса за секој осомничен. Оваа ќеса треба да биде иста како останатите употребени за пакување на облека и остатоци. Да се наполни со воздух надвор од сцената и да се запечати на ист начин како предметите. Треба да се употреби надворешна полиетиленска ќеса доколку такво пакување е потребно.

2. Предмети за анализа на присуство на запалливи

материи.

2.1 Облека

Облеката може да се анализира за присуство на запалливи течности или изгореници При поднесување во лабораторија, во формуларот треба да бидат наведени потребите од додатни анализи за зрачење. Пред поднесувањето да се проверат џебовите и поставата.

Да се спакува облеката во широки најлонски ќеси, силно врзани и запечатени со лебедов врат на врвот.

Доколку има сомневање за присуство на не – јагленохидратно запалливо сретство, најлонската ќеса да се стави во полиетиленска ќеса.

Да се изолира од други предмети.

Да не се сушат мокрите предмети пред да се спакуваат. Доколку предметите се многу мокри или покриени со голема количина крв, да се контактира форензиката.

Page 65: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 65

Тип на изложен

материјал Земање примерок Чување

2.2 Кршливи предмети земени од местото каде

имало пожар

Да се ракува со најголема можна грижа.

Да се спакува во цврста запечатена кутија или конзерва

и да се однесе во форензичарската лабораторија лично во најбрз можен рок.

Земање примероци од местото каде имало пожар. Да се осигура дека сите

садови кои можеби содржат запаллива течност се

поднесени до форензиката.

Примероците треба да се земат во моменти на

најниско ниво на горење.

Поголема е веројатноста дека остатоци од забрзувачи ќе има во неизгорените

материи отколку дрвениот јаглен. Да се пребараат

остатоците за да се најдат абсорбирачки материјали

што мирисаат на забрзувачи.

Сите контролни примероци од остатоците треба да бидат од истиот тип како

примерокот кој е во прашање, истото потекло и

да бидат земени од незагаден предел.

Дрвенарија како бродски подови и греди треба да се

спакува одделно од остатоците пронајдени на

површината.

Со спакуваните примероци да се ракува внимателно за да не дојде до оштетување

на пакувањето.

Да не се полни ќесата повеќе од половина, доволен е примерок од 1-2 kg.

Да се спакува во најлонска ќеса, цврсто запечатена со лебедов врат со цел да биде херметички затворено. Да се остави воздух

над примерокот.

Како замена за најлонска ќеса може да се употребат чисти, суви, стаклени тегли со соодветни капачиња.

Доколку има сомневање за

присуство на не – јаглехидратно гориво, најлонската ќеса да се стави во полиетиленска ќеса.

Примероците треба да се достават до форензиката

најбрзо што може.

Да се води сметка да не дојде до вкрстена контаминација со

други места каде имало несреќа.

Кога некој предмет има остар дел, треба да се спакува во

најлонска ќеса и внимателно да се смести во картонска кутија. За замена, острите делови може да се сместат во картонска

кутија, а потоа да се стават во најлонска ќеса. Доколку е сторено вака, треба да се обезбеди слична контролна кутија, завиткана исто како предметот. Ова треба да се

достави заедно со контролната ќеса.

Остатоци од бензинска бомба (Молотов коктел).

Скршените делови од стакло треба да се спакуваат во

незапечатена картонска кутија, а потоа со лебедов врат да се затворат во најлонска ќеса. (со цел да се превенира дупнување

на ќесата.)

Page 66: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

66 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

Тип на изложен

материјал Земање примероци Чување

2.4 Запалливи уреди

Овие уреди треба да се фотографираат и обезбедат. Во спротивно, да не се допираат. Во случаи каде има потреба од испитување на отисоци да се оствари контакт со форензиката

Доколку се инволвирани запалливи течности, тие да се постават во исправена позиција во цврста кутија, а потоа со лебедов врат да се запечатат во најлонска ќеса

2.5 Други предмети поврзани со пожар пр. изгорена хартија, електрични предмети, гасни уреди, рачно изработена пиротехника и др.

Да се допираат најмалку што може.

Да се спакува во цврста кутија или конзерва и да се обезбеди.

Доколку се верува дека предметите имаат трагови од забрзувачи, додатно да се запечатат во најлонска ќеса со лебедов врат.

2.6 Брисови од раце За анализа на забрзувачи да не се поднесуваат брисови од раце – во моментов на постои ефективен начин за откривање на запалливи течности кои останале на кожата.

Специјални мерки на претпазливост

никогаш да не се сушат предметите за кои има сомневање дака имаат остатоци од поттикнувачи на пожар пред да се спакуваат.

Предмети на кои треба да им се направи анализа за присуство на испарливи материјали никогаш да не се ставаат или транспортираат заедно со контролни примероци за присуство на запалливе сретсва во пожар.

Брисови не смеат да се користат за земање примерок од мокра површина. Доколку не е можно да се земе примерок на друг начин, тогаш треба да се употреби чисто и суво платно. Исто така треба да се поднесе и контролен примерок.

Page 67: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 67

Page 68: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

68 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

11. Staklo

Тип на изложен примерок

Земање примерок Чување

1.Контролни примероци Да не се заборава дека на скршеното стакло е можно присуство на траги од чевли и/или крв и др. Може да се земе брис од крвта, но не треба да се презема ништо за земање на трагите од чевли од стаклото. Освен кога со употреба на пудра за отисоци е откриено присуство на трагови од чевли на стаклото. Доколку е можно треба да се поднесе целиот предмет. Како резултат на деликатната природа на траговите откриени со помош на пудра, трагот треба да се подигне и да не се транспортира.

Да се соберат неколку парчиња од стаклото (по можност 6) од околината каде се случило кршењето.

Кога е скршен повеќе од еден прозорец или предмет, да се соберат неколку парчиња (по можност 6) од сите скршени прозорци или предмети.

Стаклото кое е земено како примерок треба да ја има оригиналната дебелина и треба да биде примерок за сите присутни типови на стакло.

Стаклото треба да се собира од самата рамка , а на од тлото и сл. Доколку примероците се собрани од тлото, потребно е тие да се означат како такви.

Пред да се извади стаклото треба да се означи која е неговата внатрешна, а која надворешна страна.

Да се направи скица за големината и висината на прозорецот и доколку е познат, начинот на кршење пр. паднало стаклото или било скршено со цел да се оневозможи кривецот да се искачи. (вообичаено кога прозорецот не е регуларно отворен)

Стаклото од секој прозорец или предмет да се спакува одделно. При поднесување на формуларот да се назначи бројот на скршени прозорци. Примероците прво да се стават во полиетиленска ќеса, а потоа во цврста картонска кутија со точна големина и капак што се запечатува. Стаклото да не излегува од садот. Примерокот да се запечати најбрзо што е можно со цел да се превенира истекување или повреда. Кутиите за примероци од стакло се пластични и проѕирни.

Ламинирано стакло од шофершајбна

Да се земат двете страни од ламинатот. Со цврсти ножици да се отсечат делови и притоа да се носи заштита за очите.

Примероците прво да се стават во полиетиленска ќеса, а потоа во цврста картонска кутија со точна големина и капак што се запечатува. Стаклото да не излегува од садот.

Page 69: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 69

Тип на изложен

примерок Земање примероци Чување

2. Примероци 2.1 Делови од исчешлана коса.

Примероците да се земат пред да се соблече облеката. Да се употреби чист, нов чешел со запци достапен во опремата за чешлање. Косата да се чешла врз големо парче хартија.

Чешелот и исчешланата коса заедно да се завиткаат во хартија. Тоа да се запечати во плик или полиетиленска ќеса, осигурувајќи, притоа, дека сите рабови и отвори се запечатени. Да се чува на ладно и суво место.

3. Детерминирање на правецот на силата на кршење

Да се собере целото скршено стакло. Одвнатре или однадвор да се обележи кои парчиња се извадени од рамката.

Да се спакуваа во кутија и, ако е можно, прозорецот да не се допира.

4. Физичка сила

Кога има траги од примена на физичка сила треба да се поднесе целото скршено стакло.

Да се осигура дека при транспорт оштетените површини се заштитени од дополнително оштетување.

Напомена Да се извести форензиката за било какво легитимно доближување до скршено стакло. Пр. доколку осомничениот е стаклар или работи во склад за старо железо или доколку има било каква врска со кршење стакло или некој друг материјал.

Page 70: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

70 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

12. Tragi Тип на изложен

материјал Земање примероци Чување

Траги од чевли Дводимензионални траги

Доколку е можно, целиот предмет да се достави до форензиката пр. хартија, картонска кутија, скршено стакло, облека, врата и др. Ако ова не е можно да се направат фотографии околу трагот, со два линијари поставени под прав агол, еден кон друг . Камерата да се постави рамно и паралелно со трагот. Доколку трагот е сув или валкан, пред примена на било каква техника, да се употреби електростско засилување. пр. желатински или лепливи засилувачи. Доколку трагот бил мокар или влажен кога е направен, а се исушил со текот на времето, да се употреби црн желатински засилувач или пудра со црн желатински засилувач. (да не се заменува ацетатната хартија) или чиста леплива хартија. Пред да бидат подлежни на ваков тип на засилување, трагите треба да се фотографираат.

Секој од предметите треба да се спакува одделно во кутија или папка и да се осигура дека е добро запечатен. Да не се ставаат FWM директно во полиетиленската ќеса. Кога се поднесуваат фотографии, да се обезбедат негативите или црно – белите фотографии. Кога се поднесуваат негативи да се достават и ознаките и линијарите кои се појавуваат на сликата со цел вработените полесно да ја достигнат екзактната големина на фотографијата. Електростатското засилување треба да се стави во цврсти папки или да се заштити во кутии со самолеплива трака. Кога засилувачот покрива голема површина, специјалниот лист за засилување треба да се замота со сребрената страна нанадвор и да се стави во кутија. Засилувачот да не се фрла пред да биде направена анализа на соодветни услови – во темно со употреба на косо светло.

Page 71: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 71

Напомена Предмети на кои има траги не треба да се сместуваат директно во пластични ќеси. Предмет за испитување Земање примероци Пакување

1.2 Тридимензионални траги Трагите да се фотографираат со линијар на лице место. Да се направи обид за осигурување дека линијарот е на истото ниво како и трагот – ако тоа не е можно, да се измери длабочината на трагот под линијарот. Трагот да се излие со употреба на метеријал за земање отисок.

Кога се поднесуваат фотографии, да се обезбедат негативите или црно – белите фотографии. Кога се поднесуваат негативи, да се достават и налепниците или линијарите кои се појавуваат на сликата, со цел вработените полесно да дојдат до точната големина на фотографијата. Да се спакува во цврст сад за да се заштити површината. Да не се отстрануваат лепливите материи од она што е излиено.

1.3 Скриени траги Кога се можни методи за засилување, целиот предмет да се поднесе до форензиката. Ако тоа не е можно, да се разговара со форензиката за засилување на трагите на местото на настанот.

2. Траги од автомобилски гуми.

Пред да се излие примерок од трагата од автомобилска гума треба да се измери и обележи растојанието, според диаграмот на сликата, со што возможни модели на возила одговорни за оставање на трагите можат да бидат востановени преку компарирање со базите на податоци на произведувачот. Да се соберат примероци исти како за тридимензионалните траги од чевли. Да се засили калапот со употреба на алатки или слично. Трагот треба да се реконструира колку е можно повеќе. Фотографии и скици од сцената на кои ќе бидат обележани сите траги и оние кои се веќе земени, треба да се поднесат до форензиката.

Идеално е поднесување на гумата заедно со тркалото и сите тестови за траги направени над гумата и тркалото. Како замена може да се организира поднесување на возилото до форензиката.

Page 72: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

72 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

КОГА СЕ ЗЕМААТ ИЛИ ПОДИГААТ ОТПЕЧАТОЦИ ОД АЛАТ ТРЕБА ДА СЕ ЗЕМАТ КАКО ВТИСНАТИТЕ ТАКА И ПОТПОРНИТЕ ОТПЕЧАТОЦИ

Потпорен отпечаток Втиснат

отпечаток

Page 73: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 73

Предмет за испитување

Земање примероци Пакување

3. Траги од алати 3.1 Втиснати траги пр. траги од инструменти за сечење, траги направени со сила на подигање, рачно направени траги, траги од контакт на површината.

Секогаш кога е можно треба да се поднесат предметите на кои се направени трагите. пр. сефови, рамки од прозорци, струготини од дрво.

Да се земат во предвид сите траги, а не само оние на влезното место. Исто така да се запамети дека трагот може да има две страни и трагите направени со сила на подигање можат да бидат важни.

Доколку горенаведеното на е можно, да се направи фотографија од целата локација на трагот. На фотографијата да се означат сите траги направени при отстранување на предметот. Да се означи врската меѓу трагот и настанот: внатре, надвот и тн.

Доколку има потреба од правење калап да се користат Isolmark и/или Silocest кои се тестирани и одобрени од форензиката. Да се земат преимероци за боја ако е потребно.

Да се спакува во било кој сад со приближно соодветна големина, внимавајќи да се заштити оштетениот дел, со цел да се превенира губење на материјал. Доколку предметот треба да се исече на местото на настанот да се осигура дека приборот за сечење е јасно означен и остава доволно материјал околу трагот, со што тој нема да биде оштетен. Со маркер кој не се брише, да се означи на калапот, која страна е долу, горе, внатре, надвор. Да се запечати во осигурена амбалажа.

3.2 Исечени предмети Да се поднесат сите исечени краеви од жици, јажиња, метали и сл. Да се осигура дека сите отстранети исечени делови се јасно означени. Кога се поднесуваат брави и катанци, задолжително да се поднесе и клучот.

Во било кое пакување што одговара. Да се осигура дека сите краеви се запечатени со цел да се избегне губење на мтеријал.

Исечените делови да се чуваат од метални предмети за кои е употребена маст или вазелин за да се заштитат од за‘рѓување и да се назначат сите исекотини направени при отргнување. Како и за останатите траги, да се обезбедат фотографии, скици и дополнителни информации.

3.3 Алати/Инструменти

Безбедно пакување кое ќе осигура дека сечивата и шпицовите се заштитени и дека материјалите од трагите на сечивата и шпицовит не се оштетени, загадени или изгубени. Да се пакува со употреба на футрола за ножеви или кутија кога е можно.

Page 74: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

74 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

Предмет за испитување

Земање примероци Пакување

3.4 Контролни примероци пр. дрво и боја од оштетени површини.

Да се обезбедат примероци од оштетените површини. Да се внимава да не дојде до оштетување на трагите од инструменти доколку има такви.

Да се спакува зо запечатена картонска кутија или двојно да се замота во полиетиленска ќеса оспособена за големи тежини.

Да се обезбедат острите делови за да не можат да ја пробијат амбалажата.

4. Траги од ткаенини или ракавици

Да се соберат примероци исти како за дводимензионални траги од чевли.

Доколку е можно целиот предмет да се достави до форензиката пр. хартија, картонска кутија, скршено стакло, облека, врата и др. Ако ова не е можно да се направат фотографии околу трагот, со два линијари поставени под прав агол, еден спрема друг . Камерата да се постави рамно и паралелно со трагот. Доколку трагот е сув или валкан, пред примена на било каква техника, да се употреби електростско засилување. пр. желатински или лепливи засилувачи.

Доколку трагот бил мокар или влажен кога е направен, а се исушил со текот на времето да се употреби црн желатински засилувач или пудра со црн желатински засилувач. или чиста леплива хартија. Пред да бидат подлежни на ваков тип на засилување, трагите треба да се фотографираат.

Секој од предметите треба да се замота одделно во соодветен сад, како кутија осигурена и добро запечатена.

Кога се поднесуваат фотографии, да се обезбедат негативите или црно – белите фотографии. Кога се поднесуваат негативи, да се достават и налепниците или линијарите кои се појавуваат на сликата, со цел вработените полесно да дојдат до точната големина на фотографијата.

Фолијата од електростатското засилување треба да се стави во цврсти папки или да се заштити во кутии со самолеплива трака. Кога засилувачот покрива голема површина, специјалната фолија за засилување треба да се замота со сребрената страна нанадвор и да се стави во кутија. Засилувачот да не се фрла пред да биде направена анализа на соодветни услови – во темно со употреба на бела странична светлина.

5.Чевли за вообичаено

носење. Станува збор за

алтернативни начини за поврзување на чевли со некоја личност преку ДНК или трансфер на

влакна.

Чевлите со сомнително потекло да се поднесат заедно со слични чевли за кои е познато дека биле носени од осомничениот. Со мастило, да се направат на хартија отисоци од начинот на одење и начинот на стоење на осомничениот. Да не се земаат отисоци од стапала.

Горниот дел од чевелот може да се исече – треба да се добие дозвола од инспекторот пред поднесувањето во форензиката. Да се стави во кафена хартија, да се запечати и да се означи. Да не се употребуваат полиеттленски ќеси за пакување на чевли зашто може да дојде до мувлосување.

Page 75: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 75

Page 76: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

76 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

13. Ostanati tragi Под различни траги се подразбираат голем број материјали. Доколку примероците можат да бидат обновени и анализирани тогаш е возможно форензиката да биде способна да ја направи компарацијата. Доколку постои сомневање треба да се оствари контакт со форензиката или со специјализиран советник. Она за што е потребна специјална грижа е наведено долу. Да се следат советите против загадување кои се содржат во прирачников. Да се запамети можноста за употреба на физичка сила. Трагите вклучуваат: пластика, гума, лубриканти, шминка, лепак, сапун, детергент, битумен, храна, хемикалии и градежни материјали вклучително со стаклена волна, кит, цигла, песок, прашина и др.

Примероци за испитување

Земање примероци Чување

1. Метали 1.1 Контролни примероци Во случај на кражба со

метал, а се запамети дека е можна употреба на физичка сила и траги од алати за сечење .

Да се спакува во уредно запечатен, соодветен сад. Острите краеви да се заштитат за да не дојде до продупчување на амбалажата, загадување на примерокот или повреда.

1.2 Предмети за обновување траги. Да се запамети дека и штравцигери, пломби и сл. можат да се испитуваат. Истражувања се прават и на површини од парички и накит. Кога е потребно може да се анализираат и запалливи сретства.

Доколку е можно да се поднесе целиот предмет. Да се побара совет од акредитирани лица, доколку станува збор за сомнителни материјали.

Секој предмет да се завитка одделно и цврсто да се запечати Да се следат добиените совети.

Ленти (аудио, видео) Да се поднесат ленти од површини, кожа и др.

Лентите да се поднесат во запечатени полиетиленски ќеси. На секоја лента да се означи точната локација.

Page 77: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 77

Примероци за испитување

Земање примероци Пакување

Земање брис од раце (за испитување на присуство на траги од метал пр. железо, бакар.)

Откако ќе се земат примероци од просторот, треба да се земат и брисови од рацете на следниот начин. Да се измијат рацете Доколку има, да се стават ракавици за една употреба. Доколку нема ракавици, брисот да се подготви како што е наведено подолу и да се земе сопствениот брис од двете раце пред да се земе брис од осомничениот. Да се земе тенко парче хартија (приближно 2.5cm х 2.5cm) да се навлажни со вода и да се исцеди вишокот. Да се подготват други брисови и да се употребат за десната рака на осомничениот. Истото да се повтори и за левата рака.

Да се употреби стандардната форензичарска опрема за собирање остатоци од пожар или онаа за земање примероци за метални траги кај затвореници. Брисот да се стави во мала полиетиленска ќеса, запечатена и означена: „ЧИСТ КОНТРОЛЕН ПРИМЕРОК“ Брисовите да се спакуваат, запечатат и означат соодветно.

2.Материјали на база на бензин

2.1 Течни контролни примероци. (бензин, дизел, течност за кочници)

Доколку е можно треба да се поднесе целиот предмет. Да се побара совет од акредитирани лица, доколку станува збор за сомнителни материјали.

Примерокот да се поднесе во соодветен чист метален или стаклен сад со капаче на завртување. Садот треба да се запечати во најлонска ќеса и да се стави во цврст сад кој служи за заштита од удар. Шишиња со крв и други садови што имаат гумени затварчи или пластични виали, треба да се избегуваат.

Page 78: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

78 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

Предмет за испитување

Земање примерок Пакување

2.2 Контролни или примероци од масло или маст на предмети што не може да бидат поднесени до форензиката. (пр. површина на пат.)

Со употреба на сува филтер хартија (достапна од форензиката) да се земе брис од околината или да се употреби брис. Формулари за филтер хартијата и брисовите мора да се поднесе во сите случаи. Ако предметот е од цврст или полу-цврст материјал (пр. битумен или масло) со помош на чист нож да се загребе од површината.

Брисот или примерокот да се стават во чист стаклен сад со сигурносно капаче или конзерва. Да се заштити внатрешноста на пластичните капачиња и гуменит затварачи од напад на хемикалии со употреба на алуминиумска фолија за готвење или најлонска трака.

2.3 Контролни или примероци од масло или маст од мотори на возила или долна површина.

Кога е можно возилото да се транспортира до форензиката. Во некои случаи возење на возилото до форензиката е возможно. Доколку ова не е можно, да се земат индивидуални примероци од свежо оштетените делови на долната површина од возилото и мали индивидуални примероци од најниските делови. Примероците може да се земат во вид на капки, или треба да се загребат со чист нож. Moже да се земе и со бришење со сува филтер хартија или брис. Да се има во предвид дека е можно земање примероци за влакна, и да се запамети дека може да има присуство на траги од текстил.

Секој од предметите да се спакува одделно (како што е погоре наведено) и да се означи нивниот точен извор и потекло.

Доколку е можно, целиот предмет да се поднесе до форензиката.

Секој од предметите да се завитка одделно и цврсто да се запечати. Да се внимава дамките од масло да не дојдат во допир со други материјали. Битните дамки може да се заштитат со алуминиумска фолија

Page 79: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 79

Примероци за испитување

Земање примероци Пакување

2.5 Брисови од раце Да се користи чист, сув памук или тенка хартија.

Да се поднесе неупотребен, чист примерок како контролен.

Доколку не се достапни ракавици за една употреба, треба да се поднесе брис од рацете на лицето кое го земало брисот.

Секој од примероците да се пакува и означи одделно.

2.6 Интимни брисови за лубриканти или контактни траги од навлегување на предмети.

За детали во врска со земањето примероци да се одрне внимание на препораките за медицинско испитување. На брисовите да се означи редоследот по кој се земени и локацијата каде е направено тоа.

Брисовите веднаш да се вратат во соодветната амбалажа/туба и да се запечатат. Да се замрзне што е можно побрзо.

3. Земја Да се земат три или четири контролни примероци од сомнителните места.

Да се земат уште еден или два примерока од околината во радиус од 3-4 m. Да се земе примерок од површината на земјата со употреба на шпакла. Кога е пронајдена трага од чевел, да се остави секој примерок што е залепен за калапот, но исто така да се земат примероци од опкружувањето, онака како што е погоре наведено.

Секој од примероците да се спакува одделно во соодветно запечатени хартиени ќеси за поголема тежина. Да се вклучи скица на која ќе бидат означени местата од каде се земени примероците.

4. Материјали од растенија

Идеален е свежиот материјал. Алгите мораат да се чуваат мокри зашто не можат да се оживеат ако се исушат. Речиси сите останати растенија може да се идентификуваат од исушен материјал. Лисја – од голема корист. Мов – Се претпочита патеката која е создадена во контакт со него. Да се вклучат и капсулите Семе и мешавини од семиња – да се осигура дека се вклучени сите типови. Цветови – најмалку едно целосно растение кое има цветови и стебло, но не и корења.

* Примерокот да се транспортира до форензиката колку што е можно побрзо и да се даде до знаење дали има присуство на мокри или влажни примероци. * Доколку примероците растат во вода, да се сочуваат така со тоа што ќе се спакуваат во тегла или полиетиленска ќеса со капаче на завртување. Да не се чуваат така подолого од 24 часа. * Мокрите предмети може да мувлосаат затоа треба да се стават во фрижидер. *Сувите примероци да се спакуваат во хартиени ќеси.

Page 80: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

80 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

Примерок за испитување

Земање примерок Пакување

5. Дрво Примероците треба да се земат на влезнат точка или од оштетениот простор. За најголем дел од случаите ќе биде побаран примерок во форма на коцка со приближна големина 1 цм2. За површини од шперплоча и фурнир потребен е примерок од 2цм2. За иверка, цврсто дрво и сл потребна е површина од 10цм2. За безбедено пренесување на струготини, да се наполни половина од полиетиленската ќеса 20цм – 15цм.

Доволни се добро запечатени ќеси или садови. Да се осигура дека сите рабови се запечатени за да се избегне загадување. Потоа треба да се стави во две дебели полиетиленски ќеси.

Page 81: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 81

Page 82: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

82 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

14. Boi

Примероци за испитување

Земање примероци Чување

1. Контролни примероци

Примероците да се земат од најблиското можно место до оштетената површина. Со употреба на нов скалпер за една употреба да се земат примероци директно од дрвената основа или металот и скалпелот со кој е земен примерокот да се поднесе. Истурени или испрскани бои. Доколку е земен примерок за траг од оружје од прозорска рамка, тоа може да служи и како примерок за боја.

Секој од примероците да се стави во одделен сад во кој има однапред подготвена хартија. Хартијата да се наполни со медицинска пудра. Да се осигураат затварачите и да се стават во плик или полиетиленска ќеса со запачатување на сите рабови и отвори. Скалпелот да се стави во запечатена пластична ќеса, а потоа во цврст сад. Најдобар контролен примерок е канчето со боја или аеросол. Кога примерокот од боја е дел од траг од алат кој се испитува, тој треба соодветно да се заштити.

2. Трансферирани примероци.

Обоени предмети – да се поднесе целиот предмет, кога тоа не е мможно да се земе примерок. Боја на возило – да се земе примерок од бојата се додека не се појави металот. Истурена или испрскана боја – да се отстрани соодветен примерок од екстрактот пр. автомобил, ѕид и др. Заштитна боја – честопати има несоодветност во композицијата. Овие промероци треба да се земат од сите делови каде се дистрибуирани. Кога е можно да се поднесе намачканата површина недопрена.

Мокра боја.

Примероците да се соберат во претходно наполнето, чисто парче хартија, и тоа да се запечатат како медицинска пудра. Да се осигураат затварачите и да се стават во плик или полиетиленска ќеса со запечатување на сите рабови и отвори. Да се затвори во полиетиленска ќеса или стаклен виал.

Напомена Кога на местото на настанот се останати делови од боја, можно е да се детермиитра прецизната боја и произведувачот на возилото.

Page 83: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 83

Примероци за испитување

Земање примероци Чување

2.1 Исчешлана коса Да се употреби чист, нов чешел со запци достапен во опремата за чешлање. Косата да се чешла врз големо парче хартија.

Чешелот и исчешланата коса заедно да се завиткаат во хартија. Тоа да се запечати во плик или полиетиленска ќеса, осигурувајќи се дека сите рабови и отвори се запечатени.

2.2 Боја трансферирана на кожа

Трансферираната боја од површината на кожата можа да се загребе со употреба на чист тап метален инструмент. Доколку ова се покаже како неуспешно да се контактира форензиката за дополнителни совети. Да не се зема брис од рацете на осомничениот со употреба на разредувач.

Примерокот да се стави во плик, хартиено пакување или полиетиленска ќеса. Да се чува на ладно и суво место.

2.Физичка сила Да не се заборава можноста за споредување на рабовите или континуираноста на трагата на пренесените примероци боја со оригиналот.

Кога има сомнение за примена на физичка сила треба да се поднесте целата боја или оштетената површина.

Да се осигура дека оштетената површина ќе биде заштитена од додатно оштетување или нарушување при транспорт.

Напомена Примероци од боја од било каков тип не смеат да се ставаат на леплива трака.

Page 84: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

84 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

15. Toksikologija Овој дел се справува со случаи во кои спаѓаат: Анализите на биолошки примероци за алкохол, злоупотреба на дрога, препишани лекови, отрови и испарливи субстанции/ разредувачи. За случаи во кои спаѓаат:

Поседување на контролирани дроги. Намера за продавање, или продавање на контролирани дроги. Производство на контролирани дроги.

Да се обрне внимани на делот 7 од прирачникот – Дрога

За случаи во кои спаѓаат: Испитување на телесни течности и примероци за кои е потребна ДНК анализа или конвенционално групирање.

Напомена Ракувањето со телесни течности може да биде опасно по здравјето. Дадените препораки мора да бидат стриктно почитувани при земање, ракување и транспортирање на биолошки материјали. Да се обрне внимание на делот 1 од прирачникот, за здравје и заштита за дополнителни препораки.

Важно е да се нагласи дека при остварување на целта на испитувањето и со сите релевантни познати информациии да се работи со научник (во отсуство на ова, анализите може да заземат погрешен тек). На пример:

Било кои покажани симптоми и друг медицински информации можат да помогнат во идентификувањето на дрогата или отровите.

Информации сврзани за предмети пронајдени на местото на настанот пр. прибор за дрогирање, било кои субстанции за кои е познато или има сомневање дека биле конзумирани или ракувани од страна на жртвата/осомничениот пред, за време на или после инцидентот.

Информации сврзани за препишани лекови или дроги со кои се работи во болници или од страна на форензичарски медицински испитувачи/полициски хирурзи.

Во случај на смрт, условите во опкружувањето каде настапила смртта, доколку е познато времето кога настапила смртта, состојбата во која е телото кога е пронајдено, информации за дадени дроги во обидот за спасување на животот и фотокопија од патолошкиот извештај ако е можно.

Page 85: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 85

1. Сериозни напади (Пример: убиство, убиство без предумисла, силување) Често е неопходно да се детерминира дали жртвата или осомничениот бил под дејство на алкохол, дрога или други субстанции во времето кога се случил инцидентот. Ова може да го објасни однесувањето или да ја докаже неспособноста на жртвата да се брани пр. „дрогирање - силување“. Актуелната комбинација на дроги или дрога и алкохол што е пронајдена може да биде значајна. 1.1 Потребни примероци – живи објекти Примероци од крв и урина се земаат во секој случај и тоа колку што е можно побрзо по инцидентот. Задоцнување при земање на примероците може да резултира со тоа релевантните дроги или отрови да бидат веќе метаболирани (разложени од процесите што се одвиваат во организмот) и постепено екскретирани па оттука и неидентификувани. Доколку е поминато долго време меѓу инцидентот и земањето примерок, тогаш се важни примероците од урината, зашто таа може да ги задржи доказите од претходно употребените дроги/алкохол подолго отколку крвта. Примероци за испитување

Земање примероци Чување

Крв за алкохол и дрога

Се претпочитаат 10 ml (актуелниот волумен на потребна крв варира во однос на ситуацијата, 10 ml не се потребни во сите случаи. Анализата може да се изведе и кога е достапна мала количина крв, како и да е успешноста може да се ограничи) Да се земат 10 ml крв од вена во сад за крв. За заштита да се стави преграда и цврсто капаче на завртување. Да се преврти неколку пати за да се измеша со презервативот. Доколку има сомневање за присуство испарливи супстанции (злоупотреба на разредувачи) тогаш дел од крвта мора да се стави во RTA виал со преграда и алуминиумско капаче (овој виал го нема во опремата). RTA виалот треба да се наполни приближно до половина, а остатокот од крвта да се стави во снабдениот сад.

Стаклениот сад да се стави во сигурносен сад, а потоа во заштитна доказна ќеса. Да се стави во фрижидер или замрзнувач.

Page 86: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

86 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

Примерок за испитување

Земање примероци Чување

Урина За алкохол и дрога

Се претпочитаат најмалку 20 ml. Да се користи сад со флуориден презерватив. (30 ml RTA сад за алкохол во урината). Урината треба да помине низ сад за собирање и приближно 20 l од тоа да се претурат во сад за урина (да се наполни до каде што е означено, а не повеќе). Капачето да се заврти неколку пати и да се затвори јако. (Да не се трга таблетата за презервирање). Презервирањето на урината е неопходно за корисно детерминирање на алкохол и анализа за дрога. Анализа за дрога може да се направи и со непрезервирана урина. Примерокот од урината може да се земе веднаш, под стручен надзор. Не е неопходно присуство на полициски хирург/форензичар за медицинско испитување додека се зема примерокот.

Садот да се стави во заштитен сад, а потоа да се смести во заштитна доказна ќеса. Да се стави во фрижидер или да се замрзне.

Коса При употрба на дрога во случаи на сексуално насилство

Од највисоката точка на главата да се земе прамен од косата со дебелина приближно колку молив. Доколку донорот има сериозни забелешки околу тоа, тогаш може да се земе примерок од тилот или вратот, во задниот дел од глават близу до вратот (косата од овие делови не е соодветна доколку е потреба одреден должина). Влакната од праменот треба да се поврзат со памук најблиску што е можно до главата. Прамените да се сечат најблиску што е можно до главата. Во случаи кога објектот нема коса на глават, може да се земат примероци од пубичниот или градниот предел. Влакна од под пазувите треба да се користат кога нема други кои се достапни.

За да се зачува косата во добра состојба, да се завитка во фолија и да се означи каде е пресечен праменот. Да се стави во полиетиленска ќеса со сигурносен доказен запечатувач. Да се чува на собна температура.

Крв За алкохол и дрога, карбон моноксид и растворувачи.

Се претпочитаат најмалку 20 ml. Презервирање на крвта е неопходно за корисно детерминирање на алкохол и анализа за дрога – да се користи сад со флуориден презерватив и антикоагуланси пр. запечатен виал со преграда од 30 ml, тип RTA. Универзален со флуорид/оксалат Анализа за дрога може да се направи и со непрезервирана крв и употреба на сад со антикоагуланси (EDTA мановета EDTA стерилин или чист стерилин)

Да се стави во фрижидер или да се замрзне.

Доколку субјектот е примен во болница и доколку се земени примероците пр. трансфузирана крв, тие треба да се зачуваат и да се поднесат до форензиката во нивниот оригинален сад.

Во случаи кога се злоупотребени испарливи субстанции пр. тулон, бутан примероците од крв треба да се земат најбрзо што може и да се стават во гумен, запечатен RTA виал со преграда во кој има презервативи и антикоагуланси. Примерокот мора да се замрзне или заледи ако е можно и да биде испратен до форензиката најбрзо што е можно зашто овој тип на случаи мораат да се процесираат многу брзо. Сите контролни растворувачи треба да се спакуваат одделно (сигурно запечатени во најлонска ќеса) и да се чуваат далеку од биолошките примероци.

Page 87: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 87

Примерок за испитување

Земање примероци Чување

Урина За дрога и алкохол

Се претпочитаат најмалку 20 ml. Презервирањето на урината е неопходно за корисно детерминирање на алкохол и анализа за дрога. Да се користи сад со флуориден презерватив и антикоагуланси пр. запечатен виал со преграда од 30 ml, тип RTA. Универзален со флуорид/оксалат. Анализа за дрога може да се направи и со непрезервирана урина и употреба на сад со антикоагуланси (EDTA мановета, EDTA стерилин или чист стерилин)

Да се стави во фрижидер или да се замрзне

Стомак и содржини За дрога

Сад со капаче на завртување пр. Бела пластична туба. Да се вклучи целиот материјал.

Да се стави во фрижидер или да се замрзне

Црн дроб За дрога

Сад со капаче на завртување пр. Бела пластична туба. Приближно 50-100 g

Да се стави во фрижидер или да се замрзне

Бели дробови За растворувачи. Овие примероци може да бидат корисни во случаи на злоупотреба на материјали што испаруваат пр. вдишување лепак.

Кога има сомневање за присуство на растворувачи да се стави и запечати во најлонска ќеса, а потоа во запечатен сад. пр. бела пластична туба. (Било кој контролен растворувач мора да се спакува одделно, безбедно да се запечати во најлонска ќеса и да се чува далеку од биолошките примероци)

Да се стави во фрижидер или да се замрзне

Стаклесто тело За алкохол и дрога од декомонирани или изгорени тела.

Сад со флуориден презерватив пр. запечатен RTA виал со преграда

Да се стави во фрижидер или да се замрзне

Page 88: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

88 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

Сите примероци од крв за токсиколошка анализа мораат да се земат од периферните делови пр. феморална вена. Примероците треба да бидат обележани. Крвниот сад треба да се изолира за да се заштити загадување на другите крвни садови.

Да не се полни садот сосема, може да се скрши при замрзнување. Да не се користи болнички тип флуорит/оксалатен сад, може да немаат доволна количина презервативи.

Во најголем дел од случаите анализите може да се направат со употреба на примероци од крв и урина, како и да е останатите приемроци наведени во табелата може да бидат побарани во зависност од условите на случајот. Опрема за земање примероци при аутопсија содржи соодветен сад за крв, урина, стомачни компоненти, црн дроб и стаклесто тело.

Кога смртта настапува во болница, сите предсмртни примероци пр. трансфузирана крв треба исто така да се достават до форензиката. Ова е особено важно во случаи кога има задоцнување меѓу инцидентот и смртта.

2. Сомнеж за труење

Постојат голем број на потенцијални отрови и целни или систематски аналитични процеси за дрога/отрови се прават во зависност од условите на случајот. Во ваков тип на случаи особено е важно да се оствари комуникација меѓу токсикологот и инспекторот пред да се поднесат примероците.

2.1 Сомнеж за труење на луѓе Живи луѓе – треба да се земат примероци од крв и урина и да се спакуваат како што е опишано во табелата погоре (параграф 1.1: Потребни примероци – живи луѓе)

Починати луѓе - треба да се земат примероци од крв и урина и да се спакуваат како што е опишано во табелата погоре (параграф 1.2: Потребни примероци – починати луѓе)

Примероци од вомитирање или испирање на стомак може да бидат достапни и треба да се соберат и спакуваат во сад со капаче на завртување.

2.2 Сомнеж за расипана храна, пијалаци и лекови

Доколку има потенцијална опасност или треба да се направи брза целна анализа, неопходен е претходен разговор со токсиколог.

Важно е да се поднесе соодветен контролен (нерасипан) примерок од храната, пиајалакот и лековите.

Идеално е храната да се замрзне (во спротивно да се стави во фрижидер) и да се поднесе до форензиката колку што е можно побрзо. Пијалаците и лековите вообичаено можат да се сместат во фрижидер. Предметите што содржат течност да се држат во исправена позиција и ако е можно во нивниот оригинален сад. Ако садот не може да се запечати лесно и безбедно течноста да се префрли во сад што може да се запечати и заедно со оригиналниот сад да се достави до форензиката.

3. Случаи во кои се врши анализа на лешот Во вакви случаи, не мора да значи дека има природна причина за смртта пр. предозирање со дрога. Од научниците се бара да детерминираат дали има доволна количина дрога/отров во ткивата за да дојде до смрт или не, или да докажат дека откриената супстанција може да биде важна причина за смртта на лицето.

3.1 Потребни примероци

Опрема за земање примероци при аутопсија содржи соодветен сад за крв, урина, стомачни компоненти, црн дроб и стаклесто тело. Погледни ја табелата погоре (параграф 1.2: Потребни примероци – починати луѓе)

Во случаи кога смртта настапува во болница, треба да се зачуваат сите претсмртни примероци пр. крв во нивните оригинални пакување и да се достават заедно со посмртните примероци. Изборот на примероци за анализата зависат од условите на случајот.

Page 89: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 89

4. RTA Случаи Процедурите кои треба да се следат во случаи под RTA пр. возење со ниво на алкохол поголемо од дозволеното, возење во моменти на неспособност под дејство на дрога или алкохол, вклучително се примероци земени во болница се опишани во полициските формулари

Постои специјална опрема за собирање на крв и урина. Во случаи на злоупотреба на алкохол до форензиката треба да се поднесат сите пијалаци, чаши, садови, шишиња и др., притоа тие треба да бидат безбедно спакувани и запечатени. Да се означи било кој сад (чаши, шишиња и др) соодветно за да покажува до каде е нивото на течноста во него. Предметите кои содржат течност да се држат во исправена позиција и ако садот не може да се запечати лесно и безбедно течноста да се префрли во некој што може да се запечати и заедно со оригиналниот сад да се достави до форензиката.

Моментални ограничување за алкохол според член 234 од Законот за безбедност на патиштата на Република Македонија се:

0,5 g на литар (или 0,5 промили)

4.1 Возење под дејство на дрога Постои дефиниран лимит за алкохол во телесните течности што означува дали станува збор за прекршок. Во однос на случаите на возење под дејство на дрога, не е вака. Доказ за неспособност е легално барање. Во најголем дел од ваквите случаи се следат три доказни елементи:

Сведочење на очевидец (вклучително со полицаец) за ненормално однесување на возачот.

Мислењето на полицискиот хирург/форензичкиот медицински испитувач дека осомничениот бил под дејство на дрога, после направеното медицинско испитување.

Доказите од форензиката дека присуство на дрога во телото на прекршителот била причината за несоодветниот начин на возење.

Најсилниот случај би ги вклучил сите три елементи, меѓутоа не е неопходно сите да бидат присутни како и да е тоа може да влијае на одлуката.

Бидејќи постојат голем број дроги кои можат да предизвикаат несоодветно воезење, нивното ниско ниво во телесните течности и лимитираниот волумен на достапни ткива од живи субјекти, важно е да достават до форензиката најмногу информации што може, вклучително со конкретни симптоми, однесување и услови. Всушност дополнително од општиот формулар во форензичарската лабораторија, важно е да се пополни и формуларот.

4.2 Потребни примероци Се препорачува земање на 10 ml крв која ќе се подели на два еднакви дела и ќе се спакува во стандардни гумени RTA виали со преграда и капаче во кои има презервативи и антикоагуланси.

Доколку полицискиот хирург/форензичкиот медицински изпитувач процени дека не е потребно земање крв, тогаш треба да се земе урина и ова треба да биде вториот земен примерок во еден час. Вториот примерок треба исто така да се подели на два еднакви дела и да се смести во стандарден RTA виал за урина (со капаче на завртување и презервативи)

Садот да не се полни сосема, може да дојде до кршење при замрзнување. Крвта и урината треба да се замрзнат Ако понудениот дел од ткивото не е признаен од одбраната, тогаш се дава вториот примерок.

Да се употребат неалкохолни брисови (обезбедени за потребите на RTA) кога се чисти кожата пред земањето на примерокот.

Во случаи каде постои сомнеж за злоупотреба на растворувачи, крвта да се стави во стандарден гумен RTA виал со преграда и капаче во кој има презервативи и антикоагуланси како што е опишано погоре. (параграф 1.1: Потребни примероци – живи луѓе) .

Page 90: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

90 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

16. Vozila

Примерок за испитување

Земање примероци Чување

1.Од местото на настанот Предмети од површината на патот или вклучената област.

* Секогаш кога е можно да се соберат остатоците, а не да се чисти просторот. * Било кој сериски број или обележување на остатоците од возилото треба да бидат забележани пред пакувањето. * Да се соберат и најситните остатоци од местото на настанот

Да се спакува во полиетиленска ќеса за поголема тежина, двојно да се замота и добро да се запечати.

1.1 Боја Од бојата можно е да се дефинира прецизната боја и произведувачот на возилото.

Да се соберат од местото на настанот остатоците од сите возила што се замешани во инцидентот.

Да се спакува во картонска кутија претходно обложена со хартија, а потоа во полиетиленска ќеса или плик. Сите рабови да се затворат со леплива трака

1.2 Стакло Пр. прозорци, огледала, светилки, фарови и сл

Да се соберат од местото на настанот остатоците од сите возила што се замешани во инцидентот.

Да се спакува во цврста картонска кутија. Да се запечатат сите рабови осигурувајќи се дека стаклото не може да предизвика оштетување или загадување.

1.3 Друго Пр. број на шасија, автолимарски работи, филтри, антени и др

Да се соберат од местото на настанот остатоците од сите возила што се замешани во инцидентот

Да се спакува во соодветно запачатени садови осигурувајќи се дека острите рабови не можат да го пробијат пакувањето и дека не може да дојде до загадување.

1.4 Траги од автомобилски гуми За испитување на сообраќајни несреќи треба да се детерминира типот на гумите (затварачите или ротацијата на пример). Ова вообичаено го прави инспекторот на несреќата. Да се обрне внимание на делот 12 – Траги

Да се фотографираат сите должини, мерки и димензии. Да се измери должината на сите траги од кочење. Пред да се испитуваат трагите од гумите, треба да се измери и забележи далечината, како што е дадено во дијаграмот на следната страна, со цел да се овозможи дефинирање на марката и моделот на возилото што е одговорно за несреќата, преку компарација со базата на податоци на произведувачот. Да се обезбедат калапи од отисоците на гумата. Да се засили тридимензионалниот калап со помош на соодветни инструменти.

Page 91: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 91

ПОТРЕБНИ МЕРКИ ОД ТРАГИТЕ ОД ГУМИ

Трага од гума

Трага од гума

Примерок за испитување

Земање примероци Чување

1.5 Примероци од оштетени делови направени при судир Пр. ѕидови, врати и др. Да се има во предвид можноста за идентификување на физички докази пр. втиснати траги од авто – лимарски работи

Да се собере целиот пренесен материјал. За секоја оштетена површина да се земе контролен примерок

Секој од предметите да се спакува соодветно и да се внимава острите делови да бидат заштитени за да не дојде до губење на остатоците. Да се внимава, целиот релевантен материјал како втиснати траги да се заштити од дополнително оштетување при транспорт.

2. Оштетени возила при судири.

2.1 Оштетени делови на возила.

Да се измери висината од земјата до фотоапаратот. Да се зебележат деталите во формуларот при поднесување.

Кога има оштета на челик или лим, брзо се појавува ‘рѓа. Онаму каде има потреба, овие предмети треба да се заштитат од дополнително оштетување со масло за автомобили. Кога е можно треба да се поднесат двата дела од скршениот предмет.

Page 92: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

92 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

Примерок за испитување

Земање примероци Чување

Боја од оштетени површини.

Доколку има знаци за употреба на физичка сила да се оствари контакт со форензиката. Да се земат примероци околу оштетената површина (со цел да вклучува оригинална и пренесена боја) со употреба на чист и остар инструмент. Да се земе примерокот, се додека на се стигна до самиот метал. Судирот често пати го оштетува металот со што доаѓа до напукнување на бојата. Во вакви случаи треба да се земе примерок од (од прилика 10 mm2) од секој автомобил.

Примероците од боја да се соберат во претходно подготвено парче чиста хартија, како за медицинска пудра. Да се наполни хартијата (како за медицинаска пудра) и да се запечати во плик или полиетиленска ќеса запачатувајќи ги сите отвори и рабови.

Стакло и скршени предмети.

Ламинирани шофершајбни

Да се отсече парче од оштетениот прозорец. Да се осигура дека е обележано кој е надворешниот дел од стаклото. Вклучително со додатна опрема како заштитник од сонце.

Да се употреби полиетиленска ќеса, а потоа да се стави во цврста картонска кутија со капак за затварање. Да се запечатат сите рабови и отвори.

Скршени шофершајбни или странични прозорци.

Да се соберат околу 50 парченца од стаклото (една дланка). Да се земе примерок од секој скршен прозорец

Стаклото од секој скршен прозорец или предмет да се спакува одделно во полиетиленска ќеса, а потоа во цврста картонска кутија со капак за затварање. Да се запечатат сите рабови и отвори. Кутии за контролни примероци од стакло се достапни од форензиката.

Различни видови на светилки или огледала.

Да се соберат сите скршени парчиња. Да не се тестира светилката пред да се отстрани. Доколку се случи ова, да се информира форензиката.

Да се спакува во соодветен сад. Внатрешноста на светилките е лесно кршлива – таа мора да се обвитка и да се спакува така што нема да се движи во внатрешноста на пакувањето. На пример со ткаенина во мала кутија. Стаклото треба да се стави во цврста кутија, да се запечатат сите рабови и отвори, а потоа да се стави во полиетиленска ќеса и да се запечатат. Да се заштитат острите рабови за да не пробие надвор од амбалажата.

Page 93: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 93

Примерок за испитување

Земање примероци Чување

Предмети од гума Да се собере целиот материјал кој е пренесен. Да се земат контролни примероци од сите оштетени делови. Доколку е потребно некој од предметите да се сече, исечените делови треба да се идентификуваат од форензиката.

Да се спакува во соодветно запечатен сад, осигурувајќи се дека острите рабови не можат да пенетрираат и дека не може да дојде до загадување.

3. Сомнителни возила при сообраќајни несреќи. 3.1 Возила што треба да се испитаат од страна на форензиката.

Возилото да се донесе до форензиката, со најмал можен товар. Претходно да се информира форензиката. Да не се вози возилото. Може да се изгубат важни докази доколку се одвојат гумите и воланот.

Да се заштитат оштетените делови и контактните делови од возилото со политенски ќеси

3.2 Возила што не се поднесени за испитување од страна на форензиката. Влакна/Отисоци на ткаенина

Отисоците на ткаенина да се фотографираат со линијар и потоа да се подигнат. Онаму каде ќе се забележат вградени или стопени влакна на бојата, со употреба на чист, остар инструмент да се земе примерок исто како за боја. Со леплива, да се земат примероци од контактната површина (вклучително со внатрешноста на возилото, кога е потребно)

Примероците од боја да се соберат во претходно подготвено парче чиста хартија, како за медицинска пудра. Да се наполни хартијата (како за медицинаска пудра) и да се запечати во плик или полиетиленска ќеса запачатувајќи ги сите отвори и рабови. Да се залепи траката на означената ацетатна хартија, да се стави во полиетиленска ќеса или плик и да се запечатат сите рабови и отвори. Да се осигура дека на ознаката е ставена точната локација и редоследот по кој се земани примероците.

Примерок за испитување

Земање примероци Чување

Крв, коса и човечко ткиво.

Да се земе примерок од контактните регии. Да се запамети дека делови од испрскана крв може да има на одредено растојание од местото. Да се направи анализа на крвта.

Да се обрне внимание на делот 5 од прирачникот – Примероци од тело.

Масло/Масни остатоци

Да се обрне внимание на делот 5 од прирачникот – Различни типови на траги

Page 94: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

94 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

Локација на судар

Најкорисни би биле услугите на одделот за сообраќајни несреќи. Дополнително на тоа, форензиката е во можност да ја определи брзината на возилото и неговото движење. Испитувањето не треба да се направи пред да биде побаран совет од форензиката.

Примерок Земање примероци Чување 4. Жртва во возило при сообраќајна несреќа 4.1 Надворешна облека

Да се собере целата надворешна облека. Да се заштити материјалот кој има доказно значење.

Ако е можно, предметите да се спакуваат така што нема да се згужваат пр. во цврста кутија или сад. Сувите предмети треба да се спакуваат одделно во хартиени ќеси, да се избегне употребата на полиетиленски ќеси освен кога е предвидено замрзнување. Мокри или влажни предмети да не се ставаат во хартиени ќеси. Мокрите предмети да се исушат по природен пат. Мора де се внимава за да се избегне загадување или губење на докази. Доколку предметите не можат да се исушат да се оствари контакт со форензиката и тие веднаш да им се испорачаат спакувани во полиетиленски ќеси.

4.2 Коса Да се земат делови од исчешлана коса и контролен примерок од косата. Да се употреби чист, нов чешел со запци достапен во опремата за чешлање. Косата да се чешла врз големо парче хартија.

Исчешланите делови да се завиткаат со чешелот во хартиено пакување заедно со хартијата над која е направено чешлатњето (да се завитка како за медицинска пудра). Да се запечати во плик или запечатена полиетиленска ќеса осигурувајќи се дека сите рабови и отвори се затворени.

4.3 Крв Да се праша полицискиот хирург, вработените во болницата или патологот да обезбедат контролен приемерок од не – трансфузирана крв.

Да се обрне внимание на делот 5 од прирачникот – Примероци од тело и делот 15 – Токсикологија.

4.4 Имот Да се земе од жртвата секој предмет за кој се чини дека е оштетен во несреќата.

Секој од предметите да се спакува и да се означи на контејнерот.

5. Тахографски карти

Да се поднесе оригиналот, а не фотокопија. Да не се обележува или означува неговата површина. Да не се закачува или захевтува ништо, вклучително со ознаки. Да не се закачуваат лепливи траки. Да се обележат датумот и времето кога е направена Да се направи фотографија од локацијата и состојбата на тахометарот покажувајќи ги сите запечатени и оштетени делови.

Секоја од такографските карти да се спакува одделно, а меѓу нив да се стават тенки парчиња од картон или да се стават во кутија. Да се запечати во полиетиленска ќеса. Ознаките да се пополнат пред да се закачат за пакувањето, внимавајќи да не се потпира на дијаграмот додека се пишува.

Page 95: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 95

Примерок за испитување

Земање примероци Чување

6. Обновување на бројки

Возилата може да се испитуваат надвор од местото на настанот. Да се оствари контакт со локалната форензичка лабораторија. Може да се земат калапи од места кои се од интерес (како за траги од алати). Во зависност од материјалот и/или било кој третман пред земањето калап, некој материјали за правење на калапот може да не бидат соодветни. Доколку има сомнеж да се побара совет или да се направи контролен калап од друг простор, пред да се направи оној од местото на настанот.

Да се поснесат малите предмети до форензиката. Да се поднесат делови за споредба, кога е тоа потребно.

Да се спакува и да се означи секој предмет одделно во соодветни запечатени контејнери.

7. Дефекти и гршки Секогаш да се консултира со форензиката или испитувачите на вакви случаи:

Кога е можно да се поднесат сите предмети. Воланите и гумите не треба да се двојат, зашто може да се изгубат важни докази. Да се означи, јасно означувајќи ја позицијата на возилото. Да се нагласи притисокот од другите гуми. Оштетените матели можат да за‘рѓаат многу брзо, да се заштитат со масло за автомобили. Да се осигура дека секој оттргнат исечок е означен.

Каде што е можно да се спакува во цврст контејнер. Да се осигура дека предметите не можат да бидат дополнително оштетени при превозот. Мора да се вимава да се заштитат острите делови од пенетрирање надвор од пакувањето.

Page 96: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

96 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

17. Oru`je

Примерок за испитување

Земање примероци Чување

1.Ладно оружје Пр. ножеви, чекани, секири.

Да не се закачува никаков леплив материјал на сечивото или дршката. Да се осигура дека додатните остатоци или телесните течности се презервирани

Предметите да се заврзат со врвца за дното на картонската кутија за да не можат да се движат во неа за време на транспортот. Добро да се заврзе ознаката на кутијата. Цврсти туби за ножеви. Треба секогаш да се употребува за пакување на ножеви и други остри предмети. Да се осигура дека на надворешната кутија е назначено дека содржи остри предмети внатре.

2.Штетни хемикалии Пр. солзавец, киселини и бази

Доколку облеката е навлажнета тоа да се забележи и да се испрати до форензиката најбрзо што е можно. Да се осигура дека садовите кои се под притисок, се адекватно заштитени и неможат да се отворат. Непознати хемикалии да не се поднесуваат повеќе од 5g. (во цврста состојба) и 10 ml (во течна состојба), во примарни стаклени контејнери со капаче на завртување (универзално стакло се претпочита) Киселините ќе го оштетат најлонот. Флуороводородната киселина ќе го оштети стаклото.

Најголемиот број на предмети, вклучително со облека треба да се спакуваат во најлонска ќеса. Спакуваните контејнери да се стават во кутија или тегла и да се постават во исправена позиција. Предмети за кои има сомневање дека содржар киселини треба да се запечатат во стаклена тегла и/или полиетиленска ќеса. Контејнерите треба да бидат соодветно завиткани и запечатени во пластична или најлонска ќеса за да се заштити губење на материјал пред да бидат ставени во големо цврсто картонско пакување со цел да се заштити примарниот контејнер од кршење.

Напомена Во многу случаи природата на сомнителната хемикалија може да не биде очигледна. Мора да се преземат екстремни мерки. Два пара ракавици треба да се носат постојано, кога има присуство на киселина. Да не се допира пределот на лицето и тоа да се мие после ракувањето со хемикалиите. Кога е неопходно поднесување на поголеми количини на хемикалии од оние што се наведени погоре, пред поднесувањето мора да се направи разговор со форензиката.

Page 97: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 97

3. Огнено оружје Најнапред треба да се направи разговор со форензичкиот оддел за огнено оружје. Форензичарот кој ве советува би можел исто така да помогне. 3.1 На местото на настанот Главниот инспектор во Констабулати препорачува: „Кога е употребено оружје за кое има сомневање дека е искористено за убиство или друго незаконско дејство, на местото на настанот треба секогаш да се повика форензички патолог или експерт за балистика, а доколку е потребно и биолог “ Планови од местото на настанот и копии од релевантни фотографии, се од голема корист во сите сличаи. 3.1 Ракување со огнено оружје Никогаш не допирајте огнено оружје доколку немате посетувано соодветен тренинг за ракување со огнено оружје.

Да се осигура дека оружјето е испразнето или безбедно пред да биде земено. Никогаш да не се устремува цевката од пиштолот кон себе. Да се запамети дека куршумите се одбиваат од агли и поминуваат низ ѕидови и врати. Никогаш да не се верува на било која ознака на оружјето на која пишува дека тоа е испразнето или безбедно.

Да се биде подготвен оружјето да се испразни најбрзо што е можно. Испитување на метото на настанот треба да прават единствено лица што имаат соодветен тренинг за тоа. Позицијата на безбедносните препреки, чеканите и заштитните појаси треба да се нотира.

Пиштолот треба да го испразнат лица што имаат соодветен тренинг за тоа. Додека се празни или проверува оружјето останатите лица треба да бидат на безбедно место.

Куршумите што се наоѓаат во лежиштето на револверот и сачмарката треба да се забалежат. Складираните и/или неиспуканите куршуми треба да се извадат од автоматското или репетитивното оружје, имајќи предвид дека во лежиштето може да има неиспукан куршум. Секој изваден куршум треба да се извади од лежиштето и да се спакува одделно.

Предупредување! Опасно е оружјето да се држи за окидачот за време на испитвањето. Никогаш да не се ставаат моливи или други објекти во шаржерот. Откако ќе биде испразнето, огненото оружје треба да се ракува најнежно што е можно. Да се запамети дека оружјето може да биде неисправно? И затоа треба да се насочува во безбедна насока. Механизмот за пукање, доколку е пореметен или активиран, може да има влијание на маханичката состојба која е основна за резултатот од случајот. Мерки треба да се преземат само за оружјето да се направи безбедно. 3.3 Пакување на огнено оружје

Цевките на сачмарките без врат треба да се заштитат со мала ќеса која ќе се стави на цевката и ќе се залепи на од прилика 5 цм до внатрешност на испакнатината. Никогаш не да се запечатува крајот на цевката.

Доколку е потребна анализа за отпечатоци, во најголемиот дел од случаите најдобро е тоа да се направи пред оружјето или муницијата да бидат поднесени до форензиката. Ова се применува кај сите суви третмани вклучително со „супер лепак“. Медиумот за испитување на отпечатоци не смее да навлезе во цевката ниту во маханизмот за пукање. Огненото оружје на кое треба да се направи испитување за отпечатоци, да се спакува во цврст контејнер за да се спречи движење во внатрешноста на садот.

Оружјето да не се пакува пред да се обезбеди. Огненото оружје треба да се пакува кога е суво за да се спречи процес на зарѓување, што може брзо да се појави во шаржерот

Page 98: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

98 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

Мокрото огнено оружје треба да се поднесе до форензиката што е можно побрзо. Доколку оружјето не е сосема суво да не се пакува во политеска ќеса зашто таа го забрзува процесот на зарѓување. Подобра е употреба на робусни хартиени ќеси.

Да се запамети дека оружјето може да биде извор на загадување на другите остатоци од огнено оружје. Да се чува настрана од останатите материјали за испитување.

Доколку има сомневање дека пиштолот бил во устата на жртвата, тогаш треба да се направи тест за присуство на плунка на цевката. Овој дел од оружјето мора да се заштити. Кога е неопходно презервирање на плунката или крвта на цевката или кундакот, овие специфични места може да се заштитат откако секрецијата ќе се исуши. За дополнителни совети да се оствари контакт со стручниот форензички соработник.

3.4 Поденесување на огнено оружје

Оружјето на кое треба да се направи испитување со цел да се детерминира како треба да се постапува со него понатаму, треба да се прати до форензичката лабораторија во Лондон. Било која одлука за поседување (редоследот по кој се прават одредени тестови) ќе се направи со инспекторот што се занимава со случајот.

Вообичаено форензиката го рестриктира испитувањето за да ги детерминира информациите за огненото оружје, муницијата и др. Како и да, доколку се забележат докази од друга природа при испитувањето, другите форензички оддели ќе се справат со таа состојба и ќе издадет документ за взаемна соработка.

Огненото оружје за поднесување треба да се спакува во соодветни запечатени ќеси обезбедени од форензиката, робусни хартиени ќеси или нормални транспортни кутии. Огненото оружје и муницијата не смеат да се транспортираат во иста кутија освен во случај ккога не смеат да бидат одвоени. Во ваков случај треба да се извести форензиката. Огненото оружје треба да се достави рачно. При поднесувањето, идеално е, да биде видливо дека оружјето е обезбедено.

Page 99: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор 99

3.5 Фотографии Означен, дводимензионален линијар треба да има на сите фотографии каде се прикажува оштетување или повреда. Ако е можно и линијарот и камерата треба да бидат поставени на соодветниот агол во однос на оштетената површина , а линијарите треба да бидат и во взаемно прецизен однос.

Фотографии од куршуми и повреди од огено оружје треба да се направат пред и по миењето или бричењето на повредата за посмртна или медицинаска анализа.

Фотографиите во боја дозволуваат разликување меѓу дамките од крв и крвавењето. Поднесените фотографии мораат да имаат индикација во две диманзии за линијарот и поставеноста на камерата за да не се направат грешки.

3.6 Проектили

Никогаш да не се земаат вградени куршуми. Доколку куршумот не може да се отстрани без да биде оштетен, околниот метеријал треба да се земе и да се поднесе до форензиката. Трагите од инструменти на куршумот можат да доведат до конечен доказ.

Откако е изваден куршумот, а особено муницијата од воздушна пушка, треба да бидат завиткани во полиетиленска ќеса, не во памук, и да се стават во контејнер за да се заштитат од оштетување, превиткување или кршење од движењата за време на транспортот. Чаурите од испуканите куршуми треба да се третираат на ист начин. Сите испукани предмети од местото на настанот треба да се поднесат за испитување.

Куршумите и пластичните предмети извадени од тела, треба да се исплакнат со ладна вода, да се исушат и да се спакуваат одделно, како што е нагласено погоре.

3.7 Остатоци од куршуми и чаури

Наполнети куршуми, пронајдени на местото на настанот можат да обезбедат корисни информации за типот и марката на употребените куршуми, а понекогаш и да бидат во врска со некое специфично оружје. Тие можат лесно да бидат оддувани од ветрот заради нивната форма и често може да се најдат на неколку јарди во правецот во кој е пукано.

Модерните пластични куршуми може да се дезинтегрираат по пукањето, во форми што не се вообичаени за испуканите куршуми. Да не се игнорираат парчињата од тешка пластика од било која боја кои имаат нерагуларни форми, може да бидат остатоци од испукани куршуми.

4. Модел, реплика и ќорци Оружјата со модел, реплика и ќорци најчесто имаат блокер. Лежиштата во цилиндрите се најчесто рестриктирани или сосема блокирани. Кога се продава овој тип на оружје најчесто е невозможно вадење на ракетата. Заради ова, форензиката нема да изврши испитување на овој модел освен, во одредени случаи, ако се покаже дека осомничениот знае дека огненото оружје може да се конвертира или се обидел да го направи тоа. За да се дојде до заклучок дали е возможно конвертирање на тој модел оружје, неопходно е форензиката да проба да го извади блокерот или рестриктерот. По договор, форензиката ќе го испита примерокот, што е поднесен од трговците со пиштоли, за да се установи дали тој модел може да се конвертира.

5. Посмртни примероци Куршумите извадени од тела треба да се измијат во ладна вода, да се исушат, да се завиткаат во полиетиленска ќеса и да се стават во одделни цврсти контејнери. Полните куршуми не мора да се пакуваат во одделни пакувања.

Повредите од огнено оружја понекогаш ги сече патолог. Тие никогаш не смее да се стават во било каков презерватив (пр. формалин). Со горната страна нагоре, треба да се стават во полиетиленска ќеса и да се замрзнат доколку не се транспортираат до форензиката веднаш. За дополнителни совети, да се обрне внимание на делот 5 – Примероци од тело и здравје и заштита во делот 1.

Page 100: ФОРЕНЗИКА - pmf.ukim.edu.mk¤ОРЕЗИКА_priracnik.pdf15 kg или големи предмети кои се тешки за ракување. ... примероци за

100 ПРИРАЧНИК –Истрага на Место на Злостор

Остатоци од употребено огнено оружје и огнено оружје Понекогаш се прави забуна меѓу остатоци од огнено оружје и огнено оружје.

Испитувањето на огненото оружје се справува со остатоците од истото во одделен процес што вклучува детерминирање дометот при пукање и во карактеризирањето на влезните и излезните дупки

Испитувањето на разоружените остатоци од огнено оружје се занимава со идентификување на разоружените остатоци на осомничениот и ја прават врската со самото разоружување.

6. Остатоци од употреба на огнено оружје

Стандардните процедури за минимизирање на загадувањето мора да се почитуваат:

Било кој што имал контакт со огненото оружје или муницијата, без разлика дали е пукано или не, не треба да учествува во собирање на материјали за анализа на остатоци.

Да се обрне внимание: Да се одделат оружјето и миницијата и било кои што работи со нив од материјалите за анализа на траги.

Да се земат соодветни контролни примероци од испитувачите и од местото каде се земаат примероците од осомничениот.

6.1 Земање примероци од осомничен Да се земат примероци од рацете, лицето и косата како и од облеката, најбрзо што можа, зашто може да дојде до губење на докази.

Да се користи стандардна опрема за земање примероци. Да се прочитаат упатствата на опремата пред да се почне со одговарање на прашањата на извештајот за случајот.

6.2 Земање примероци од жртви Доколку жртвата е мртва да се земат примероци од рацете, лицето и косата, ако е можно на местото на настанот. Да се земе примерок од целата рана доколу не е покриена со облека.

Доколку жртвата е жива облеката да се однесе во болница. Да се извади и да се спакува целата облека колку е можно побрзо.

6.3 Замање примероци од автомобили

Прво треба да се работи со остатоци од употреба на огнено оружје. Да се земат другите видови на примероци и потоа да се извадат личните предмети.

Бројот на примероци да се зведе на минимум. Генерално, нема додатна евиденциска вредност кога сцената се дели на голем број делови.

Да се избегнат површини што се многу валкани и прекриени со прашина. Да се земе по еден примерок од: квака од врата, внатрешен дел од врата, шанк, дршки над прозорецот на патниците.

Делови за возење (систем за управување, менувач на брзини, волан, огледала, возачка табла, клучеви)

Седишта (да се обрна внимание на рабовите, потпирачите за глава и задните делови од предните седишта) и сигурносни појаси.

Ова покажува дека може да се направат примероци со не повеќе од три примерока, еден за делот кај возачот и патницита и два за секоја страна одзади. Да се земе примерок од надворешноста на задните прозорци, Да се обезбеди список за локациите од каде се земени примероци.

Што да се испрати до лабораторијата: Опремата за земање примероци. Облека, вклучително со маски, капи, ракавици, шлемови и др. Овие може да се спакуваат во кафени хартиени ќеси.

Ќеси за кои се претпоставува дека содржеле оружје или мунуција. Било што друго што може да биде од корист. Најмогу информации што може.

Да се контактира лабораторијата за совет. По потребна, да се повика инспекторот на должност.