› Issues › 7BA6C05C91BC354A9C3B3D1613... · Број 48 Год. LXIII Понеделник, 16...

28
Број 48 Год. LXIII Понеделник, 16 април 2007 Цена на овој број е 260 денари www.slvesnik.com.mk [email protected] Стр. 648. Одлука за избор на член на Владата на Република Македонија..................... 1 649. Одлука за давање согласност за име- нување на почесен конзул на Романија во Република Македонија, со седиште во Битола..................................................... 2 650. Програма за развој на претприем- ништвото, конкурентноста и инова- тивноста на малите и средните прет- пријатија (2007-2010)............................ 2 651. Наредба за забрана за стопански ри- болов на риболовното подрачје Ох- ридско Езеро.......................................... 20 652. Правилник за начинот и условите за постапување со ПХБ, начинот и условите што треба да ги исполнуваат инсталации- те и објектите за отстранување и за де- контаминација на ПХБ, искористените ПХБ и начинот на означување на опремата којашто содржи ПХБ.......... 20 Стр. 653. Решение за конверзија на податоците од катастар на земјиште во катастар на недвижности...................................... 25 654. Решение за ставање во примена на установен катастар на недвижности.... 25 655. Одлука за определување највисоки цени на одделни нафтени деривати утврдени согласно Методологијата..... 26 656. Одлука за определување продажна цена на природен гас во вториот квар- тал од 2007 година................................. 27 Агенција за државни службеници 66. Кодекс за дополнување на Етичкиот кодекс на државните службеници....... 27 Огласен дел........................................... 1-116 СО Д РЖИНА СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 648. Врз основа на член 68 став 1 алинеја 13 од Уставот на Република Македонија и член 3 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонијаброј 59/2000, 12/2003, 55/2005 и 37/2006), Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 12 април 2007 година, донесе О Д Л У К А ЗА ИЗБОР НА ЧЛЕН НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА I. За член на Владата на Република Македонија и министер кој ќе раководи со Министерството за култура се избира Арификмет Џемаили. II. Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во Службен весник на Република Македонија”. СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 07-1624/1 Претседател 12 април 2007 година на Собранието на Република Скопје Македонија, Љубиша Георгиевски, с.р.

Transcript of › Issues › 7BA6C05C91BC354A9C3B3D1613... · Број 48 Год. LXIII Понеделник, 16...

Page 1: › Issues › 7BA6C05C91BC354A9C3B3D1613... · Број 48 Год. LXIII Понеделник, 16 април 2007 …2008-01-04 · 1.1. ПРЕТПРИЕМНИШТВО: НОВА

Број 48 Год. LXIII Понеделник, 16 април 2007 Цена на овој број е 260 денари

www.slvesnik.com.mk [email protected]

Стр.648. Одлука за избор на член на Владата

на Република Македонија..................... 1649. Одлука за давање согласност за име-

нување на почесен конзул на Романија во Република Македонија, со седиште во Битола..................................................... 2

650. Програма за развој на претприем-ништвото, конкурентноста и инова-тивноста на малите и средните прет-пријатија (2007-2010)............................ 2

651. Наредба за забрана за стопански ри-болов на риболовното подрачје Ох-ридско Езеро.......................................... 20

652. Правилник за начинот и условите за постапување со ПХБ, начинот и условите што треба да ги исполнуваат инсталации-те и објектите за отстранување и за де-контаминација на ПХБ, искористените ПХБ и начинот на означување на опремата којашто содржи ПХБ.......... 20

Стр.653. Решение за конверзија на податоците

од катастар на земјиште во катастар на недвижности...................................... 25

654. Решение за ставање во примена на установен катастар на недвижности.... 25

655. Одлука за определување највисоки цени на одделни нафтени деривати утврдени согласно Методологијата..... 26

656. Одлука за определување продажна цена на природен гас во вториот квар-тал од 2007 година................................. 27

Агенција за државни службеници 66. Кодекс за дополнување на Етичкиот

кодекс на државните службеници....... 27 Огласен дел........................................... 1-116

С О Д Р Ж И Н А

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА648.

Врз основа на член 68 став 1 алинеја 13 од Уставот на Република Македонија и член 3 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 59/2000, 12/2003, 55/2005 и 37/2006), Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 12 април 2007 година, донесе

О Д Л У К А

ЗА ИЗБОР НА ЧЛЕН НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА I. За член на Владата на Република Македонија и министер кој ќе раководи со Министерството за култура се

избира Арификмет Џемаили. II. Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во “Службен весник на Република

Македонија”. СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Бр. 07-1624/1 Претседател 12 април 2007 година на Собранието на Република

Скопје Македонија, Љубиша Георгиевски, с.р.

Page 2: › Issues › 7BA6C05C91BC354A9C3B3D1613... · Број 48 Год. LXIII Понеделник, 16 април 2007 …2008-01-04 · 1.1. ПРЕТПРИЕМНИШТВО: НОВА

Стр. 2 - Бр. 48 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 април 2007

ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 649.

Врз основа на член 91, став 1, алинеја 14 од Уставот на Република Македонија („Службен весник на Репуб-лика Македонија“ бр. 52/91), член 36, став 3 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен вес-ник на Република Македонија“ бр. 59/00, 12/03, 55/05 и 37/06) и член 93, став 3 од Законот за надворешни ра-боти („Службен весник на Република Македонија“ бр. 46/06), Владата на Република Македонија, на седница-та одржана на 11.04.2007 година, донесе

О Д Л У К А

ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ИМЕНУВАЊЕ НА ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ НА РОМАНИЈА ВО РЕПУБЛИ-КА МАКЕДОНИЈА, СО СЕДИШТЕ ВО БИТОЛА

Член 1

Се дава согласност г-дин Александру Мамакис да се именува за почесен конзул на Романија во Републи-ка Македонија, со седиште во Битола.

Член 2

Се задолжува Министерството за надворешни рабо-ти да ја спроведе оваа одлука.

Член 3

Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од де-нот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

Бр. 47/1 Претседател на Владата 11 април 2007 година на Република Македонија,

Скопје м-р Никола Груевски, с.р. ___________

650. Врз основа на член 4 став 1, од Законот за основање

на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија (Службен весник на Република Македонија бр. 60/2003) Владата на Република Маке-донија, на седницата одржана на 21.03 2007 година, до-несе

П Р О Г Р А М А

ЗА РАЗВОЈ НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО, КОНКУ-РЕНТНОСТА И ИНОВАТИВНОСТА НА МАЛИТЕ

И СРЕДНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА (2007-2010)

1.0. ВОВЕД Програмата за развој на претприемништвото, кон-

курентноста и иновативноста на малите и средни прет-пријатија (2007-2010) е базирана на општото сфаќање за улогата на Владата на Република Македонија во кре-ирањето на поволна деловна клима, а во тие рамки и политиката на поддршка и помош на развојот на прет-приемништвото и на малите и средни претпријатија (МСП).

Секторот на МСП, во светски размери, има значајна помош и поддршка, преку утврдување на стратегии, програми со јасно утврдени, цврсти мерки на финанси-ска и нефинансиска поддршка, преку јакнење на инсти-туциите со кои се реализира таа помош и поддршка.

Доследната и целосна реализација на утврдените политики, мерки и инструменти на владината политика на краток и долг рок ветуваат и посакувани резултати. Во тој процес на ефикасно спроведување на утврдената национална политика на развој на претприемништвото и на МСП, битна е ефикасната и навремена координа-ција на сите релевантни институции и владини тела.

Особено е значајна и улогата на приватниот сектор и неговите мислења и ставови, што претставува еден интегриран пристап кон прашањето на развојот на се-кторот на МСП во земјата.

Стратегијата за развој на МСП ги има дефинирано општите насоки на развојот на секторот на претприем-ништво и на МСП во РМ, а Програмата ги утврдува мерките и инструментите за спровредување на страте-гиските определби и развојни приоритети во оваа об-ласт, неопходни за економскиот развој на земјата, а се-како, и за побрз влез во ЕУ.

1.1. ПРЕТПРИЕМНИШТВО: НОВА ФАЗА НА РАЗВОЈ

Првата Национална стратегија за развој на малите и

средни претпријатија 2002-2012, подготвена од страна на Министерството за економија, докажува дека мали-те претпријатија се приоритет на Владата на Република Македонија. Стратегијата беше подготвена заедно со Програмата на мерки и активности за промоција на претприемништвото и создавање на конкурентност за МСП 2002-2006. Во Стратегијата се зацртани приори-тетите на земјата кои ќе придонесат кон подобрување на деловната средина и работење на секторот на МСП. Програмата беше насочена на следниве мерки, се’ со цел остварување на целите зацртани со Стратегијата:

• Создавање на институционална инфраструктура за промоција на претприемништвото и конкурентноста.

• Градење на погодна економска средина и подо-брување на нивото на економска слобода.

• Промоција на претприемништвото и нефинанси-ските форми на поддршка.

• Овозможување на финансиски форми на поддр-шка за развој на претприемништвото.

• Спроведување на програма за создавање на конку-рентност.

Промените кои се случија во политичката и еко-номската средина создадоа потреба од ажурирање и иновирање на постојната Стратегија со нови цели и за-дачи, а на Програмата, со нови мерки и инструменти.

Земјата доби статус земја - кандидат, со што се соз-даде потреба од поголемо ориентирање кон пристап-ните барања на ЕУ.

Целта на новата Стратегија и Програма е обезбе-дување на:

• Компатибилност со барањата на Acquis Communautaire (acquis), особено тие кои се однесуваат на МСП.

• Напредок во спроведувањето на ревидираната Европската повелба за мали претпријатија (ЕПМП), ко-ја што претставува “меко” acquis барање.

• Компатибилност со Програмата за компетитвност и иновативност на ЕУ (CIP) 2007-2013, со посебен ак-цент на претприемништвото, инваторството и инфор-матичко -комуникациската технологија.

Обврските на новата Програма, која произлегува од ревидираната Лисабонска агенда, го пренасочуваат фо-кусот на во следниве главни компоненти:

1. Институционална инфраструктура 2. Деловно опкружување 3. Финансии и оданочување 4. Иновативност и конкурентност Овие четири области се решавачки во подигање на

конкурентноста на МСП во земјата. Едновремено, се очекува зголеменото ниво на профитабилност да води кон развој и генерирање на повеќе вработувања.

Се очекува Стратегијата и Програмата да бидат реа-лизирани со финансиска поддршка од страна на држав-ниот буџет, што претставува сигнал за подготвеноста на Владата сериозно и систематски да го поддржува разво-јот на претприемништвото и малите и средни претприја-тија, како една од приоритетните развојни цели. Во тој контекст, меѓународната поддршка од билатералните и мултилатералните донатори е во функција на помош во реализирањето на овие развојни приоритети.

Програмата во периодот 2007-2010 ќе се реализира со донесување на годишни програми, како годишни ак-циони планови, во кои ќе бидат определени целите и приоритетните мерки (проекти), со утврдени институ-ции и времетраење на активностите.

Page 3: › Issues › 7BA6C05C91BC354A9C3B3D1613... · Број 48 Год. LXIII Понеделник, 16 април 2007 …2008-01-04 · 1.1. ПРЕТПРИЕМНИШТВО: НОВА

16 април 2007 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 48 - Стр. 3

Врз основа на овие акциони планови, Министерс-твото за економија ќе усвои годишни финансиски пла-нови, со средства наменети за спроведување на мерки-те, како и изворите на финансирање. Голем дел од мер-ките ќе бидат реализирани од страна на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Маке-донија (АППРМ), преку спроведување на тендери, вклучувајќи ја мрежата на организации за деловна под-дршка (ОДП), како и деловните консултанти.

1.2. ИНСТИТУЦИОНАЛНА ИНФРАСТРУКТУРА Основната институционална инфраструктура на

МСП е воспоставена (Слика 1). Главната улога и одго-ворност на клучните фактори е:

На национално ниво: • Секторот за претприемништво и конкурентност

(во понатамошен текст: Сектор за МСП во Министерс-твото за економија): одговорен за креирање и надгле-дување на спроведувањето на политиката за МСП.

• АППРМ: одговорна за спроведување на национал-ната политика за МСП, дефинирана во Програмата и Стратегијата, како основни развојни документи.

• Националниот Совет за претприемништво и кон-курентност (НСПК): како јавно-приватен дијалог, со осврт на пошироката програма за конкурентност.

• Форум за МСП: како јавно-приватен дијалог со посебен осврт на МСП.

• Други министерства: одговорни за конкретни ас-пекти кои се однесуваат на политиките за МСП, како што се Министерството за финансии, Министерството за образование и наука , Министерството за труд и со-цијална политика, Министерството за транспорт и вр-ски.

На локално ниво: • Деловни центри: оперативни се вкупно десет регио-

нални центри, вклучувајќи пет регионални центри за поддршка на претприемништвото (РЦПП) лоцирани во Скопје, Струмица, Велес, Куманово, Битола, три Аген-ции за поддршка на претприемништво (ЕСА) лоцирани во Охрид, Тетово и Гостивар, Прилеп - регионалната агенција за развој на претприемништвото (ПРЕДА), како и еден Ромски деловен центар во Скопје.

• Деловни инкубатори: оперативни се седум инку-батори (во Прилеп, Штип, Македонска Каменица, Дел-чево, Велес, Охрид и Струмица), како и инкубаторот Претприемачки сервис за млади (ПСМ), што се очеку-ва да започне со работа во Скопје.

• Евро-инфо кореспондентен центар (ЕИКЦ): нуди информации и помош за работи поврзани со бизнисот во ЕУ (на пр. пазари на ЕУ, деловна соработка, барање на партнер, фондови на ЕУ и тендери, законска регула-тива во ЕУ, стандарди во ЕУ итн.)

• Центри за локален економски развој (ЛЕР): 17 центри за ЛЕР, поддржани од Агенцијата за меѓунаро-ден развој на Америка (УСАИД) и 43 центри за ЛЕР поддржани од Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), во одделни или во групи на општини.

• Консултанти: околу 150 домашни консултанти, и меѓународни консултанти. кои работат во деловното консултанство.

• Деловни асоцијации: најмалку 20 локални и била-терални деловни асоцијации, кои покриваат одделни сектори, вклучувајќи и четири со национален карактер (Стопанската комора на Македонија, Сојуз на стопан-ски комори, Економската комора на северо-западна Македонија и Комората на занаетчии).

• Други: четири центри за трансфер на технологија (ЦТТ), три во Скопје и еден во Битола, технолошки ја-дра на Природно-математичкиот факултет, Машински-от факултет, Електро-техничкиот факултет и Медицин-скиот факултет, Центар за истражување, развој и кон-

тинуирано образование при Машинскиот факултет; Центар за применети истражувања и перманентно образование во земјоделството при Земјоделскиот фа-култет; Евро-регионалниот технолошки центар при Техничкиот факултет во Битола, како и Регионалниот иновациски центар во Штип.

Слика 1: Институционална инфраструктура за МСП

Оваа шема ја покажува меѓусебната соработка на

сите учесници во институционалната инфрастуктура на национално и на локално ниво. Тие се одговорни за спроведување на Програмата за периодот 2007-2010.

1.3. ПОДГОТОВКА НА ПРОГРАМАТА

Програмата е подготвена на база на детално истра-

жување на најважните области во развојот на овој се-ктор.

Програмата е одраз на Владината реформска насоче-ност/агенда, дефинирана во Програмата за работа на Владата на Република Македонија за периодот 2006-2010. а ги влучува и барањата за прием во ЕУ, со осврт на Acquis, и Европската Повелба за мали претпријатија.

Нацрт-Програмата беше испратена до следниве ин-ституции за коментари, одговори и одобрување од нив-на страна:

• Министерство за економија: сите сектори • Агенција за поддршка на претприемништвото • Министерство за финансии • Управа за јавни приходи • Министерство за образование и наука • Министерство за труд и социјална политика • Министерство за земјоделие, шумарство и водо-

стопанство • Министерство за транспорт и врски • Централен регистар • Секретеријат за европски прашања при Владата на

РМ Беа побарани и коментари и вклучување на приват-

ниот сектор, преку механизмите на воспоставениот Форум на МСП. Беа добиени сугестии и забелешки и од работните групи, воспоставени од Форумот за да ги одредат конкретните проблеми во областа на претпри-емништвото и на малите и средните претпријатија.. За оваа цел, беа организирани вкупно 15 сесии. Нацрт верзијата на Програмата беше, презентирана и на за-вршната сесија на Форумот за МСП, кој се оддржа на 25 октомври 2006 година.

Нацртот на Стратегијата и Програмата беа презен-тирани за дискусија на регионалните презентации во Скопје, Прилеп, Охрид, Куманово и Штип во ноември 2006 година. Добиените забелешки и коментари се ин-корпорирани во текстот.

Page 4: › Issues › 7BA6C05C91BC354A9C3B3D1613... · Број 48 Год. LXIII Понеделник, 16 април 2007 …2008-01-04 · 1.1. ПРЕТПРИЕМНИШТВО: НОВА

Стр. 4 - Бр. 48 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 април 2007

2.0. КОМПОНЕНТИ НА ПРОГРАМАТА Програмата е структурирана според следниве прио-

ритети: • Зајакнување на институционалната рамка; • Подобрување на деловното опкружување; • Подобрување на пристапот кон финансии за МСП

и поедноставување на оданочувањето; • Подобрување на конкурентноста и иновативноста.

2.1. ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ИНСТИТУЦИОНАЛНАТА ИНФРАСТРУКТУРА

Зајакнувањето на институциите за давање на соод-

ветна помош и поддршка на малите и нови претприја-тија, претставува важен предуслов за оддржлив развој на приватниот сектор. Ова не се однесува само на ин-ституциите на национално туку и на регионално и ло-кално ниво.

Во Република Македонија, многу институции, што го поддржуваат развојот на малите и средни претприја-тија, се релативно нови и недоволно развиени.

Особено се значајни институциите кои делуваат на ло-кално ниво. Преку овие институции локалните власти мо-же да влијаат на развојот на претприемништвото и МСП.

2.1.1. Национални владини институции

2.1.1.1. Сектор за претприемништво и конкурент-

ност, Министерство за економија Секторот за претприемништво и конкурентност во

Министерството за економија, согласно законот, има клучна улога во креирање на националната политика за развој на претприемништвото и на малите и средните претпријатија.

Развојот на претприемништвото и конкурентноста во Република Македонија е поддржан и со програмите и активностите на други министерства и институции.

Министерството за образование и наука реализира значајни проекти кои се однесуваат на делот на разво-јот на свеста за претприемничко учење, за технолошки-от развој и научноистражувачката дејност, во функција на развојот на МСП.

Слични програми, кои директно или индиректно го вклучуваат претприемништвото и МСП (вработување, поддршка на развојот на земјоделството итн), се пред-мет на елаборирање и реализирање и во другите над-лежни министерства.

2.1.1.2. Меѓуминистерска координација Во креирањето и реализацијата на националната

политика за развој на претприемништвото и на малите и средните претпријатија, покрај Министерството за економија, значајна улогата имаат и другите мини-стерства и институции, релевантни за развојот на овој сегмент на македонската економија. За таа цел е нужна цврста и постојана координација и тесна соработка.

Мерки на Програмата: • Воспоставување на меѓуминистерска координативна

група (Работно тело) за реализација на Програмата. • Обезбедување на членство од сите клучни мини-

стерства и агенции, чии активности имаат влијание врз МСП.

• Воспоставување на мониторинг и оценувачки ме-ханизми, како и инструменти за информирање за ре-зултатите од реализација на Програмата.

2.1.1.3. Донаторска координација Постои недоволна координираност на донаторските

активности и проекти во областа на МСП. Тие се неза-висни и без координација со другите донатори и со ин-ституциите надлежни за МСП. Ваквата поставеност во-ди до нееднаква распределба на поддршката, преклопу-вање и конфузија.

Потребна е подобра координација, особено во фаза-та кога се дизајнира проектот, со цел да се генерира долготраен ефект за развојот на МСП. Програмата овозможува донаторите да ги координираат своите програми и проекти и да ги усогласат со потребите на приватниот сектор.

Мерки на Програмата: • Доставување на Стратегијата и Програмата до си-

те донатори. • Хармонизирање на донаторската координација со

Секретеријатот за Европски прашања • Подготовка на проекти базирани на Стратегијата

и Програмата. • Организирање и спроведување на квартални со-

станоци со донаторите со цел координација и презен-тирање на проектните концепти.

2.1.1.4. Агенција за поддршка на претприемниш-

твото на Република Македонија (АППРМ) Согласно Законот за основање на АППРМ, таа е од-

говорна за реализација на програмите на Владата за поддршка на претприемништвото и развој на МСП.

Со цел да се обезбеди поголем капацитет во работе-њето, а со тоа и да се обезбедат повеќе ефекти, односно позитивни резултати во развојот на претприемништво-то и на МСП, а потоа и за влез во ЕУ, бројот на врабо-тени и буџетот на АППРМ треба да се зголемат.

Мерки на Програмата: • Преглед на потребните средства/вработени во АП-

ПРМ за да се реализира усвоената политика на развој, утврдена во Програмата. Зголемување на бројот на вра-ботени во АППРМ.

• Реализирање на програма за подигање на капаци-тетот на нововработените.

• Зголемување на нивото на државните средства на-менети за годишниот план за реализација на Програ-мата и други активности.

2.1.2. Национална структура за деловна поддршка

2.1.2.1. Форум за МСП Министерството за економија ја прифаќа потребата

од јавно-приватен дијалог. Оваа политика на партнерс-тво со приватниот сектор се реализира преку работата на Форумот за МСП како и преку Националниот совет за претприемништво и конкурентост.

Форумот за МСП преставува платформа за дијалог помеѓу Министерството за економија и приватниот се-ктор, преставен преку нивните асоцијации, за праша-њата поврзани за развојот на претприемништвото и на МСП.

Мерки на Програмата:. • Да се обезбедат перманентни одржувања на нај-

малку четири состаноци на годишно ниво, на кои ќе се дискутираат актуелни прашања.

2.1.2.2. Опсерваторија за МСП АППРМ е одговорна за Опсерваторијата за МСП,

чија главна цел е собирање на податоци и нивно ана-лизирање, како и следење и оценување на трендовите поврзани со секторот на МСП. Досега Опсерваторијата за МСП се насочувала на подготовка на годишни изве-штаи за МСП. Сепак, се’ уште постои простор за подо-брување на работењето на Опсерваторијата. Во однос на годишните извештаи за МСП, Опсерваторијата тре-ба да биде зајакната, се’ со цел да прерасне во комплет-на база на податоци.

Таа треба да стане клучен извор на комплетирани податоци за МСП во земјата, а со тоа да претставува основа за предлагање мерки и реформи за поддршка.

Page 5: › Issues › 7BA6C05C91BC354A9C3B3D1613... · Број 48 Год. LXIII Понеделник, 16 април 2007 …2008-01-04 · 1.1. ПРЕТПРИЕМНИШТВО: НОВА

16 април 2007 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 48 - Стр. 5

Мерки на Програмата: • Подготовка и дистрибуција на годишните изве-

штаи од Опсерваторија за МСП • Зајакнување на Опсерваторијата за МСП, со фо-

кус на следниве елементи: o Јакнење на капацитетот на вработените од АП-

ПРМ, кои ќе работат на подготовка на годишните изве-штаи од Опсерваторијата за МСП и превземање на по-опширни функции согласно на Опсерваториите за МСП во другите европски земји (споредба, најдобра практика, итн.).

o Постојана соработка со сите институции, вклуче-ни во собирањето и употребата на статистичките пода-тоци за МСП и нивна анализа.

o Развивање и спроведување на стратегија за дистри-буција за подобра употреба на статистиката за МСП.

2.1.2.3. Фонд за развој на човекови ресурси

(ФРЧР) односно Акдемија за менаџери Улогата на Фондот за развој на човекови ресурси

(ФРЧР), кој е воспоставен во рамките на АППРМ, е да ги подигне нивоата за обука и стандардите помеѓу обу-чувачите, консултантите и МСП. ФРЧР делумно ќе би-де финансиран од страна на МЕ и на своите основачи (47 члена, кои плаќаат членарина на годишно ниво).

Средства ќе бидат собирани и од организирање на семинари и работилници. Втората фаза од Проектот за-врши во ноември 2006 година, а третата фаза започна во јануари 2007 и ќе трае до декември 2008 година.

Мерки на Програмата: • Вклучување на менаџери од успешни претприја-

тија во Управниот одбор на ФРЧР, односно на Акаде-мијата за менаџери.

• Подигање на свеста помеѓу претприемачите за не-говото постоење и за услугите кои ги нуди.

• Обезбедување на одржливост преку провизија од извршените услуги

• Признавање на сертификатите издадени од ФРЧР, односно на Академијата за менаџери.

2.1.2.4. Евро-инфо кореспондентен центар Евро-инфо кореспондентниот центар (ЕИКЦ) во

Скопје претставува место, каде може да се добијат ин-формации и помош за работи поврзани со претпријати-јата во ЕУ, како што се пристапот до пазарите на ЕУ, финансирање и тендери во ЕУ. Како член на поширока мрежа на вакви центри во ЕУ, ЕИКЦ ги поддржува претпријатијата, што учествуваат на пазарите на ЕУ.

Во ЕИКЦ се нудат следниве услуги: барање на партнер, извозни правила, информации за пазарот, стандарди и трговски марки. Исто така, се нудат ин-формации за тендери на ЕУ, разни видови помош (грантови) за македонските претпријатија, како и ин-формации за регулативата на ЕУ и стандардизацијата. Иако сите услуги се достапни по електронски пат од-носно он-лајн, фактот дека постои само еден ваков цен-тар во државата го ограничува пристапот на оние МСП кои работат надвор од главниот град и кои немаат при-стап до Интернет. Идната одржливост на Центарот е, исто така, прашање за разгледување, бидејќи финанси-рањето од ЕУ заврши во 2005 година.

Мерки на Програмата: • Обезбедување на одржливост на ЕИКЦ преку нап-

лаќање на услугите понудени на МСП. • Обезбедување на средства за негово работење и

од буџетот, преку Министерството за економија. 2.1.2.5. Центри за трансфер на технологија (ЦТТ) Главна цел на ЦТТ (три во Скопје и еден во Битола)

е подигање на свеста за важноста на примената на нова технологија, полесен трансфер на новата технологија и развој на центри за истражување и развој.

Со оваа Програма се планирани да се обезбедат це-лосно оперативни ЦТТ, што ќе бидат во функција на обезбедување поддршка на претпријатијата, реализира-на во соработка со универзитетите (воспоставување на мрежа ефикасен трансфер на знаењето од универзите-тите во МСП).

Мерки на Програмата: • Осигурување дека ЦТТ се функционални и го ко-

ристат нивниот целосен капацитет. • Осигурување дека ЦТТ се целосно интегрирани во

националната и мрежата на ЕУ за трансфер и поддр-шка на нова технологија.

• ЦТТ се интегрирани во конзорциумот на центри за пренос на иновации (ИРЦ), во прво време како наб-људувачи, а подоцна и како активни учесници и совет-ници на ИРЦ.

2.1.2.6. Центар за пренос на иновации Согласно препораките на Европската комисија, Ре-

публика Македонија има потреба од поголем економ-скит раст и зајакнување на индустрискиот развој, преку поврзување со ресурсите засновани на наука и знаење на национално и европско ниво..

Иако досега во Република Македонија се направени напори од страна на национални и меѓународни инсти-туции да се постави одредена инфраструктура за повр-зување (помеѓу индустријата и научно- истражувачки-те институции), сепак тој процес е во почетна фаза.

Поради тоа, основањето на Центар за пренос на иновации (ИРЦ) ќе придонесе кон развојот на стопанс-твото, интеграција во мрежата на ЕУ и кон поголема регионална соработка.

Мерки на Програмата: • Функционален ИРЦ • Поврзување на ИРЦ во мрежата на ЕУ • Користење на услугите на ИРЦ за промовирање

на структурални промени и диверзификација на еко-номските активности

• Вклучување на ИРЦ во националната мрежа за трансфер на технологија и пошироко во ЕУ.

2.1.2.7. Национален совет за претприемништво и

конкурентност (НСПК) НСПК е воспоставен како дијалог на Владата и

приватниот сектор. Со завршување на донаторското финансирање од

страна на УСАИД, се доведува во прашање неговата оддржливост, иако НСПК продолжува да функционира како ефикасен механизам за јавно-приватен дијалог.

Мерки на Програмата: • Обезбедување одржливост на НСПК преку јав-

но/донаторско финансирање.

2.1.3. Регионална структура за деловна поддршка Обезбедувањето помош и поддршка на претприја-

тијата за да ги развијат своите деловни активности, во дадени моменти за време на нивниот животен циклус, е исклучително важно. Ефикасната деловна поддршка може да придонесе за јакнење на конкурентноста на модерната економија.

Услугите за деловна поддршка се услугите, кои се дел на националната политика и имаат за цел да ги по-могнат претпријатијата или претприемачите, успешно да ги развијат своите деловни активности или ефектив-но да одговорат на предизвиците на нивните бизниси.

Ваквите услуги, обично се даваат директно на прет-приемачите, менаџерите во претпријатијата или на вра-ботените. Услугите за поддршка се обезбедуваат преку јавни и приватни институции, како и преку индивиду-алци.

Page 6: › Issues › 7BA6C05C91BC354A9C3B3D1613... · Број 48 Год. LXIII Понеделник, 16 април 2007 …2008-01-04 · 1.1. ПРЕТПРИЕМНИШТВО: НОВА

Стр. 6 - Бр. 48 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 април 2007

Вообичаено, овие услуги се применуваат во различ-ни фази од животниот циклус на претпријатието: едни се однесуваат на почетокот, кога претпријатието поч-нува со работа, други за време на активностите и трети, кога бизнисите имаат потреба да бидат префрлени на нови сопственици.

2.1.3.1. Деловни центри и консултанти Постои инфраструктура на деловни центри, осно-

вани од ЕУ, како и од други донатори од Европа, САД, Јапонија и др. Меѓутоа, деловните центри не се ниту финансиски одржливи, ниту обезбедуваат доволна под-дршка за нивните претпоставени целни групи, а особе-но при основање на нови претпријатија.

Овие центри се преокупирани со својата одржли-вост, бидејќи државната финансиска помош е мала, а приватниот сектор, особено потенцијалните претприе-мачи, не располагаат со доволни финансиски средства за плаќање на ваков вид на услуги.

Истовремено, се зголемува бројот на приватни де-ловни консултанти кои стануваат директна конкуренци-ја на овие деловни центри/агенции/фондации. Со про-ширувањето на пазарот со обезбедувачи на деловни ус-луги, потребно е зголемување на нивото на квалитетни услуги од овие институции. Во тој контекст, определба на Владата е да се продолжи со обезбедување поддршка на вакви центри, основање на нови деловни центри, врз основа на проекти на конкурентска основа и на база на договори, кои ќе бидат предмет на зајакнат мониторинг и оценка на квалитетот и влијанието.

Мерки на Програмата: • Подобрување на квалитетот на деловните консул-

танти во земјата, користејќи ги меѓународните стандар-ди (на пр. Сертифициран менаџмент консултант), со учество на ФРЧР, односно на Академијата за менаџери во овој процес.

• Развој на бројни програми, кои ќе обезбедат овие деловни центри и приватни консултанти да можат да го помогнат пазарот на МСП (како што се ФРЧР, вау-чер-програмата итн.) врз основа на договори.

• Развивање на платформа за хоризонтална интегра-ција, главно соработка, градење на капацитет и размена на информации меѓу организациите за деловна поддр-шка (ОДП).

• Соработка со овие центри (ОДП) за развивање на нови, конкурентни и иновативни програми и проекти за максимално искористување на новите фондови на ИПА.

2.1.3.2. Деловни инкубатори Постојат седум деловни инкубатори (Прилеп, Ма-

кедонска Каменица, Делчево, Штип, Струмица, Охрид и Велес), а нови се во фаза на отварање во Скопје (кој се фокусира на младите претприемачи и инкубаторот на Машинскиот факултет).

Со Програмата ќе биде обезбедена општа поддршка за деловните инкубатори, како и за другите институ-ции, што обезбедуваат услуги за деловна поддршка, за подобрување на нивните стандарди, капацитети и тех-ники. Ќе биде зајакната соработката со деловните ин-кубатори за развој на програми за конкурентност и иновативност, кои ќе одговорат на потребите на МСП и кои евентуално би можеле да бидат финансирани од фондовите на ЕУ.

Мерки на Програмата: • Обезбедување на општа поддршка на институции-

те што обезбедуваат услуги за деловна поддршка, пре-ку покривање и зголемување на нивото на вештини, стандарди, акредитации и ваучери.

• Соработка со деловните инкубатори за развој на програми и проекти за конкурентност и иноватовност за финансирање преку ИПА.

2.2. ПОДОБРУВАЊЕ НА ДЕЛОВНОТО ОПКРУЖУВАЊЕ

Правното опкружување и амбиент мораат да го

охрабрат одржливиот развој и да им помогнат на прет-пријатијата да станат поконкурентни. Затоа, ако МСП се тие кои обезбедуваат динамичен раст во економија-та, политиката треба да создаде коректно деловно оп-кружување за нивен просперитет.

Во своето ново партнерство за развој и креирање на работни места, обновената Лисабонска стратегија за економска реформа и Европската комисија работат на интегрирање на принципот “мисли прво како мал” во сите национални политики на ЕУ. Ова значи оценува-ње на иницијативите од гледиште на помалите прет-пријатија и обезбедување на приоритет за потребите на МСП.

Непотребните законски регулативи треба да бидат исфрлени, односно да се спроведе т.н. “правна гиљоти-на”, со што се поедноставува администрацијата поврза-на со МСП.

Во Република Македонија правното и регулаторно-то опкружување во однос на МСП забрзано се развива, охрабрено од процесот на хармонизација со легислати-вата на ЕУ. Промените на политиката, правните и регу-латорните барања во многу области влијаат на МСП, меѓу кои и тие кои се однесуваат на отварање на прет-пријатија и активности поврзани по регистрирањето: оданочување, склучување договори и решавање на спо-рови, стечај, технички стандарди, банкарство и финан-сии.

2.2.1. Поволна регулатива Големиот број закони и регулативи придонесуваат

за големи трошоци поврзани за МСП. Често, регулати-вите премногу бараат од МСП. Затоа е нужно воведу-вање на принципот “мисли прво како мал” во нацио-налната политика за претприемништво и МСП на Ре-публика Македонија, вклучувајќи ја и легислативата. Ова бара ревизија на постоечката легислатива согласно на потребите на МСП.

Со цел да се подобри целосното деловно опкружу-вање, Владата донесе стратешка одлука да ги прегледа и оцени постоечките регулативи за деловните практики и да ги елиминира оние регулативи, кои го ограничува-ат нормалното работење на претпријатијата, со кори-стење на регулаторниот „гиљотина” пристап. На тој на-чин, се очекува квалитетно менување на состојбата во администрирањето на МСП.

Мерки на Програмата: • Прегледување и оценување на постоечките регу-

лативи во МСП. • Насочување на регулативите и отстранување на

оние кои не се од јавен интерес. • Воведување на критериум за подготвување на но-

ви закони/регулативи за да се минимизираат админи-стративните бариери и трошоци кои следуваат.

• Зголемување на употребата на „Оценката на регу-латорното влијание”, при подготвување на нови закони и регулативи.

2.2.2. Дефиниција за МСП Јавната поддршка на МСП подразбира јасно разби-

рање на целната група. Шемите за поддршка треба да имаат заедничко разбирање за МСП, за да имаат ко-рист од оваа поддршка. Земајќи ја предвид аспирација-та за приклучување во ЕУ, постои потреба за хармони-зирање на дефиницијата за МСП со општите практики во ЕУ – табела 1.

Покрај ова, дефиницијата за МСП бара хармонизи-рање и во националната легислатива со оглед дека по-стојат разлики во одделни закони.

Page 7: › Issues › 7BA6C05C91BC354A9C3B3D1613... · Број 48 Год. LXIII Понеделник, 16 април 2007 …2008-01-04 · 1.1. ПРЕТПРИЕМНИШТВО: НОВА

16 април 2007 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 48 - Стр. 7

Табела 1: Споредба на Македонската и ЕУ дефини-цијата за МСП

Извор: МЕ Мерки на Програмата: • Елиминирање на разликите помеѓу националната

и дефиницијата за МСП на ЕУ • Елиминирање на разликите во дефиницијата за

МСП во различните национални закони 2.2.3. Статистика на МСП При подготвувањето на политиката за развој на

МСП, како и за согледување на влијанието на мерките и инструментите потребна е целосна расположлива статистичка евиденција за МСП.

Начинот на собирање податоци за МСП не се раз-ликува од собирањето на други податоци. Тие вообича-ено се разгледуваат како дополнителна димензија на Структурната деловна статистика. Следејќи ја Болоњ-ската повелба за политиката за МСП, статистиката за МСП претставува една од областите која се јавува во повеќе делови од Болоњскиот процес. Дефинирањето и хармонизирањето на концептуалните и мерните работи поврзани со МСП преставуваат основа за прецизна споредба на меѓународно ниво.

Во Република Македонија целокупното официјално статистичко истражување е во согласност со Законот за државна статистика (1997), како и со Програмата за статистичко истражување за периодот 2003-2007. Се-пак, постојат одредени барања за деловните информа-ции кои треба да бидат исполнети во согласност со Еу-ростат, Опсерваторијата за МСП и Статистичкиот ди-ректорат при ОЕСР.

Мерки на Програмата: • Соработка со Државниот завод за статистика за

одредување на информациските разлики во однос на ОЕСР/ЕУ (acquis) стандарди.

• Соработка со Министерството за финансии (одре-дување на придонесот на МСП во даноците) и со Ца-ринската управа (одредување на МСП кои извезуваат и увезуваат, како и вредноста на трговијата) за да се по-полнат статистичките разлики.

• Воспоставување на единствена база на податоци за краткорочни и структурни податоци.

• Насочување на процесот на собирање податоци од клучните статистички извори (Централен регистар, Др-жавен завод за статистика) преку воведување на соф-тверска алатка за поедноставно собирање на податоци и нивно анализирање.

2.2.4 Европска повелба за мали претпријатија

(ЕПМП) Република Македонија е членка на ЕПМП од 2003

година. Со станувањето член таа се обврза да оствару-ва прогрес во десетте области кои ги покрива Повелба-та и да реализира соработка со другите земји од регио-

нот. Годишните Национални извештаи го опишуваат остварениот прогрес и ги утврдуваат приоритетите на политиката за следната година. Подготовката на Наци-оналниот извештај за ЕПМП е базирана на стандарден прашалник подготвен од Европската Комисија. Во 2006 година овој прашалник беше заменет согласно приоритетите на ревидираната Лисабонска стратегија, со воведување на систем на оценки за десетте области на Повелбата, релевантни за развојот на МСП и преку воведување на МСП-индекс во земјата. Националниот извештај стана самооценувачка алатка за определување на развојниот статус на секторот МСП на скалата од 1 (најслабо) до 5 (највисоко).

Мерки на Програмата: • Подготовка/спроведување на кампања за зголему-

вање на свеста помеѓу вклучените страни за постоење-то на Националниот извештај, за неговата содржина и употреба како координативна /комуникациска алатка.

• Вклучување на сите релевантни инволвирани страни преку прашалникот/работилниците во процесот на подготовка, како и определување на приоритетите за Годишните акциони планови кои следат.

• Подготовка на Националните извештаи. • Учество на конференции поврзани со ЕПМП. 2.2.5 Регистрација: Започнување со деловна

активност Процесот за регистрација на претпријатијата значај-

но се подобри со воведувањето на едношалтерскиот систем (моментално десет канцеларии) и целиот про-цес се одвива за три дена (осум дена за занаетчиите). Трошоците за упис во Централниот регистар изнесува-ат 1.700 денари за занаетчија, 2.200 ден. за трговец- по-единец, 3.400 ден. за ДОО/ДООЕЛ, додека за акцио-нерско друштво изнесуваат 6.000 денари. Меѓутоа, ова се само дел од трошоците за целосно започнување со работа. Другите трошоци вклучуваат изработка на пе-чат, отварање на жиро-сметка, заверка на нотар итн. Реалните трошоци еден претприемач да започне со ра-бота изнесуваат околу 12.000 денари, односно за зана-етчиите овие трошоци се околу 6.000 денари. Како што е прикажано во примерот за регистрација на друштво со ограничена одговорност (ДОО) – Табела 2 – земјата многу добро котира во однос на времето потребно за регистрација (во денови) и трошоците кои се поврзани со регистрацијата (% од доходот по жител), но слабо котира во однос основачкиот капитал (како % од дохо-дот по жител), споредбено со просекот во југоисточна Европа (ЈИЕ). Меѓутоа, треба да се достигнат просеч-ните стандарди од земјите на ОЕСР .

Исто така, фактот дека основачкиот капитал за отворање на ДОО е доста висок (€ 5.000), остава про-стор за негово намалување и значајно подобрување во однос на започнување со деловна активност.

Табела 2: Споредба на регистрационите процедури Мерки на Програмата: • Воведување на единствена регистрациона форма. • Овозможување на документација за електронскко

регистрирање (он-лајн), како и издавање на печатени копии во канцелариите на едношалтерскиот систем.

Page 8: › Issues › 7BA6C05C91BC354A9C3B3D1613... · Број 48 Год. LXIII Понеделник, 16 април 2007 …2008-01-04 · 1.1. ПРЕТПРИЕМНИШТВО: НОВА

Стр. 8 - Бр. 48 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 април 2007

• Воведување на документација како примерок на он-лајн и на едношалтерскиот систем.

• Зголемување на бројот на канцелариите на едно-шалтерскиот систем заради покривање на целата земја.

• Воспоставување на он-лајн регистрација што е можно побрзо (со ова би се овозможило регистрирање на претпријатие за помалку од еден ден).

• Обезбедување на специјализирана обука за врабо-тените во едношалтерскиот систем за поголема ефикас-ност.

• Намалување (укинување) на основачкиот капитал за ДОО во соработка со Министерството за финансии.

• Воведување на унифициран регистрациски тро-шок (независно од видот на правното лице).

• Започнување на разговори со Министерството за правда за обезбедување на (а) најдобра практика при нотаризација на документи, (б) укинување на барањето за вработување на стручно лице за време на регистра-цијата (в) отстранување на обврската за поседување на канцелариски простор.

• Иницирање на физибилити студија за спојување на регистрацијата и лиценцирањето во рамките на ед-ношалтерскиот систем.

2.2.6 Де-регистрација: Затварање на претпри-

јатие Претпријатијата се раѓаат (започнуваат со работа) и

згаснуваат (се затвараат). Ова не претставува необичен феномен во пазарната економија, туку индикатор за нивната динамика. Иако беше направен значаен придо-нес во однос на регистрирањето на претпријатијата, се-пак речиси ништо не се случува во однос на процесот на де-регистрација. Процесот на затварање на едно претпријатие трае безмалку четири години, чинејќи 28% од вредноста на капиталот и има многу мала стап-ка на опоравување (15.5% од секој инвестиран долар). Во однос на сите индикатори, земјата има послаби ре-зултати споредбено со регионот, далеку зад просекот на земјите од ОЕСР (Табела 3). Во вакви услови, подо-бро е претприемачите да го оддржуваат претпријатието неактивно, отколку да го затворат.

Табела 3. Споредба на затварање на бизнис Извор: Светска Банка - Трошок за правење бизнис

(2006) Иако новиот Закон за стечај (2006) е усвоен и во по-

веќе аспекти е хармонизиран со ЕУ и меѓународната легислатива, сепак постои потреба од реформа во де-лот на затварање на претпријатијата.

Мерки на Програмата: • Спроведување на студија за проблемите во делот

на затварање на претпријатието и предлагање на пре-пораки за насочување на процесот базирани на меѓуна-родната практика.

• Иницирање на пилот-програма за спроведување на процедури и усвојување на добри пракси кои ќе се применуваат на национално ниво.

• Завршување на стечајните процеси во период од 6 до 9 месеци, согласно Законот за стечај.

2.2.7 Лиценцирање и дозволи Во прилог на регистрацијата, многу деловни актив-

ности мора да добијат дополнителни работни лиценци и/или дозволи за да започнат со нивните активности. Овие пост-регистрациони барања го вклучуваат и про-цесот на аплицирање до релевантните тела кои се одго-ворни за овие работи. Вакви примери можат да се нај-дат во секторите како што се градежништво, транс-порт, здравство, туризам, угостителство и производс-тво. Трошоците поврзани со овие дополнителни бара-ња се многу високи, па оттука тие го обесхрабруваат претприемништвото: потребни се просечно 18 чекори, 222 дена и трошок од 90% од доходот по жител за да се помине низ процесот. Иако Република Македонија спо-редбено со другите земји од соседството е на солидно ниво, за разлика од понапредните економии таа котира многу ниско (Табела 4). Ова остава простор за подо-брувања во сите релеванти области, како на пр. бројот на процедурите, времето за добивање на лиценци или дозволи како и трошоците поврзани со нив.

Табела 4. Споредба за добивање на лиценци Извор: Светска Банка - Трошок за правење бизнис

(2006) - (во долари) Постојат големи ограничувања кога станува збор за

лиценци и дозволи. Не земајќи ги предвид надлежните органи одговорни за издавање на лиценци, искуството на МСП укажува на постоење на проблеми. Тоа се проблемите поврзани со нетранспарентни процедури, со времетраењето и непредвидените процедури за одо-брување, со деловните интереси кои влијаат на проце-сот на донесување на одлуки во зависност од процеду-рите за лиценците и во зависнот од регионот во кој претпријатието е регистрирано, со недоволно ефикасни административни тела кои придонесуваат за доцнење на целата процедура, како и недоследно следење на воспоставените процедури.

Мерки на Програмата: • Дефинирање на политиката за регулаторната ре-

форма (глобално/селективно/пилот, квантитативни це-ли, пристап ex ante/ex post нотификација, одговорно-сти).

• Оценување на постоечките лиценци и дозволи ка-ко и нивна рационалност и отстранување на тие кои не се во јавен интерес (гиљотина пристап).

• Процесирање на стандардните типови на лиценци и дозволи во период не подолг од 14 дена.

• Насочување на процесот за добивање на градежна дозвола во временска рамка не подолга од 45 дена.

2.2.8 Инспекции Задачата на инспекциските органи е да обезбедат

спроведување на законите и регулативите од страна на физичките и правните лица, така што активностите на инспекторатите ги покриваат во целост претпријатија-та, вклучувајќи ги и МСП и занаетчиите. Меѓутоа, си-стемот на инспекции и контроли има потреба од мо-дернизирање и значително подобрување. Најчести проблеми се: селективен пристап на инспекторатите, донесување на арбитражни одлуки и субјективно тол-

Page 9: › Issues › 7BA6C05C91BC354A9C3B3D1613... · Број 48 Год. LXIII Понеделник, 16 април 2007 …2008-01-04 · 1.1. ПРЕТПРИЕМНИШТВО: НОВА

16 април 2007 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 48 - Стр. 9

кување на регулативите, подмитување и други видови на користољубиво однесување на инспекторите, чести инспекции на подолго време, големи бирократски про-цедури за поднесување жалби, непропорционални санкции и казни, недостаток од транспарентност и ин-формации. Меѓутоа, ваквата состојба се јавува поради статусот кој инспекторите го имаат: недостаток од чо-вечки ресурси во инспекторатите (во однос на бројот и квалификациите), недостаток од развој на кариерата, ограничени можности за подигање на капацитетот, не-јасна и понекогаш контрадикторна легислатива, неефи-касна координација помеѓу различните инспекторати и неефикасна контрола и механизми за мониторинг.

Мерки на Програмата: • Прикажување на последните регулативи од сите

инспекторати (легислатива, регулатива, амандмани, внатрешни инструкции итн.), процедурите, казните, жалбите и сл. на веб-страницата на Министерството за економија, за што полесен пристап до нив од страна на МСП.

• Воспоставување на систем со кој ќе се осигура де-ка инспекторатите ги спроведуваат и ги почитуваат своите оперативни работни планови и инспекциските распореди.

• Спроведување на физибилити студија за обедину-вање на бројните инспекторати заради постигнување на поголема ефикасност и ефективност.

• Целосна фискализација на правните субјекти сог-ласно Законот.

2.2.9 Електронски (е-)Владини услуги до бизни-

сите Е-бизнис значи “вршење дејност по електронски

пат”, преку покривање не само на имплементацијата на електронската трговија (е-комерц), т.е. купување и про-давање он-лајн, туку и други активности: Б2Б (бизнис со бизнис или активности реализирани помеѓу прет-пријатијата - на пример, добавувачи и трговци), Б2К (бизнис на клиент или врската помеѓу крајните муште-рии и претпријатијата) и В2Б (Влада на бизнис или активности реализирани помеѓу Владата и бизнисите, како што се даночното објавување, социјалните услуги и сл.). Една од областите во кои Програмата може да интервенира е зајакнување на Б2Б услугите . Активно-ста во оваа област е многу сиромашна споредбено со земјите од ЕУ и, иако постојат знаци на подобрување, тие се бавни и не се во сооднос со барањата од страна на ЕУ за е-Влада. Следните Владини услуги треба да бидат приоритетни:

• Социјалните придонеси за вработените во прет-пријатијата.

• Корпоративното даночно објавување на приходот од стандардните активности (некои активности).

• Објавување на данокот на додадена вредност (ДДВ) и/или нотификација на стандардните трансак-ции.

• Регистрирање на ново претпријатие (во соглас-ност со едношалтерскиот систем).

• Предавање на податоци на Државниот завод за статистика.

• Предавање на царинска изјава за стандардните процедури.

• Предавање на јавната набавка за тендерите кои се однесуваат за јавните набавки

Нивото на он-лајн софистицираноста тогаш ќе биде мерено според нивото на развој (ниво 0= не постоење на веб, ниво 1=информацијата се јавува на веб, ниво 2=форма која може да биде симната од веб, ниво=3 ме-ѓусебно комуницирање со веб апликацијата, ниво 4=це-лосна трансакција реализирана преку веб).

Мерки на Програмата: • Спроведување на детална физибилити студија за

секој од наброените Б2Буслуги и реализирање на пре-пораките, како и изработка на акционен план за достиг-нување во најмала рака на нивото 3 (меѓусебно кому-ницирање со веб апликацијата).

• Обезбедување средства (од државата или донатор-ски) за спроведување на акциониот план според роко-вите.

• Обезбедување на меѓуминистерска соработка за спроведување на В2Б акциониот план, граден врз осно-ва на ИКТ контакти кои постојат во министерствата.

• Промовирање на концептот е-Влада и услугите кои се достапни за МСП на регионалните презентации.

2.2.10 Електронска трговија (е-комерц)/ Електрон-

ска е-деловна легислатива За да се овозможи претпријатијата да станат активни

учесници во информатичкото општество потребни се ра-ционални политики, закони и легислатива. Ова особено се однесува на легислативата за е-комерц и е-Влада.

Мерки на Програмата: • Да се усвојат соодветни прописи и легислатива за

е-комерц и е-бизнис, врз основа на искуството од зем-јите кои се на слично ниво за влез во ЕУ.

2.2.11. Одредување на стандарди Во Националната стратегија за информатичко оп-

штество се покриваат некои области, но не сите мето-дологии, стандарди, модели и политики кои се потреб-ни за ефективни услуги на е-Влада.

Табела 5. Реализација на ИКТ методологија, модели

и политики Мерки на Програмата: • Определување на стандари обележани во горната

табела, започнувајќи со стандардите за дигитална раз-мена на документи, дигитално фактурирање и дигитал-но нарачување.

2.3. ПОДОБРУВАЊЕ НА ПРИСТАПОТ ДО ФИНАН-СИИ И ПОЕДНОСТАВУВАЊЕ НА ДАНОЦИТЕ 2.3.1 Подобрување на пристапот до финансии Во последните години значително се зголеми кре-

дитниот волумен на банкарскиот сектор од што најго-лема корист имаше секторот на претпријатијата. Но, МСП се’ уште имаат проблеми во пристапот до комер-цијалните заеми. Ова е поврзано со постоењето на не-доволно развиен банкарски систем. Неопходно е зајак-

Page 10: › Issues › 7BA6C05C91BC354A9C3B3D1613... · Број 48 Год. LXIII Понеделник, 16 април 2007 …2008-01-04 · 1.1. ПРЕТПРИЕМНИШТВО: НОВА

Стр. 10 - Бр. 48 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 април 2007

нување на функционирањето на банкарскиот систем и финансиското посредување но, сепак, тоа е недоволен услов за да се подобри финансирањето на МСП.

Постојат конкретни ограничувања кои претставуваат бариера за пристапот на МСП до финансиите на комер-цијалните банки. Недоволната актива и слабата капита-лизација, ограничените идеи за развој и ранливоста од пазарните движења, во комбинација со ограничените технички, менаџерски и маркетиншки вештини на сопс-твениците на малите бизниси, водат до тоа комерцијал-ните банки да ги сметаат МСП како високо-ризични и затоа често ги одбегнуваат кога станува збор за одобру-вање на заем. МСП обично не ги прикажуваат информа-циите до тој степен и квалитет каков што бараат банките за соодветно да го оценат нивниот кредибилитет во по-зајмување врз основа на финансиски извештаи.

Кога станува збор за позајмување базирано на акти-вата, се бараат големи хипотеки, но се гледа и видот и квалитетот на хипотеката, што исто така претставува уште една пречка за МСП. Сево ова може да се занема-ри во споредба со поатрактивните и помалку ризични-те можности за инвестирање, како што се обврзниците на Владата, благајничките записи на НБМ, како и по-зајмувањето на големи претпријатија.

Алтернативните финансиски инструменти, како што се финансискиот лизинг, факторингот или инвестирање-то во сопственички капитал, овозможени преку бизнис ангелите или приватните фондови за вложување во сопственички капитал, не се применуваат често, иако во повеќето случаеви постои правно опкружување.

На финансискиот пазар посебен проблем имаат претприемачите кои сакаат да започнат со деловна активност, бидејќи микрофинансиските институции –банкарски и небанкарски не се доволно застапени.

2.3.1.1. Приватно кредитно биро Информациите за кредитите кои се присутни во

земјата не се доволни за кредитно оценување на клиен-тите. Помеѓу изворите за овие информации се Народ-ната банка на Република Македонија, Македонската банка за поддршка на развојот и Централниот регистар. Поради постоење на асиметрични информации на бан-ките и нивните клиенти, постои опасност од погрешна селекција на информацијата за клиентите.

На меѓународно ниво, приватните кредитни бироа се покажаа како соодветна алатка за надминување на информациските проблеми на банките. Тие обезбеду-ваат пристап до “платежниот профил” на конкретните клиенти за одредена цена. Од друга страна, ова им по-мага на банките да направат разлика помеѓу високо и нискоризичните МСП кога станува збор за позајмува-ње базирано на финансиски извештаи. Ова придонесу-ва за намалување на трансакционите трошоци и ги пот-тикнува банките да ги прошират заемите на МСП. Ме-ѓутоа, воспоставувањето на вакво кредитно биро бара одредување и обезбедување одредени правни, регула-торни и информатички инструменти.

Мерки на Програмата: • Поддршка за отварање на приватни кредитни би-

роа за да се обезбедат банките со информации кои им се потребни за соодветно оценување на кредибилите-тот на МСП.

• Осигурување за сеопфатноста на пристапот на кредитното биро, преку вклучување на сите финанси-ски институции, со цел да се зголеми размената на ин-формации меѓу банките.

• Измена на законите кои претставуваат пречка при размената на информации (банкарски доверливи регу-лативи, податоци и закони за заштита на потрошувачи-те), а најдобар начин е преку усвојување на Закон за

кредитна информација, кој ќе претставува единствен авторитет за собирање и дистрибуција на (позитивни или негативни) податоци.

2.3.1.2. Режим за безбедни трансакции Позајмувањето базирано на активата на претприја-

тијата претставува подобра опција за комерцијалните банки. Ова бара функционирање на пазар за безбедни трансакции, условен од широкиот спектар од заложена актива, лесна и не многу скапа регистрација, како и бр-за и едноставна реализација во случај на стечај. Додека Законот за договорен залог (2005) дозволува разни комбинации за хипотеката користена како осигурување за заемот, недвижностите се преферираат како подобра опција, а од другите видови на актива опремата вооп-што не е прифатена. Слично на ова, прифаќањето на ненаплатени сметки и залихи, исто така, не се приме-нува. Иако Регистарот на залог се смета како модел за регионот, остануваат отворени прашањата во однос на пополнувањето на целиот договор за залог, високите трошоци за преглед на големата документација и висо-ките регистрациони трошоци. Регистрацијата на залог на недвижнини се’ уште доцни, поради недостиг од по-стоење на единствен регистар (катастар). Статутарните приоритети за вработените во фирми под стечај, во од-нос на неисплатените плати, ги намалува приоритетни-те права на банките и вредноста на обезбедувањето. Кога станува збор за реализација на осигурувањето, но-виот Законот за стечај (2006) и усвојувањето на Зако-нот за извршување доведоа до насочување на стечајни-те процедури со кои им се дава на договорите за залог право за извршување што им овозможува на банките да ја реализираат хипотеката без претходна судска одлу-ка. Пошироката употреба на само помагачките меха-низми ќе ги охрабри банките да ги намалат нивните ба-рања за осигурување, од што корист ќе имаат МСП.

Мерки на Програмата: • Намалување на таксите од Централниот регистар

за регистрација на залог за малите кредити во вредност од € 8-12 - меѓународна практика.

• Осигурување дека нерегистрираните залози се зе-мени предвид во помал ранг, споредбено со регистри-раните залози, наместо да се сметаат за неприфатливи.

• Осигурување дека хипотекарните кредитори има-ат приоритет пред другите права во случај на стечај, што е во линија со најдобрата меѓународна практика.

• Подигање на свеста за важноста и најдобрата пра-ктика во релација со другите форми на пренослива актива (опрема), ненаплатени сметки, инвентар и др. работи кои можат да се користат како залог.

2.3.1.3. Подобрување на оперативноста на

Гарантниот фонд Гарантиот фонд при Македонска банка за поддршка

на развојот (МБПР) беше основан со измена на Законот за основање на МБПР (2005). Околу 265 милиони дена-ри (€ 4.23 милиони) беа префрлени на сметка на Га-рантниот фонд. Фондот е менаџиран од Гарантен од-бор, посебен оддел во рамките на Управниот одбор на МБПР. Целта на Фондот е да обезбеди гаранции за зае-мите од комерцијалните банки, бидејќи тоа е проблем со кој МСП се соочуваат кога бараат заем и мора да приложат хипотека (често 200% поголема од вредноста на заемот), која банките ја бараат како гаранција за зае-мот. Гаранциите покриваат 33% од вредноста на заемот за максимален износ на заемот од € 35.000, меѓутоа за инвестиција не поголема од € 150.000.

Page 11: › Issues › 7BA6C05C91BC354A9C3B3D1613... · Број 48 Год. LXIII Понеделник, 16 април 2007 …2008-01-04 · 1.1. ПРЕТПРИЕМНИШТВО: НОВА

16 април 2007 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 48 - Стр. 11

И покрај големиот интерес од страна на МСП, ниту една гаранција не беше издадена во последниве 12 ме-сеци. Ова покажува дека концептот на Фондот е неаде-кватно поврзан со хипотекарните проблеми на МСП. Се чини дека МСП не се способни да го обезбедат до-полнителното осигурување за да ги достигнат големите хипотекарни барања на банките. Долгите администра-тивни проблеми може да се уште една дополнителна причина зошто МСП го одбегнуваат користењето на Гарантниот фонд за заеми.

Мерки на МСП Програмата: • Согледување на причините за неискористување на

Гарантниот фонд од страна на МСП. • Измена на функционирањето на Гарантниот фонд

со цел негова поголема искористеност. 2.3.1.4. Обезбедување финансиска поддршка за

извозните претпријатија Помалите претпријатија во Република Македонија

често се соочуваат со потешкотии кога барат кредити за извоз и услуги поврзани со извозот кај комерцијал-ните банки. Процедурите се сложени, а извозните кре-дити несоодветни. Земјите во вакви ситуации често ре-агираат преку реализирање на различни начини, овоз-можувајќи му на странскиот купувач на извезените производи да го пролонгира плаќањето и/или услугите за извесен период. Официјалната поддршка може да биде обезбедена како: (а) “целосна покриеност”, на пр. осигурување или гаранции дадени на извозниците или банките без финансиска поддршка; (б) финансиска поддршка, на пр. директни кредити/финансирање, ре-финансирање на каматните стапки; (в) помош при фи-нансирањето, на пр. кредити и грантови.

МСП имаат сериозен проблем при обезбедување на обртен капитал (како што е набавка на репроматерија-ли, добра или производи потребни за производство во однос на кредитите за набавка на машини, односно опрема). Следејќи ја меѓународната практика, малите претпријатија кои се занимаваат со извоз треба да би-дат поддржани од страна на МБПР со извозни кредити, а со тоа би се зголемиле нивните шанси за влегување на меѓународните пазари.

Мерки на Програмата: • Поддршка за финансирање на мали извозни прет-

пријатија преку обезбедување на заеми со поволни ус-лови за покривање на трошоците поврзани со извозот (на пр. набавка на репроматеријали, маркетинг трошо-ци, развој на дистрибутивна мрежа).

• Барање на кредитни линии за финансирање на из-возните активности на претпријатијата.

2.3.1.5. Финансирање во сопственички капитал Сопственичкиот капитал обезбеден од надворешни

инвеститори нуди можност за задоволување на потре-бите за средства на МСП. Инвеститорот во сопственич-ки капитал за вложените средства очекува дел од доби-вка и дел од сопстеноста на претпријатието.

Ризичните вложувања се конкретна форма на сопс-твенички капитал кој се фокусира на бизниси со висок ризик, односно нови брзорастечки и високотехноло-шки претпријатија каде се очекува дека добивката ќе биде поголема од просечната, но постои ризик инве-стицијата да не го донесе очекуваниот профит. Најче-сто ризиците ги покриваат добивките од одделни брзо-растечки претпријатија. Финансирањето во сопстве-нички капитал, како извор на финансирање на МСП, не е застапено кај македонските МСП.

2.3.1.6. Микрофинансирање Обезбедување на мали заеми или микрокредитира-

ње е особено значајно за малите односно почетните претпријатија. Оваа форма на финансирање на потен-цијалните прептриемачи е застапена како во развиени-те, така и во земјите во транзиција, но и во недоволно развиените земји (Индија, Бангладеш).

Овој модел на финансирање на претприемачите, особено на почетниците, беше мошне застапен во Европската Унија. За таа цел, ЕУ издвојуваше средства во посебни фондови.

Во Македонија оваа форма на финансирање е недо-волно застапена, иако претставува начин за побрзо са-мовработување на потенцијалните претприемачи. Воо-бичаено микрофинансирањето не го вршат комерцијал-ните банки кои не се заинтересирани за новите прет-приемачи, туку тоа го прават одделни специјализирани банки/фондови и програми (небанкарски институции).

Во Македонија има повеќе примери за успешно ми-крофинансирање на почетничките деловни активности (Програма ‘Хоризонти’, Штедилници ‘Можности’, Штедилница ‘Фулм’). Но, сепак, ова не е доволно за да се задоволат потребите на претприемачите.

Мерки на Програмата: • Обезбедување на средства од донатори (евентуално

од буџет на РМ) и формирање на институција која ќе ги менаџира овие средства под некомерцијални услови.

• Испитување на можноста микрокредитната линија од програмата ФАРЕ на ЕУ (која се’ уште не е искори-стена и е револвинг фонд) да премине во институцијата од претходната точка.

2.3.1.7. “Бизнис ангели” “Бизнис ангелите” инвестираат директно во прет-

пријатијата или поддржуваат добра деловна идеја на поединци. Инвеститорот по одреден период најчесто ги повлекува вложените средства (5-7 години). Во Ре-публика Македонија финансирањето на МСП преку “бизнис ангелите” не е развиено. Во Република Слове-нија се регистрирани повеќе од 28 “бизнис ангели”, по-врзани во мрежа. Согласно најдобрите пракси од ЕУ, потребно е подигање на свеста за овој концепт, созда-вање на тим на “бизнис ангели” за да се разговара за релевантни прашања, како и да се обезбеди финанси-ска поддршка за создавање на мрежа на “бизнис анге-ли”, која што ќе ги поврзе потенцијалните инвеститори со претпријатијата.

Мерки на Програмата: • Организирање на кампања за подигање на свеста

на која ќе бидат претставени придобивките од „бизнис ангелите” како извор на финансирање во сопственички капитал.

• Поддршка за создавање мрежа на „бизнис ангели” за поврзување на потенцијалните ангели- инвестори со МСП.

• Преку мрежата да се изгради капацитет на МСП за ефективно презентирање на своите можности пред потенцијалните ангели- инвеститори.

2.3.1.8. Фонд за вложување во сопственички ка-

питал/ Ризично вложување Инвестиционите фондови се организирани под покро-

вителство на една или неколку институции и имаат за цел привлекување на приватни инвеститори. Во Република Македонија постои правна и институционална инфра-структура за воспоставување и менаџирање на овие фон-дови. Условите за отварање на инвестициони фондови се дефинирани во Законот за инвестициони фондови (2000).

Page 12: › Issues › 7BA6C05C91BC354A9C3B3D1613... · Број 48 Год. LXIII Понеделник, 16 април 2007 …2008-01-04 · 1.1. ПРЕТПРИЕМНИШТВО: НОВА

Стр. 12 - Бр. 48 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 април 2007

Иако беа отворени неколку фондови за ризични вложува-ња, само Фондот за помош на мали претпријатија (СЕАФ) е се’ уште оперативен. Овој Фонд, директно финансира во претпријатија со вредност на инвестицијата од $ 200.000 до $ 1.500.000, со превземање на помал дел од претприја-тието (помеѓу 20% и 49%). Работејќи на комерцијална ос-нова, овој Фонд се фокусира стриктно на бизниси кои имаат привлекувачка основа. Поради ограничениот број на МСП кои можат да профитираат од СЕАФ, неговото влијание во финансирањето на МСП е незначително. Всушност, за време од пет години, само 14 МСП користеа средства од овој Фонд.

Мерки на Програмата: • Започнување дискусија за отварањето на заеднички

инвестициони фондови, во кои ќе учествуваат Европска-та банка за обнова и развој (ЕБРД), УСАИД, ИФЦ, како и комерцијалните домашни и странски банки.

2.3.1.9. Лизинг Лизингот овозможува разрешување на финансиски-

те проблеми на МСП кои имаат потреба од нова опре-ма за нивните активности, но не можат да добијат заем за да ја купат. Лизинг-претпријатијата ја имаат сопс-твеноста врз предметот што е на лизинг и на тој начин се надминуваат пречките на банкарското кредитирање. Законот за лизинг (2002), изменет во 2003 и 2006 годи-на, ја регулира оваа проблематика.

Законот за договорен залог (2005) бара регистрира-ње на давањето под лизинг, заради намалување на ри-зикот од измама од страна на корисникот на лизингот.

Сепак, направен е само мал прогрес. Од вкупно осум лиценцирани лизинг-компании, само две се оперативни и лизингот е ограничен на само 1,3% од средствата иско-ристени за финансирање во нови инвестиции. Лизингот за возила е широко распространет, но лизингот за опре-ма е исклучок. Лизинг-договорите се регулирани со За-конот за лизинг, со што се ограничува слобода при дого-варање помеѓу страните за пофлексибилни лизинг-дого-вори, кои би биле приспособени според очекуваните приливи и можностите за отплаќање. Лизинг-договорите се предмет на повисока регистрациона такса, во според-ба со регистрацијата на договорите за залог. Фискалната легислатива, особено во однос на ДДВ и амортизацијата, се’ уште не се до крај јасни. Судовите не се доволно ефикасни за да издадат овластување за наплата на неп-латена опрема издадена под лизинг. Свеста за придоби-вките од лизингот помеѓу МСП е мала.

Мерки на Програмата: • Соработка со Министерството за финансии и мини-

стерството за правда при смена на Законот за лизинг, кој треба да се однесува само на лизинг-активностите, а не на лизинг-договорите, додека подоцна овие договори треба да бидат додадени во Законот за облигации.

• Адаптирање на таксите за регистрација од Цен-тралниот регистар според македонската реалност и та-ксите кои се наплаќаат во ЕУ.

• Осигурување дека подзаконските акти за реги-страција, како и за амортизација на предметите земени под лизинг се во сооднос со најдобрата европска пра-кса и Меѓународните сметководствени стандарди.

• Соработка со Министерството за правда за вове-дување на кратки, специјални судски процедури преку кои правото на сопственост ќе биде заштитено на иста основа како и правото на поседување за да се обезбеди брз, едноставен и ефективен процес на повторно при-својување на предметите под лизинг.

• Соработка со Министерството за правда преку што ќе се изврши осиргурување дека нотарската завер-ка за лизинг има иста извршна моќ како извршната судска одлука, за да се овозможи извршување надвор од судот.

• Превземање на пилот-иницијатива за оценување на можноста за микро-лизингот во земјоделскиот се-ктор.

• Промовирање на важноста на лизингот како по-тенцијална алтернатива на кредитното финансирање.

2.3.1.10. Факторинг Во многу земји факторингот стана нов финансиски

инструмент за обезбедување на обртен капитал и ли-квидност на МСП. Како производ со широк спектар за претпријатијата вклучени во домашната и меѓународ-ната трговија, факторингот ги комбинира финансиите и услугите преку собирање на ненаплатени сметки и му овозможува на купувачот кредитно покритие, односно соодветно покритие за долгот во случај на загуба, по-ради финансиската неможност на купувачот да плати. Иако за структурата на факторингот постои правна и банкарска рамка, а МСП имаат потреба од обртен ка-питал и ликвидност, факторингот не е присутен. Све-ста помеѓу МСП е многу ниска. Иако правниот и бан-карскиот систем го препознаваат факторингот, потреб-ни се модификации и разјаснувања, кои ќе претставу-ваат еден вид почетна точка за развој на пазарот за фа-кторингот.

Факторингот како финансиски производ во однос на ДДВ-легислативата, со одредени исклучоци, како и адаптирање на Законот за банки, во кој треба јасно да се дефинира факторингот како потенцијална банкарска активност, се само дел од работите кои треба да бидат земени предвид. Во моментов, факторингот останува комерцијална одлука на банките и нефинансиските ин-ституции дали да го нудат на нивните клиенти или не. Сепак, потребна е јавна кампања за подигање на свеста и образованието, што би помогнала за соодветно позицио-нирање на факторингот како основа за пазарен развој.

Мерки на Програмата: • Со помош на Форумот за МСП да се подигне све-

ста за факторингот како потенцијален извор за финан-сирање на МСП.

• Преглед на правната и регулатораната рамка за факторингот (ДДВ, Законот за банки и Законот за сме-тководство) и прилагодување на најдобрата меѓународ-на практика.

• Промовирање на пилот-иницијатива за стимули-рање на факторингот.

2.3.2.11. Франшизирање Франшизирање е начин на работа со кој франшизе-

рот ја продава бизнис идејата и методологијата или “франшискиот бизнис” на друго лице или бизнис, кој работи според името на франшизерот. Ова нуди многу предности за МСП. МСП можат да ги користат и па-зарните производи и услуги на франшизираните тргов-ски, услужни марки и трговски имиња, за кои претпри-јатието однапред плаќа такса за користење, како и дел од продажбата. Значи, МСП не треба да започне биз-нис од почеток, туку може да го искористи претходно развиениот и оперативен деловен концепт. Исто така, банките повеќе би сакале да финансираат вакво фран-шизирано претпријатие на респектиран и познат фран-шизер, отколку претпријатие кое сака за отвори недо-кажан бизнис. Генерално, франшизата може значајно да го намали деловниот ризик.

Иако франшизирањето е релативно нов концепт за стопанството во Република Македонија, правниот си-стем ги прифаќа франшизните договори. Тие имаат не-кои предности во однос на домашните претпријатија за одредени даночни олеснувања. Во Законот за работни односи јасно се дефинира дека изнајмувањето може да

Page 13: › Issues › 7BA6C05C91BC354A9C3B3D1613... · Број 48 Год. LXIII Понеделник, 16 април 2007 …2008-01-04 · 1.1. ПРЕТПРИЕМНИШТВО: НОВА

16 април 2007 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 48 - Стр. 13

биде слободно договарано и дека постојат закони со кои се штитат трговските марки, патенти и копирачки права. Всушност, постојат успешни примери за фран-шизирање во земјата.

Се’ уште постојат ограничувања за концептот да биде уште повеќе применуван. Овие ограничувања се однесуваат на ниското ниво на свест за франшизирање-то како алтернатива за започнување на бизнис.

Мерки на Програмата: • Подигање на свеста за концептот на франшизата

преку имплементирање на кампања. 2.3.2. Поедноставување на оданочувањето Даночниот систем во Република Македонија е со

карактеристики на модерниот пазарен даночен систем. Даночните проблеми се мали споредбено со тие на ме-ѓународно ниво (ОЕСД просек 36% од БДП, Република Македонија 20% во 2005).

Практиката на земјите во транзиција покажува дека ефикасен даночен систем со транспарентни, едностав-ни и ниски даноци е еден од основните предуслови за економски напредок. Пониските даночни стапки и ед-ноставната пресметка ќе ги направат трошоците/ризи-кот од криење на данокот поголеми, отколку трошоци-те за плаќање. Ова бара воведување на основните принципи на модерниот даночен систем во пазарната економија: ефикасни предлози за оданочување, кое ќе има минимален ефект при користење на средствата (неутралност), додека кај сопственичкиот капитал би се очекувало оданочувањето да ги третира сличните даночни обврзници на ист начин и да осигура дека да-ночните ограничувања се конзистентни со можноста за плаќање. Потребен е даночен систем кој е лесен за сле-дење од даночната администрација и обврзниците, мо-же да одговори на барањата на растечката пазарна еко-номија и како резултат на тоа да се постигне зголему-вање на бројот на даночни обврзници.

Меѓу првите мерки што новата Влада ги презеде беше воведувањето на рамен данок од 12 %, односно на 10% во 2008 година, со што Република Македонија создаде можност за поголеми инвестирања.

Мерки на Програмата 1. Согледување на можностите за даночни олесну-

вања - ослободувања за почетниците – согласно добри-те пракси во ЕУ и пошироко.

2.3.2.1. Враќање на средствата од Данокот на до-

дадена вредност Според законот, ако вредноста на даночниот кредит

за даден даночен период (месец, квартал, година) е по-голем од данокот пресметан за добавување на добра и услуги, разликата треба да биде вратена. Ако даночни-от обврзник не бара враќање, тогаш вредноста се смета за даночен аванс за следниот даночен период. Вишокот од ДДВ треба да биде вратен во рок од 30 дена. Ако ДДВ е вратен по овој рок, се пресметува камата од 0,05% за секој ден доцнење, чија вредност се додава на вредноста за враќање. Правото за даночно враќање за комплетираниот извоз се реализира само за вредноста на пресметаниот ДДВ во земјата и никогаш не е пого-лем од тој што е презентиран во извозните документи (фактура, увозна царинска декларација итн.). Меѓутоа, законот не ги регулира сите конкретни провизии и ро-кови за враќање на даночниот кредит за извозниците.

Во практика, бизнисите се соочуваат со ненавремено враќање, а многу често средствата воопшто не се рефун-дираат. Ова создава конкретни ограничувања за приливот кај овие бизниси. Додека се очекува воведување на е-да-ночни услуги, кои ќе придонесат за побрзо враќање на ДДВ, постои исто така, потреба од обезбедување соодвет-но реализирање на процедурите за враќање.

Мерки на Програмата: • Преглед на причините кои придонесуваат за доц-

нење или неуспешно враќање на средствата од ДДВ, со посебен фокус на малите бизниси, како и предлага-ње препораки за реформа.

• Целосно спроведување на Законот за ДДВ, особе-но во однос на враќање на средствата од ДДВ.

• Координација со Министерството за финансии дека законот е во согласност со препораките на ЕУ.

2.3.2.2. Неформална економија Неформалните активности се постојано присутни

во економиите во регионот на ЈИЕ (илустрирано во Та-бела 6).

Табела 6. Неформална економија во регионот на ЈИЕ

Извор: Шнајдер (2002) Во две земји, Молдавија и Република Македонија,

речиси половина (45,1%) од Бруто националниот про-извод (БНП) се генерира од неформалната економија. Ова високо ниво на сивата економска активност укажу-ва на потребата од комплексни мерки со цел нејзино ублажување. Ова значи дека мора да се дејствува ши-роко и интегрирано за да може да осе чекува позитивен исход. Различните аспекти на предложените промени во оданочувањето, бизнис опкружувањето итн., ќе до-ведат до формализирање на дел од моменталните не-формални активности но, сепак, потребни се дополни-телни напори за охрабрување на формализацијата на бизнисите.

Мерки на Програмата: • Подготвување и превземање на детална кампања

за подигање на свеста за максимизирање на влијанието (преку предложени намалувања во даноците и соци-јалните придоноси, поедноставени даноци за МСП, фо-кусирано деловно опкружување -лиценци, дозволи, ре-гистрација итн.).

• Стимулирање на пријавувањето на работниците преку намален персонален данок, пофлексибилни фор-ми на работен однос и зголемена флексибилност во процесот на вработеување и отпуштање од работа.

• Модернизација и автоматизација на царинската процедура и професионализација на царинскиот менаџ-мент.

• Опфаќање на улични продавачи и трговци од мал обем со посебна законска регулатива и процедури (на-малени придонеси, посебни даночни олеснувања итн.), со цел полесно самовработување и излегување од сфе-рата на сивата економија.

• Подготовка на национална кампања за подигање на свеста со фокус на неформалната економија и објас-нување на работите како што се: зошто неформалната економија го засега секого, која е улогата на Владата, кои се трошоците и ризиците на неформалните актив-ности, како и придобивките и начините на помош за оние кои сакаат да го легализираат својот бизнис.

2.4. ПОДОБРУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА И

ИНОВАТИВНОСТА Генерално, се’ уште постои недостаток од соодвет-

но знаење и информации помеѓу претприемачите за тоа што Министерството за економија (МЕ), АППРМ, Форумот за МСП и другите националните институции работат на развојот на МСП.

Page 14: › Issues › 7BA6C05C91BC354A9C3B3D1613... · Број 48 Год. LXIII Понеделник, 16 април 2007 …2008-01-04 · 1.1. ПРЕТПРИЕМНИШТВО: НОВА

Стр. 14 - Бр. 48 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 април 2007

За да се надмине оваа празнина, потребно е зголе-мување на свеста за развој на претприемничката култу-ра и претприемничкиот дух во функција на создавање на претприемничко општество.

Тоа се постигнува со обезбедување на релевантни информации, вклучувајќи брошури и водичи кои се во функција на охрабрување за отпочнување со работа.

Мерки на Програмата: • Постојана промоција и дистрибуција на страте-

шки документи, програми и други информации, во ин-терес на поголема информираност на потенцијалните претприемачи и стопанственици.

• Воспоставување на посебен портал за МСП на прашања и одговори на веб-страницата на МЕ, за кој ќе биде одговорен Секторот за МСП во МЕ.

• Подготовка на брошура за видот на политиките, институциите, финансирањето итн., поврзано со разво-јот на МСП .

• Подготовка на брошура за бизнис регистрација преку едношалтерскиот систем (МЕ и Цетрален реги-стар).

• Подготовка на брошура за лиценците и дозволите (релевантните министерства и инстутиции).

• Подготовка на брошура за видот на финансиски производи и нивните придобивки и влијанија (на пр. лизинг, факторинг, „бизнис ангели”, фондови за сопс-твенички капитал итн.). (Министерство за економија и и Министерство за финансии).

• Подготовка на брошура за „бизнис ангели” и мре-жа на „бизнис ангели” (Министерство за економија).

• Подготовка на брошура за деловните услуги кои се нудат и водич за клучните теми како што се деловно планирање, аплицирање за кредити итн. (МЕ, АППРМ, ФРЧР итн.).

2.4.1. Меѓународни и национални стандарди Од 45.000 активни претпријатија во земјата, одвај

100 се меѓународно сертифицирани за квалитет и без-бедносни стандарди како што се ИСО, ХАЦЦП, ТQМ, Британската асоцијација за стандарди, итн.

Традиционалните навики на потрошувачите, мали-от трансфер на технологија, недостатокот од странски фирми и сл. се дел од причините за недоволното вклу-чување на македонските претпријатија во подобрува-њето на нивните капацитети и конкурентските придо-бивки. МСП главно работат локално и/или регионално во релативно мал пазар, без да се соочат со значајна директна конкуренција. Со добивањето на статусот земја-кандидат, ситуацијата мора значајно да се смени, доколку претпријатијата сакаат да се натпреваруваат на домашниот пазар, но и да се прошират и да се нат-преваруваат на пазарите на ЕУ и глобално. Подигањето на нивото на стандардите е најважно во овој процес.

Мерки на Програмата: • Соработка со Бирото за стандардизација (БС) и

деловните здруженија (преку Форумот за МСП) за про-мовирање на важноста на ИСО и другите меѓународни стандарди за МСП.

• Развивање на проекти за финансирање преку ИПА фондовите за поддршка на МСП, за воведување/поди-гање на ИСО и другите меѓународни стандарди.

• Користење на ФРЧР за создавање на консултанти кои ќе можат да им помогнат МСП при имплементира-ње на меѓународните стандарди.

2.4.2. Кластери Здружувањето на МСП во кластери има за цел стек-

нување на низа поволности кои водат до поголема кон-курентност.

Индивидуално, МСП често не се способни да ги придобијат пазарните можности, имаат проблеми во достигнување на економското ниво при купување на суровините и репроматеријалите, имаат проблеми со извозот, со можностите за обуки и со примената на технолошките иновации.

Кластерското/мрежното развивање, преку комбини-рање на активностите, има за цел да им помогне на МСП да ги надминат своите проблеми.

Покрај поддршка во создавањето и зајакнувањето на МСП мрежите и развој на постоечките МСП класте-ри, потребни се иницијативи за подигање на свеста, распространување на најдобрите пракси помеѓу моти-вираните сопственици на МСП и создавање на соодве-тен форум за дискусија и, на крај, рамка за менаџирање на кластерите како целина.

Во линија со ова, кластерите во Република Македо-нија се обидуваат да им помогнат на претпријатијата да ја зголемат својата конкурентност на домашните, реги-оналните и меѓународните пазари. Како резултат на претходните обиди, веќе постојат следниве кластери: за јагнешко месо и сирење, за туризам, за ИТ / Диги-тална медија, за вино, за текстил.

Овие кластери се поддржани од НСПК и постои можност за отварање на нови кластери, како на при-мер, за преработка на храна, чевли, мебел итн.

Мерки на МСП Програмата: • Поддршка за НСПК за да продолжи со поддржу-

вање на веќе постоечките кластери. • Поддршка на асоцијациите на МСП во промовира-

њето и отворањето на нови кластери. • Подигање на свеста на национално и локално ни-

во кај институциите и претпријатијата за поддршка на здружувањето во кластери, како еден модел за зголему-вање на конкурентноста.

2.4.3. Електронска подготвеност на МСП (е- под-

готвеност) е-Подготвеност е ниво до кое земјата е подготвена

да учествува во поврзување со светот. Моменталните податоци кои постојат за Република Македонија не дозволуваат детално оценување на е-подготвеноста на МСП. Меѓутоа, индикаторите како што се: употребата на Интернетот, постоењето на веб-страници, безбед-носни капацитети, број на вработени кои користат ИКТ, можноста за користење на широка конекција, пристапност до локално поврзување и Интранет пока-жуваат дека македонските МСП треба да поминат долг пат за да ги стигнат своите конкуренти во ЕУ. За да се постигне ова, примената на ИКТ во економијата и оп-штеството треба да стане повеќе присутна и широко прифатена од бизнисите и граѓаните.

Мерки на МСП Програмата: • Изготвување на студија со која ќе се оцени нивото

на ИКТ и употребата на е-бизнис, споредба со праксата во ЕУ и донесување на заклучоци/препораки за проши-рување на употребата.

• Одредување на индексот на е-подготвеност и спо-редба со ЕУ (Европски извештај за е-бизнис )

• Развивање и имплементирање на „Го дигитал” проект, кој ќе ги има следниве фази:

o Фаза 1: Подготовка на студија за успешни компа-нии кои користат ИКТ, е-бизнис итн.

o Фаза 2: Подготовка на „демо портал”, кој ќе биде користен за презентација пред МСП.

o Фаза 3: Регионална презентација на која ќе се пре-зентираат фазите 1 и 2 во 20 градови (20 МСП).

o Фаза 4: Спроведување на суштински ИКТ литера-турни курсеви (2 дена) за 200-4000 МСП.

o Фаза 5: Давање на 1 компјутер и 2 години при-стап на Интернет за 200-4000 МСП.

Page 15: › Issues › 7BA6C05C91BC354A9C3B3D1613... · Број 48 Год. LXIII Понеделник, 16 април 2007 …2008-01-04 · 1.1. ПРЕТПРИЕМНИШТВО: НОВА

16 април 2007 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 48 - Стр. 15

2.4.4. Подигање на свеста за Информациска ко-муникациска технологија (ИКТ)

Главна придобивка за претпријатијата да инвести-

раат во е-бизнис претставува фактот дека тоа може да им помогне да ја зголемат ефикасноста на нивните де-ловни активности и како резултат на тоа да постигнат зголемување на нивната конкурентност.

МСП се’ уште ограничено ја користат ИКТ и нејзи-ниот потенцијал, поради ограничениот буџет за инве-стирање во ИКТ и потешкотии при вработувањето на професионалци од областа на ИКТ, како и поради ви-соките трошоци за нејзино користење.

Македонските претпријатија моментално се малку едуцирани од областа на ИКТ и малку ја употребуваат. Моментално, ИКТ не се користи како клучна алатка за зголемување на нивото на продуктивноста и компании-те со развоен потенцијал не успеваат целосно да ја искористат како алатка за зголемување на нивната конкурентност.

Податоците покажуваат дека Република Македони-ја заостанува неколку години зад ЕУ. Владата треба да ја подобри е-подготвеноста во земјата, фокусирајќи се на секторот на МСП.

Клучна целна група на активностите за подигање на свеста за важноста на ИКТ би биле: (а) МСП кои вооп-што не ја користат ИКТ и (б) МСП кои малку ја кори-стат ИКТ.

Мерки Програмата: • Спроведување на повеќегодишна кампања за по-

дигање на свеста со посебен фокус на МСП и употре-бата на ИКТ (медиска кампања, регионални презента-ции, демо-портал, презентации на успешни ИКТ корис-ници, спроведување на концептот за е-бизнис).

• Креирање на портал за МСП кој ќе служи како ме-сто за информации за секторот на МСП, поврзан со си-те релевантни организации (на пр. секторот за МСП во МЕ, АППРМ, бизнис здруженијата, Централниот реги-стар итн.).

2.4.5. Инвестирање во истражување и развој (И&Р)

Учеството на И&Р во БДП во 2003 година беше са-

мо 0,22% од БДП, споредбено со соседните земји како Србија (0,32%), Бугарија (0,5%), Хрватска (1,1%) и Словенија (1,5%). Мало зголемување се бележи во 2004 година (0,25% од БДП). Сепак, вредноста е доста мала споредено со целта во ревидираната Лисабонска агенда за зголемување на трошоците за И&Р на 3% од БДП до 2010 година.

Трошоци за истражувања најмногу се направени на универзитетите (60,2%), а само мал дел отпаѓа на прет-пријатијата. Во ЕУ просечното учество на бизнис се-кторот е 65,3% (2000). Целта во Лисабонскиот доку-мент е 66% од инвестициите во И&Р да бидат нивести-рани од приватниот сектор до 2010 година.

Мерки на МСП Програмата: • Организирање на дискусии за охрабрување на ми-

нистерствата да усвојат цел - 1% од БДП да биде инве-стиран во И&Р активности до 2010 година.

• Поттикнување на приватниот сектор да ја зголеми вредноста на инвестиициите во И&Р.

• Основање на институции за И&Р за поддршка на технолошкиот развој на МСП.

• Организирање на дискусија со Министерството за финансии за воведување на даночни олеснувања за МСП секторот за инвестирање во И&Р.

2.4.6. Научно-технолошки индустриски паркови

Научно-технолошките индустриски паркови обез-

бедуваат оптимизирано опкружување за траснформи-рање на достигнувањата во И&Р во реално производс-

тво, привлекување и собирање на талентирани луѓе, технологии и капитал преку обезбедување на цел спе-ктар на услуги и преферентни политики и забрзување на индустријализацијата на високи и нови технологии. Важноста од ова произлегува од врските помеѓу висо-котехнолошкиот развој и побарувачката на пазарот до-ма и надвор. Специјализираните претпријатија можат да бидат формирани во Научно- технолошките инду-стриски паркови фокусирајќи се, на пример, на соф-твер, биологија и биохемија или оптоелектроника.

Физибилити студиите укажуват дека постои потен-цијал за отварање на најмалку два научно-технолошки паркови, во Битола и Скопје, меѓутоа, нивниот развој е ограничен од недостигот на средства. На пример, тех-нолошкиот парк во Битола би чинел околу € 700.000 - € 1 милион. Исто така, има потребата за попрецизно де-финирање на технолошката инфраструктура во соглас-ност со новите барања (Закон за научноистражувачка дејност, Закон за поттикнување и помагање на технич-ката култура и Закон за поттикнување и помагање на технолошкиот развој).

Владата треба да ја согледа можноста за отварање на најмалку еден нов технолошки парк кој ќе се фоку-сира на производство на софтвер, компјутерски чипови и други аспекти поврзани со ИКТ (Вардарска силикон-ска долина).

Мерки на МСП Програмата: • Изработка на физибилити студија за создавање на

технолошки парк. • Соработка со Министерството за образование и

наука за усогласување на соодветната легислатива за да се овозможи создавање на технолошки паркови.

• Соработка со Министерството за финансии за обезбедување на државна поддршка (инфраструктура, даночни олеснувања, итн.) за стимулирање на инвести-рање во технолошките паркови.

• Охрабрување на големите претпријатија за повр-зување со универзитетите во создавање на технолошки паркови.

2.4.7. Промоција на истражување и развој (И&Р)

Според податоците од Централниот регистар, за

периодот 2003 - 2004 само 2 мали, 21 средно и 31 голе-мо претпријатие имаат инвестирано во И&Р активно-сти, чија вредност изнесува € 1.7 милиони во 2003 го-дина и € 1.24 во 2004 година. Овие вредности се ек-стремно мали и укажуваат на недостигот во И&Р од страна на домашните претпријатија.

Мерки на МСП Програмата: • Соработка со Министерството за образование и

наука за организирање на кампања за подигање на све-ста (медиумска кампања, саеми за најдобри практики, брошури и практични водичи за МСП, информации на веб-порталите, итн.) за улогата на инвестирањето во И&Р, со осврт на идната конкурентност и профитабил-ност на претпријатијата.

• Подигање на свеста за важноста на И&Р на редов-ните состаноци, конференции и сл. во мрежата на де-ловни асоцијации.

• Организирање на дискусии на кои успешните ком-пании (на пр. HiTek Corporation, Миком, МЗТ Хепос итн.) ќе бидат презентирани пред МСП како најдобри примери во процесот на комерцијализирање на разво-јот на нови технологии.

• Развивање на програми за награди, за иновативни-те решенија на претприемачите.

2.4.8. Иновативна таблица Потребата од надгледување и оценување на работа-

та на конкретни земји во однос на нивниот прогрес, на-правен во науката и технолошката иновација (НТИ), е

Page 16: › Issues › 7BA6C05C91BC354A9C3B3D1613... · Број 48 Год. LXIII Понеделник, 16 април 2007 …2008-01-04 · 1.1. ПРЕТПРИЕМНИШТВО: НОВА

Стр. 16 - Бр. 48 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 април 2007

мошне важна. Европската иновативна таблица (ЕИС) претставува инструмент равиен од ЕК за оценување и споредување на иновативниот перформанс на земјите- членки, врз основа на серија на иновациски индикато-ри кои ја покриваат работата на целата земја во оваа област. Република Македонија има недостаток од пода-тоци и инструменти за да може да ги измери иноватив-ните трендови преку развој на соодветни НТИ полити-ки за МСП.

Мерки на МСП Програмата: • Одредување на релевантни индикатори за следење

на развојот во науката, технологијата и иновациите согласно со најдобрата пракса на ЕУ (Иновативна таб-лица).

• Договор помеѓу Министерството за економија и Државниот завод за статистика за собирање на подато-ци за гореспоменатиот систем на индикатори.

• Подготовка и публикување на годишна Иноватив-на таблица за Република Македонија, споредена со земјите на ЕУ.

• Подигање на свеста за постоењето на овие инди-катори помеѓу МСП, како и релевантните јавни инсти-туции кои ќе обезбедат податоци за Иновативната таб-лица.

2.4.9. Научно-иноваторска соработка Постојат неколку примери за ефективни врски по-

меѓу универзитетите и приватниот сектор. Учесници во оваа соработка се ЦИРКО Центарот од Машинскиот факултет и четирите центри за трансфер на технологи-ја на универзитетите во Скопје и Битола, кои имаат ос-тварено соработка со 1.000 МСП.

Преку кофинансирање на развојно-истражувачки проекти, кои произлегуваат од непосредната соработка на факултетите и претпријатијата, во континуитет се остварува соработката наука- стопанство.

Меѓутоа, се’ уште постои потреба од зголемување на соработката во иднина помеѓу високото образование и МСП, во насока на Лисабонска агенда и Програмата за конкурентност и иновативност на ЕУ.

Мерки на Програмата: • Претставување на услугите, know-how, софтверот

и опремата достапна преку ЦИРКО/ЦТТ, Центарот за нови бизниси при машинскиот факултет како можност за обезбедување на И&Р за МСП.

• Стимулирање на вработените во И&Р на факулте-тите за да ги промовираат своите идеи и знаења преку директни контакти со МСП, како и со практична рабо-та на студентите, идни претприемачи.

• Поврзување на сите релевантни институции од об-ласта на истражувањето и развојот за поголема афир-мација кај стопанствениците за претставување на знае-њето, развивање на заедничка база на податоци за МСП, организирање на настапи за промоција на најдо-брата практика итн.

• Изработка на физибилити студија за отварање на научни паркови, високотехнолошки деловни инкубато-ри, брзорастечки претпријатија (спин оф).

• Воведување на претприемачко образование на си-те универзитети (од областа на науката, технологијата и инженерството (на пр. неодамна отворениот Бизнис-центар за почетници при Машинскиот факултет).

• Искористување на знаењето од универзитетите за аплицирање за проекти од меѓународни донатори (на пр. ЕУ ) за МСП .

• Зголемување на бројот на фирмите корисници на средства за развој, како и висината на средствата кои државата ги одделува за оваа намена.

2.4.10. Човечки ресурси и одлив на мозоци (Brain Drain)

Одливот на високо образовани кадри надвор од земјата е мошне изразен и тоа негативно се одразува на развојот на економијата.

Голем број експерти бараат можности надвор од државата, а постои и “внатрешен” одлив на мозоци (brain drain), кога специјалисти во земјата не се врабо-тени во областа на нивната експертиза.

Таканаречениот индекс « Full Time Equivalent » за вработените во И&Р во Република Македонија изнесу-ва 1.70 (Табела 7). Индексот е значително мал во од-нос со просекот ЕУ (5.66), како и во соседните земји (Бугарија 4.63; Словенија 4.64, Грција 3.30). Значител-но мал број вработени во стопанството (5.4%) се вклу-чени во И&Р.

Табела 7. И&Р вработени и нивната дистрибуција Просечната возраст на универзитетските професори

е 40 години и има само неколку млади научници кои се дел од институции за И&Р. Ситуацијата е таква и пора-ди внатершниот и надворешниот одлив на мозоци (brain drain) воден од ниските примања, статусот и за-старените институции.

Мерки на Програмата: • Создавање на мрежа на македонски научници над-

вор од државата за стимулирање на заеднички проекти со македонските универзитети, истражувачките инсти-туции и МСП.

• Зголемување на платите, зголемување на квалите-тот на опремата за И&Р и подигање на статусот на вра-ботените во истражувачките институции.

• Обезбедување финансиска поддршка за научници-те за учество на меѓународни конференции.

• Обезбедување стипендии финансирани од Владата и МСП за стимулирање на студентите за изучување технолошки и инжинерски предмети, особено за пост-дипломски и докторски студии.

• Отварање на фонд за стимулирање на младите на-учници за комерцијализирање на нивните идеи, знаење, иновации итн. (Министерство за образование и наука).

• Обезбедување на услови за младите иноватори (простор, опрема, тренери, Интернет итн.)

• Охрабрување на МСП да организираат практична настава за младите иноватори.

2.4.11. Меѓународна соработка Постои релативно високо ниво на меѓународна со-

работка помеѓу македонските универзитети и меѓуна-родните партнери со програмите од ТЕМПУС, ЕРАС-МУС, ЦОСТ, 6–та Рамковна програма на ЕУ, НАТО, Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) и билатералните програми. Ова им овозможува на науч-ниците да ги посетат меѓународните институции и да разменат знаење. Меѓутоа, постои потреба од поната-мошно интензивирање на овие врски и размени.

Page 17: › Issues › 7BA6C05C91BC354A9C3B3D1613... · Број 48 Год. LXIII Понеделник, 16 април 2007 …2008-01-04 · 1.1. ПРЕТПРИЕМНИШТВО: НОВА

16 април 2007 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 48 - Стр. 17

Мерки на Програмата: • Зголемување на информациите и свеста за можно-

стите за трансфер програми обезбедени за универзите-тите и МСП (Министерство за образование и наука).

• Обезбедување обука за подготовка на проектна апликација и проектен циклусен менаџмент за универ-зитетите и МСП да добијат и да раководат со програми за размена.

• Подигање на свеста на македонските научници за европската истражувачка област и охрабрување за по-големо учество.

2.4.12. Технолошка дисперзија Успешната комерцијална апликација за знаење и

технологија зависи од креаторите на спектарот на знае-ње за трансфер на нивното знаење на корисниците на технологијата, како што се МСП, како и од желбата на корисниците на технологијата (МСП) да го разберат и да го искористат знаењето. Двете работи се релативно неразвиени во Република Македонија и треба да бидат и понатаму поддржани.

Мерки на Програмата: • Охрабрување на креаторите на знаењето (универ-

зитетите, јавните институции итн.) да организираат са-еми и презентации за новите производи и услуги на МСП (на пр. на Скопскиот саем, Претприемачкиот са-ем/Европски ден, промоција на меѓународни проекти на Машинскиот факултет итн.). Посебно внимание тре-ба да се обврне на привлекување на МСП на овие на-стапи преку соработка со деловните здруженија.

• Воведување на нови универзитетски курсеви од области како што се развој на нов производ, иноваци-ски менаџмент, комерцијализација на иновациите итн.

• Со поддршка на Министерството за образование и наука да се организирааат курсеви/семинари за МСП во областа на развој на нови производи, иновациски менаџмент итн.

2.4.13. Права на интелектуална сопственост Државниот завод за индустриска сопственост е од-

говорен за развивање на системот за права на интеле-ктуална сопственост (ПИС) во земјата. Податоците од Државниот завод покажуваат дека -индикаторите за ПИС се подобруваат (Табела 8). Државниот завод орга-низира годишни настани за промовирање на креатив-носта и иновативноста како што се: Меѓународниот ден на интелектуалната сопственост, “Патент на годи-ната”, саемот Макинова, како и учество на меѓународ-ни изложби на идеи-креации-нови производи. Меѓутоа, треба да биде направено многу повеќе во насока на стимулирање на патентирањето, зголемување на имп-лементацијата на ПИС.

Табела 8. Права на интелектуална сопственост

(2001-2005)

Извор: Државниот завод за индустриска сопстве-ност

Мерки на МСП Програмата: • Зголемување на свеста меѓу научниците и МСП за

работи поврзани со ПИС, како што се процедурите за добивање на патенти, регистрирање на трговски марки, регистрација на индустриски дизајни и сл.

• Поедноставување и намалување на трошоците за горенаведените ПИС процедури во линија со меѓуна-родната практика.

• Стимулирање на научниците да ја заштитат нив-ната интелектуална сопственост преку воспоставување на програми за награди и распознавање успешно за-штитени иновации итн.

• Зголемување на свеста за казните и трошоците по-врзани со неисполнување на ПИС правилата и регула-тивите меѓу МСП и научниците.

2.4.14. Претприемачка свест Во споредба со ЕУ, степенот на претприемништво

во Република Македонија е многу низок. Не се создава-ат доволно нови претпријатија, делумно како резултат на нерамнотежата помеѓу ризиците и наградите, и по-веќе се насочуваат на вработувањето, отколку на само-вработувањето.

Потребно е зголемување на претприемничката кул-тура и свеста за улогата на претприемништвото во оп-штеството. Луѓето треба да се охрабруваат да гледаат подалеку од нивните моментални потреби за стабилна работа. Притоа, обезбедувањето на рамнотежа помеѓу ризикот и наградата треба да биде во полза на претприе-мачите. Сегашните погледи на општеството во однос на претприемништвото во голема мера се негативни. Токму поради ова, потребна е среднорочна медиумска кампања која ќе ги спречи ваквите негативни согледувања, пре-зентирајќи модели или портрети на успесшни претприе-мачи, при што улогата на медиумите е многу голема.

Мерки на Програмата: • Подготвување и имплементирање на кампања за

подигање на свеста за претприемништвото чија цел е менување на сваќањето на општеството во однос на претприемачите, создавање на повеќе позитивни ставо-ви кон преземање на ризик и социјална одговорност во однос на бизнисите.

• Спроведување на кампања со интегрално вклучу-вање на деловните заедници (како што се деловните здруженија и коморите) и имплементација на средно-рочен план, дејствувајќи на три нивоа:

o Макро ниво: координирана медиумска кампања (ТВ огласи, печатени реклами, брошури, постери итн.), за да се измени сваќањето за претприемачите и да се истакне нивниот придонес кон вработувањето, општес-твеното добро, заштитата на средината и националниот развој.

o Мезо ниво: координирани активности на деловни-те здруженија, коморите, ОДП и сл., во однос на прет-приемништвото (на пр. саеми, конференции, дистрибу-ција на брошури за најдобри практики итн.)

o Микро ниво: промовирање на концепти кои доби-ваат поддршка и почит од општеството, како што е кор-поративното управување, општественото претприем-ништво, корпоративната социјална одговорност, свеста за заштита на средината, здравството и заштитата при работа, борбата против неформалната економија итн.

2.4.15. Претприемачки награди Во напорите за измена на општествениот поглед во

однос на претприемништвото, постои потреба да се на-градат успешните претприемачи како начин на презен-тирање на модели, заради спротиставување на негатив-

Page 18: › Issues › 7BA6C05C91BC354A9C3B3D1613... · Број 48 Год. LXIII Понеделник, 16 април 2007 …2008-01-04 · 1.1. ПРЕТПРИЕМНИШТВО: НОВА

Стр. 18 - Бр. 48 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 април 2007

ните сваќања и за да се охрабрат претприемачите во нивните активности. Добра пракса има Министерство за образование и наука, кое секоја година во рамките на саемската манифестација „МАКИНОВА” доделува награда за најуспешна иновација од универзитетите.

Меѓутоа, за да имаат наградите позитивно и долго-трајно влијание постои потреба да се обезбеди медиум-ско покровителство на настанот како и транспарентен и соодветен критериум за селекција (на пр. билансни состојби, обрт, бруто добивка, продуктивност, одржли-вост, вкупна актива, И&Р). Победниците ќе бидат по-канети да учествуваат на меѓународен настан, спонзо-риран од Министерството за економија и деловните здруженија.

Мерки на Програмата: • Воспоставување на годишна претприемачка про-

грама на награди, вклучувајќи ги меѓу другите и Мини-стерството за економија, АППРМ, деловните здруже-нија и коморите. Програмата треба да ги содржи след-ните видови награди:

o Претприемач на годината (микро, мали, средни) o Менаџер на годината o Млад претприемач на годината o Жена - претприемач на годината o Иновативно претпријатие на годината o Најдобар производ на годината o Извозник на годината o Инвеститор на годината o Награда за креативност (за МСП кои регистрира-

ат иновации и ја штитат интелектуалната сопственост) o Одржливо претпријатие на годината (социјална и

опкружувачка одржливост). o Други слични награди • Комбинирање на претприемачката програма на

награди со саемот за претприемништво. • Обезбедување на стипендии за постдипломски

студии за претприемништво на Економскиот институт. 2.4.16. Европски ден на претприемачот Како дел од процесот за подигање на свеста за зна-

чењето на претприемништвото, Секторот за МСП во Министерството за економија беше вклучен во органи-зирањето на Европскиот ден на претприемништвото на 9 и 10 мај 2006 година на Скопскиот саем. Овој настан предизвика значаен јавен и медиумски интерес.

Ќе биде корисно овој Саем на претприемништвото/ Европски ден, да се организира на годишно ниво, меѓу-тоа потребни се значајни средства (€ 50.000 по настан), особено ако се поврзе овој настан со доделување на на-гради. Исто така, важно е да се зголеми учеството на МСП на слични саеми во земјата.

Мерки на МСП Програмата: • Организирање на годишен настан - Европски ден

за претприемништвото • Зголемување на учеството на МСП и на други на-

ционални саеми. 2.4.17. Ваучери за МСП Република Македонија има една од највисоките

стапки на невработеност во регионот на ЈИЕ. Со цел намалување на невработеноста, Владата започна про-ект за самовработување. Од ноември 2005 година за-почна со реализација пилот–проектот наречен Ваучер-ско (субенционирано) советување на потенцијални претприемачи и на постојни претпријатија. Постигна-тите резултати со Програмата за ваучерско советување, особено во отворањето на нови бизниси, ангажманот на консултантските фирми и центрите за деловно сове-тување, како и оценката и мониторингот, направен од независни консултанти за реализацијата на оваа Про-грама, охрабруваат да се продолжи со нејзина реализа-ција и во наредниот период.

Мерки на Програмата: • Обезбедување на државни и донаторски средства

за спроведување на Програмата. • Развој на тригодишна ваучерска програма која ќе

им помага на невработените да отпочнат бизнис, а ќе им биде од помош и на веќе постоечките МСП (Мини-стерството за економија, АППРМ, Министерство за труд и социјална политика).

• Обезбедување на водич за охрабрување на почетни-ците (старт-ап) претпријатија (деловни планови, органи-зациска структура на вработување, маркетинг итн.)

2.4.18. Топ (врвни) 500 менаџери Вклучувањето на македонските менаџери во најдо-

брите менаџерски практики, преку директни контакти со реномираните меѓународни претпријатија е доста ограничено. Ова ја намалува способноста на МСП да се натпреваруваат ефективно во ЕУ и светските пазари. Преку вклучување во работата на меѓународни рено-мирани компании, топ менаџерите ќе ги запознаат нај-добрите менаџерски практики, кои ќе може да ги при-менат во нивните претпријатија. Токму поради тоа, врвните македонските менаџери ќе профитират од тви-нинг и програмите за обука во меѓународно познатите компании. Ваквите обуки ќе бидат конкретно креирани за да се подобри конкурентноста на македонските претпријатија, во одделни сектори кои нудат значаен потенцијал за развој. Менаџерите ќе бидат селектирани преку конкурентен и транспарентен процес, да работат во поразвиена економија (како Р. Словенија, Р. Полска и итн.) за период од три месеци, ќе се вратат во Репуб-лика Македонија да го пренесат моменталното искус-тво и после да започнат да работат во напредна еконо-мија (на пр. Германија, Британија), заедно со најдобри-те менаџери од релевантните компании. Ова ќе создаде развој на нови контакти и врски, нови маркетинг поз-навања, модерни менаџерски искуства и нови корпора-тивни филозофии. Ваквите програми за обука се очеку-ва да придонесат директно за идната конкурентност на македонските претпријатија, кои ќе учествуваат во Проектот. Ваквата пракса може да се прошири на дру-ги 500 менаџери.

Мерки на МСП Програмата: • Соработка со Светска Банка за подготовка на про-

ект од € 9 милиони. • Идентификување на сектори со економски потен-

цијал и селекција на 500 учесници. • Оценување на проектот и проширување на следни

500 менаџери, ако е возможно. 2.4.19. Доживотно учење Обезбедувањето на пристап до можностите за уче-

ње и обука на сите луѓе во текот на целиот нивен живо-тен и работен циклус – доживотното учење (ДУ) - е приоритет за Република Македонија. Ова е особено важно за МСП поради фактот што многу луѓе, кои по-ради приватизацијата беа отпуштени, беа присилени да започнат свој бизнис. Многу често тие не беа довол-но подготвени да водат бизнис. Возрасните многу ре-тко се запишуваат на повисок степен на едукација, од-носно претприемачите генерално не се пријателски расположени што се однесува до нивната понатамошна едукација, пред се’ поради немање слободно време. Доживотното учење, што се однесува до МСП, се овоз-можува за да им се обезбедат вештини кои што се по-требни за успешно вклучување во работењето.

Претприемништвото не се изучуваше како посебен предмет во училиштата во Република Македонија, туку само како еден дел од бизнис предметите во средните економски училишта.

Page 19: › Issues › 7BA6C05C91BC354A9C3B3D1613... · Број 48 Год. LXIII Понеделник, 16 април 2007 …2008-01-04 · 1.1. ПРЕТПРИЕМНИШТВО: НОВА

16 април 2007 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 48 - Стр. 19

Мерки на Програмата: • Развивање на правна рамка за концептот на дожи-

вотното учење (Министерство за образование и наука). • Развивање на модели/концепти на ДУ за претпри-

емништво. • Дефинирање на целни групи и индикатори за

надгледување и оценување на ДУ за МСП. • Обезбедување на даночни ослободувања за инве-

стирање во човечки капитал во МСП. • Воведување на предметот бизнис и претприем-

ништво во првата година во сите средни училишта.

3.0. КООРДИНАЦИЈА, МОНИТОРИНГ И ИМПЛЕ-МЕНТАЦИЈА

3.1. ВОВЕД

Програмата 2007-2010 претставува документ кој

треба да се имплементира во Република Македонија. Многу други програми кои биле подготвени, често па-ти биле ограничени во реализацијата поради повеќе фактори:

• Недостаток на соодветно претходно истражување • Недостаток на консултациии со МСП секторот • Недостаток од време за имплементирање на Про-

грамата • Недостаток на политичка обврзаност за поддршка

на имплементацијата • Недостаток на средства од Државниот буџет • Недостаток на капацитет за координирање на имп-

лементацијата со инволвираните страни • Недостаток на капацитет за следење и известува-

ње за прогресот • Недостаток на оценка за влијанието

3.2. ИСТРАЖУВАЊЕ При подготовката на Програмата, Секторот на

МСП во МЕ изврши детално истражување на сите ас-пекти на Програмата, при што беа користени и допол-нителни средства и информации (ОЕСР, СБ). Сите клучни заинтересирани страни беа интервјуирани како дел од истражувачкиот процес. Ова послужи како ос-нова за дефинирање на мерките кои се инкорпорираат во Програмата. Првичните мерки беа комбинирани со приоритетите на Владината работна програма, како и со важните барања на Acquis communautaire, особено на тие кои се однесуваат за МСП.

3.3. КОНСУЛТАЦИЈА

Претходните истражувања при подготовката на

Програмата резултираа со серија на нацрт-мерки. Овие нацрт-мерки (извештаи и препораки) беа дистрибуира-ни до различните сектори во МЕ, како и до сите реле-вантни министерства и агенции за консултации. Исто така, беа одржани детални дискусии со секторот на МСП, преку Форумот за МСП. Форумот формира три работни групи со цел да се фокусираат на различни ас-пекти од оваа програма. Добиените коментари се ин-корпорирани во Програмата. Подоцна, Нацрт-Програ-мата беше презентирана на целосната сесија на Фору-мот за консултација. На крај, беа подготвени неколку регионални презентации за добивање повратни комен-тари од регионите во земјата. Нацрт - Програмата беше дистрибуирана до сите релевантни министерства и агенции, бидејќи МЕ, освен за координирање на имп-лементацијата, не е единствено задолжено за спроведу-вање на Програмата.

3.4. РАСПОРЕД Распоредот на мерките и времето се критични за ус-

пехот на ваквите програми. Програма доаѓа на почетокот на Владиниот поли-

тичкиот мандат. Приоритетите содржани во Владината работна програма се рефлектирани во Програмата. Ка-ко последица на тоа, успехот или неуспехот на Програ-мата ќе зависи од новите Владини активности за време на своето работење.

3.5. ОБВРСКА

Мерките на Програмата се определени од потребите

на секторот на МСП, целите на Владата (Програмата на Владата 2006-2010 во делот на МСП), како и обврските за влез во ЕУ, за кои Владата е целосно обврзана.

3.6. СРЕДСТВА

Имплементацијата на Програмата е условена од

вредноста на државните средства доделени за спрове-дување на мерките содржани во неа од страна на Вла-дата.

Програмата ги рефлектира потребите за влез во ЕУ и потребата од зајакнување и зголемување на конку-рентноста на МСП со цел конфронтирање со предизви-ците на единствениот пазар.. Исто така, ќе бидат на-правени големи напори за координација со донатори-те/ЕУ за да се обезбедат дополнителни проекти за имп-лементирање на Програмата.

3.7. КООРДИНАЦИЈА

По својата природа оваа Програма не претставува

одговорност само на една институција - Секторот за МСП во Министерствто за економија (МЕ). МЕ не мо-же само да ја обезбеди имплементацијата на сите мер-ки од Програмата.

Од голема важност е да се воспостават механизми кои ќе обезбедат другите министерства и агенции да бидат согласни со имплементирањето на мерките содр-жани во Програмата и да ги испорачуваат нивните об-врски. Ова ќе биде обезбедено преку:

• Месечни координативни средби со релевантните сектори во МЕ.

• Месечни координативни средби со АППРМ. • Месечни координативни средби со релевантните

Министерства / Агенции.

3.8. МОНИТОРИНГ Ефективната имплементација на Програмата бара

посветен капацитет за координирање на средбите за имплементација на Програмата. Ова значи дека:

• Вработени во Секторот за МСП во МЕ и АППРМ ќе бидат одговорни за конкретни аспекти од Програмата.

• Ќе биде воспоставен мониторинг механизам, вклучувајќи ги и индикаторите за развој. Исто така, Форумот за МСП ќе го надгледува прогресот преку кварталните состаноци.

• Поднесување на квартални извештаи за прогресот, кои ќе бидат доставувани до МЕ.

3.9. ЕВАЛУАЦИЈА

За реализација на Програмата потребно е да се из-

врши: • Среднорочна евалуација (јуни 2008) – за да се оце-

ни прогресот во имплементацијата на Програмата и да се предложат препораки/измени.

Page 20: › Issues › 7BA6C05C91BC354A9C3B3D1613... · Број 48 Год. LXIII Понеделник, 16 април 2007 …2008-01-04 · 1.1. ПРЕТПРИЕМНИШТВО: НОВА

Стр. 20 - Бр. 48 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 април 2007

• Конечна евалуација (декември 2009) за да се оце-ни целосниот напредок во имплементацијата и влија-нието на Програмата.

4.0. Оваа програма влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на РМ”.

Бр. 19-1557/1 Претседател на Владата 21 март 2007 година на Република Македонија,

Скопје м-р Никола Груевски, с.р. ___________

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО

651. Врз основа на член 46 став 1 алинеја 2 од Законот

за рибарството („Службен весник на Република Маке-донија“ бр. 62/93), министерот за земјоделство, шу-марство и водостопанство донесе

Н А Р Е Д Б А

ЗА ЗАБРАНА ЗА СТОПАНСКИ РИБОЛОВ НА РИ-БОЛОВНОТО ПОДРАЧЈЕ ОХРИДСКО ЕЗЕРО

1. Заради заштита на рибниот фонд во риболовното

подрачје Охридско Езеро, се забранува стопанскиот риболов на сите видови риби.

2. Спортскиот риболов на риболовното подрачје Охридско Езеро е дозволен и може да се врши само од брегот на езерото согласно член 24 од Законот за ри-барство.

3. За вршење спортски риболов на риболовното по-драчје Охридско Езеро, ќе важат дозволите издадени од корисниците на риболовните ревири Охрид и Струга.

4. Оваа наредба влегува во сила со денот на објаву-вање во „Службен весник на Република Македонија“.

Бр. 08-5636/1 11 април 2007 година Министер, Скопје Ацо Спасеноски, с.р.

___________

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ

652. Врз основа на член 69 став 5 од Законот за управу-

вање со отпадот („Службен весник на Република Маке-донија“ бр.68/04), министерот за животна средина и просторно планирање донесе

П Р А В И Л Н И К

ЗА НАЧИНОТ И УСЛОВИТЕ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО ПХБ, НАЧИНОТ И УСЛОВИТЕ ШТО ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ ИНСТАЛАЦИИТЕ И ОБЈЕКТИТЕ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ И ЗА ДЕКОНТАМИНАЦИ-ЈА НА ПХБ, ИСКОРИСТЕНИТЕ ПХБ И НАЧИНОТ НА ОЗНАЧУВАЊЕ НА ОПРЕМАТА КОЈАШТО

СОДРЖИ ПХБ

I. Општи одредби

Член 1 Предмет

Со овој правилник се уредува начинот и условите за постапување со ПХБ, начинот и условите што треба да ги исполнуваат инсталациите и објектите за отстра-нување и за деконтаминација на ПХБ, искористените ПХБ и начинот на означување на опремата којашто со-држи ПХБ.

Член 2

Дефиниции Одделни изрази употребени во смисла на овој пра-

вилник го имаат следното значење:

1. Полихлорирани бифенили (во понатамошниот текст: ПХБ) се подразбира:

- полихлорирани бифенили, - полихлорирани терфенили, - монометилтетрахлорoдифенилметан,монометилдих-

лородифенилметан, монометилдибромодифенилметан и - секоја мешавина којашто содржи некоја од горес-

поменатите супстанции со вкупно количество повеќе од 0.005 масени проценти на ПХБ.

2. Опрема којашто содржи ПХБ е секоја опрема којашто содржи или содржела ПХБ (на пр. трансформа-тори, кондензатори, контејнери кои содржат остатоци од ПХБ) која не била деконтаминирана. Типот на опрема која може да содржи ПХБ ќе се третира како да содржи ПХБ, освен ако не постои причина да се претпостави спротивното (во понатамошниот текст: опрема).

3. Искористени ПХБ во смисла на овој правилник се сите искористени ПХБ што поседувачот ги исфрла има намера да ги исфрли или од него се бара да ги исфрли.

4. Поседувач е физичко или правно лице коешто има ПХБ во свое владение, искористени ПХБ и/или опрема којашто содржи ПХБ.

5. Деконтаминација е низа од операции кои овоз-можуваат опремата, објектите, материјалите или мас-лата кои содржат ПХБ да бидат повторно употребени, рециклирани или безбедно отстранети во согласност со овој правилник. Сите операции во кои ПХБ се замену-ваат со соодветни масла кои не содржат ПХБ се смета исто така за деконтаминација.

6. Отстранување на ПХБ се операциите утврдени во Законот за управување со отпад, а кои се наведени во член 35, став 1, точка 8, 9, 10 и 12 (само во безбедно длабинско, подземно складирање во суви камени фор-мации и само за опремата којашто содржи ПХБ и иско-ристени ПХБ кои не можат да бидат деконтаминирани) и операцијата утврдена во член 35, став 1, точка 15 (складирање до извршување на некоја од операциите наведени во точките 8, 9, 10 и 12 со исклучок на време-ното складирање, пред собирање на местото на коешто е создаден отпадот).

7. Надлежен орган е органот надлежен за вршење на стручни работи во областа на животната средина согласно Законот за животна средина.

II. Евиденција на ПХБ, искористени ПХБ и/или

опрема

Член 3 (1) Поседувачите треба да спроведат попис на ПХБ,

искористени ПХБ и/или опрема со капацитет еднаков или поголем од 5 dm3 на масло коешто содржи повеќе од 0.005 масени проценти, најдоцна до 2010 година.

(2) Пописот од став 1 на овој член се спроведува на обрасци дадени во прилог бр. 1 кој е составен дел на овој правилник. Обрасците се доставуваат до надлеж-ниот орган во пишана или електронска форма.

(3) Сите промени поврзани со постапувањето со ПХБ, како и за промените во состојбата на опремата, поседувачите ги ажурираат во обрасците од став 2 на овој член и ги доставуваат до надлежниот орган.

(4) Поседувачите, за ПХБ кои се наменети за от-странување треба сите поднесени известувања за ПХБ да ги запишат во Регистар на опремата наменета за от-странување којашто содржи ПХБ (во понатамошниот текст Регистар).

(5) Образецот на Регистарот е даден во прилог бр. 2 кој е составен дел на овој правилник.

(6) Поседувачот го доставува Регистарот во пишана и/или во електронска форма до надлежниот орган. Ре-гистрите можат да им бидат дадени на увид на органи-те на единиците на локалната самоуправа и на јавноста на нивно барање.

Page 21: › Issues › 7BA6C05C91BC354A9C3B3D1613... · Број 48 Год. LXIII Понеделник, 16 април 2007 …2008-01-04 · 1.1. ПРЕТПРИЕМНИШТВО: НОВА

16 април 2007 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 48 - Стр. 21

(7) Регистарот од став 4 на овој член е достапен на официјалната WEB страна на Министерството за жи-вотна средина и просторно планирање.

III. Мерење на содржина на ПХБ

Член 4

(1) При постапување со ПХБ потребно е да се извр-ши мерење на содржина на ПХБ.

(2) Земањето на примероци од маслото заради ме-рење на содржина на ПХБ се врши во присуство на др-жавниот инспектор за животна средина кој притоа го впишува инвентарниот број на опремата. Земањето на примероци од маслото и мерењето на содржината на ПХБ го вршат акредитирани лаборатории за ПХБ.

(3) Земањето на примероци од маслото од став 1 на овој член се врши со стандардите

МКС ЕН ИСО 3170:2006, МКС ЕН ИСО 3171:2006 и EN ISO 60475.

(4) Утврдување на содржината и деконтаминација на ПХБ се врши со референтните методи опфатени со стан-дардите ЕN 12766-1, ЕN 12766-2, ЕN 12766-3 и ЕN 61619.

(5) Мерењето на содржината на ПХБ во маслата мо-же да се врши и според други експериментални методи доколку резултатите од проверката (валидацијата) на таквите методи се исти со резултатите од валидацијата на методите во стандардите од став 4 на овој член.

(6) Без оглед на одредбите од ставовите 3, 4 и 5 на овој член, за одредување на содржината на ПХБ во маслата може да се користат и други експериментални методи што се со осетливост од најмалку 0,001 масен процент ПХБ од маслото, доколку содржината на ПХБ во маслото не надминува 0,003 масени проценти.

(7) На трансформаторите треба да се измери содр-жината на ПХБ, вклучувајќи ги и оние кои се со понов датум на производство, за да не се случи ненамерна контаминација.

(8) Ако од технички причини не може да се земе примерок на ПХБ од уредот (на пр. кондензатор), то-гаш тој ќе се третира дека содржи ПХБ се до негово от-странување, кога од страна на акредитирана лаборато-рија за ПХБ ќе се докаже спротивното.

Член 5

Означување на опремата (1) Опремата која содржи ПХБ и за која се спрове-

дува пописот има свој инвентарен број. Содржината на етикетата со инвентарниот број е дадена во прилог бр. 3 кој е составен дел на овој правилник. Етикетата е со димензии 4 х 7 cm.

(2) Етикетата која се поставува на деконтаминирана опрема е со текст во црна боја на бела основа. Содржи-ната на етикетата со димензии 9.5 х 12.5 cm е дадена прилог бр. 4 кој е составен дел на овој правилник.

(3) Етикетата којашто се поставува на опремата ко-јашто содржи ПХБ е со текст во црна боја на црвена основа. Содржината на етикетата со димензии 8.5 х 12.5 cm е дадена прилог бр. 5 кој е составен дел на овој правилник.

(4) Етикетата којашто се однесува на опремата за којашто се претпоставува дека содржи ПХБ е со текст во црна боја на жолта основа. Содржината на етикетата со димензии 8.5 х 12.5 cm е дадена во прилог бр. 6 кој е составен дел на овој правилник.

(5) Етикетата којашто се однесува на опремата која-што не содржи ПХБ (содржи <0.005 масени проценти ПХБ) е со текст во црна боја на зелена основа. Содржи-ната на етикетата со димензии 7.5 х 9.5 cm е дадена во прилог бр. 7 кој е составен дел на овој правилник.

(6) Етикетите од ставовите (1) ,(2), (3), (4) и (5) на овој член се поставуваат на опремата во согласност со упатството дадено на нив.

Член 6 Означување на просториите и локацијата

(1) Просториите и локацијата каде што е сместена опремата која содржи ПХБ треба од надворешната страна да бидат јасно означени.

(2) Означувањето се врши на влезните врати на просториите и локацијата каде што е сместена опрема-та со поставување на етикета.

(3) Етикетата од став 2 на овој член е со текст во црна боја на жолта основа. Содржината на етикетата со димензии 20 х 23 cm е дадена во прилог бр. 8 кој е со-ставен дел на овој правилник. Во етикетата се содржа-ни соодветните графички и текстуални знаци за опас-ност и предупредување.

Член 7

Минимум барања за привремено складирање на самото место

Привремено складирање на самото место на опре-мата којашто содржи ПХБ се врши во согласност со одредени одредби од „Правилникот за начинот и усло-вите за складирање на отпадот, како и условите што треба да ги исполнуваат локациите на коишто се врши складирање на отпад“, како и во согласност со следни-те минимум барања за нивно безбедно складирање и безбеден транспорт:

- Кондензаторите треба секогаш да стојат исправено, - Кондензаторите и контаминираниот цврст отпад

може да се стават во соодветни непропустливи садови. Таквите садови треба да бидат проверени дали се оштетени и дали истекуваат. Во таков случај не треба да се користат за транспорт. По употребата, садовите треба да се третираат како контаминирани и треба да бидат отстранети како опасен отпад,

- Опремата што истекува треба да биде запечатена и ако е потребно да се додаде апсорбент во металните тацни,

- Подот на складиштето треба да е изграден од цврст материјал, а ѕидовите да имаат соодветна изола-ција заради заштита од временските промени,

- Сите влезови од складиштето треба да бидат обе-лежени со соодветно означување и предупредување согласно член 6 од овој правилник и да биде забранет пристапот за неовластени лица,

- Во просториите и локацијата на складиштето да се истакнат процедурите во случај на итност и најдобрите работни практики,

- Складиштето треба да има отвори за постојано проветрување,

- Да нема опасности и ризици од пожар (дрвена натстрешница, да не се складираат запаливи материи во истиот објект, или во близина на објектот),

- Средствата за гаснење пожар (прашок) и апсор-бентите (струготини) треба да бидат на дофат,

- Да не се складира храна и да нема погони за пре-работка на храна во близина на складиштето.

IV. Постапување со ПХБ и опрема што содржи ПХБ

Член 8 Поседувачите на ПХБ, искористените ПХБ и/или

опремата којашто содржи ПХБ опфатена со пописот од член 3 став 1 на овој правилник треба:

- да ги пренесат ПХБ, искористените ПХБ и/или опремата којашто содржи ПХБ во концентрации од 0.05 масени проценти на ПХБ и повеќе, во најкраток можен рок до инсталациите наменети за деконтаминација и/или отстранување, но најдоцна до крајот на 2015 година. Де-контаминацијата и/или отстранувањето на опремата која содржи помеѓу 0.05 и 0.005 масени проценти на ПХБ ќе се изврши во согласност со условите од член 14 став 1 точка 2 и 3 и став 2 на овој правилник,

- да преземат мерки на претпазливост за да се из-бегне било каков ризик од пожар, односно истите да се чуваат подалеку од запаливи производи согласно про-писите за заштита од пожари,

Page 22: › Issues › 7BA6C05C91BC354A9C3B3D1613... · Број 48 Год. LXIII Понеделник, 16 април 2007 …2008-01-04 · 1.1. ПРЕТПРИЕМНИШТВО: НОВА

Стр. 22 - Бр. 48 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 април 2007

- транспортот и пакувањата на ПХБ, искористени ПХБ и опрема што содржи ПХБ да се во согласност со прописите за превоз на опасни материи.

Член 9

До моментот додека електричната опрема којашто содржи ПХБ не биде деконтаминирана, деактивирана и/или отстранета во согласност со овој правилник, нив-ното одржување може да продолжи само доколку целта е да се обезбеди дека ПХБ маслата што ги содржат се во согласност со техничките стандарди и специфика-ции за диелектричниот квалитет и под услов електрич-ната опрема да биде во добра работна состојба и да не истекува, а да е утврдено со записник од страна на др-жавниот инспектор за животна средина.

Член 10

Електричната опрема и предметите контаминирани со ПХБ кои не се опфатени со пописот од член 3 став 1 на овој правилник треба да се заменат и соберат одделно кога оваа опрема ќе престане да се употребува, односно ќе биде наменета за рециклирање или отстранување.

Член 11

(1) Ако опремата содржи ПХБ помеѓу 0,05 и 0,005 масени проценти и претставува дел од друга опрема, треба да се собере и издвои од постојната опрема кога истата ќе престане да се употребува, односно ќе биде наменета за рециклирање или отстранување.

(2) Поседувачите во случајот наведен во став 1 на овој член, треба да приложат доказ за содржината на ПХБ во маслото.

Член 12

Инсталацијата во која ќе се врши деконтаминација и/или отстранување од страна на лице коешто има доз-вола за преземање на оваа активност, со дозволата тре-ба да се утврдат и следните услови:

- да се утврди видот на опремата со којашто се вр-ши деконтаминацијата,

- да се пропишат процедурите за деконтаминација, и/или отстранување,

- методот на работа и - постапување со остатоците од отпад откако декон-

таминацијата е завршена.

Член 13 (1) Сите лица кои вршат деконтаминација и/или от-

странување на ПХБ треба да имаат интегрирана еколо-шка дозвола согласно прописите за заштита на живот-ната средина.

(2) Методите за отстранување на ПХБ, искористени ПХБ, и/или опрема којашто содржи ПХБ можат да би-дат прифатени доколку со нив се постигнуваат стан-дардите за безбедност на животната средина и ги ис-полнуваат техничките барања наведени како најдобри расположливи техники.

Член 14

(1) Електричната опрема што содржи повеќе од 0,05 масени проценти ПХБ во трансформаторското масло се деконтаминира така што:

1. уделот на ПХБ во трансформаторското масло се намалува на дел којшто изнесува помалку од 0,05 масе-ни проценти од трансформаторското масло, а доколку е можно и до не повеќе од 0,005%,

2. маслото за замена којашто не содржи ПХБ треба да подразбира помалку опасни својства од опасните својства на трансформаторското масло коешто содржи ПХБ,

3. замената на трансформаторското масло се врши така што не се доведува во опасност претстојното от-странување на ПХБ од отпадното трансформаторско масло,

(2) Етикетата на електричната опрема по нејзината деконтаминација треба да биде заменета со етикетата утврдена во прилогот бр. 4.

(3) Сопственикот на трансформаторот на кој е извр-шена деконтаминација треба да изврши дополнително испитување на концентрацијата на ПХБ во работната течност по шестмесечна и двогодишна работа на транс-форматорот, сметано од датата на деконтаминација. До-колку при дополнителното испитување уделот на ПХБ во трансформаторското масло изнесува повеќе од 0,05 масени проценти од трансформаторското масло, тогаш процесот на деконтаминација треба да се повтори.

(4) По исклучок од став 1 на овој член опремата во којашто маслата содржат помеѓу 0,05 и 0,005 масени проценти ПХБ треба да ги земат предвид одредбите од точките 2 и 3 од став 1 и став 2 на овој член при врше-њето деконтаминација на електричната опрема, или се отстрануваат на крајот на рокот на употреба, но не по-доцна од 2025 година.

Член 15

План за управување со ПХБ (1) Поседувачот на опрема која содржи ПХБ треба

до 2010 година да подготви план за управување со ПХБ. Планот треба да го опфати целиот циклус на овие производи и тоа: употреба, ракување, складирање, де-контаминација и отстранување.

(2) Согласно резултатите од пописот и утврдување-то на опремата, како и оценката на расположливите на-ционални капацитети, планот треба да биде повеќефа-зен термински план и технички изводлив за отстрану-вање на ПХБ.

Член 16 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од де-

нот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе се применува од 01.01.2008 година.

Бр. 07- 2245

4 април 2007 година Министер, Скопје Џелил Бајрами, с.р.

Page 23: › Issues › 7BA6C05C91BC354A9C3B3D1613... · Број 48 Год. LXIII Понеделник, 16 април 2007 …2008-01-04 · 1.1. ПРЕТПРИЕМНИШТВО: НОВА

16 април 2007 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 48 - Стр. 23

Page 24: › Issues › 7BA6C05C91BC354A9C3B3D1613... · Број 48 Год. LXIII Понеделник, 16 април 2007 …2008-01-04 · 1.1. ПРЕТПРИЕМНИШТВО: НОВА

Стр. 24 - Бр. 48 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 април 2007

Page 25: › Issues › 7BA6C05C91BC354A9C3B3D1613... · Број 48 Год. LXIII Понеделник, 16 април 2007 …2008-01-04 · 1.1. ПРЕТПРИЕМНИШТВО: НОВА

16 април 2007 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 48 - Стр. 25

ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА ГЕОДЕТСКИ РАБОТИ 653.

Врз основа на член 81-ѓ став 3 и 4 од Законот за премер, катастар и запишување на правата на недвиж-ностите („Сл. весник на Република Македонија“ бр. 27/86, 17/91, 84/05, 109/05 и 70/06), директорот на Др-жавниот завод за геодетски работи донесува

Р Е Ш Е Н И Е

ЗА КОНВЕРЗИЈА НА ПОДАТОЦИТЕ ОД КАТА-СТАР НА ЗЕМЈИШТЕ ВО КАТАСТАР НА

НЕДВИЖНОСТИ 1. Се врши конверзија на податоците од катастар во

земјиште во катастар на недвижности за следниве ката-старски општини:

- катастарските општини: Бач, Барешани, Братин Дол, Брод, Велушина, Гермијан, Српци, Граешница, Дедебалци, Добромири, Доленци, Ѓавото, Жабени, Жи-војно, Карамани, Кажани, Канино, Кишава, Крстоар, Лажец, Лера, Магарево, Маловиште, Мојно, Мусинци, Олевени, Оптичари, Острец, Поешево, Породин, Роти-но, Снегово, Старо .Змирново, Црновец и Чарлија, чие одржување е во надлежност на Одделението за одржу-вање на премерот и катастарот-Битола;

- катастарските општини: Бањица, чие одржување е во надлежност на Одделението за одржување на преме-рот и катастарот-Велес.

- катастарските општини: Бабино, Базерник , Бре-зово, Вирово, Големо Илино, Доленци, Железнец, Заш-ле, Мало Илино, Мренога и Слоештица, чие одржува-ње е во надлежност на Одделението за одржување на премерот и катастарот-Демир Хисар.

- катастарските општини: Бериково, Букојчани, Длапкин Дол, Јагол, Лешница, Осломеј, Папрадиште, Поповјани, Речани Зајашко и Тајмиште, чие одржува-ње е во надлежност на Одделението за одржување на премерот и катастарот-Кичево;

- катастарските општини: Глажња, Гошинце, и Но-во Село, чие одржување е во надлежност на Одделени-ето за одржување на премерот и катастарот-Куманово;

- катастарските општини: Арбиново, Брежани, Ва-пила, Горенци, Горно Средоречие, Завој, Издеглавје, Климештани, Ливоишта, Мраморец, Ново Село, Оздо-лени, Опенца, Песочани, Плаќе, Речица, Свиништа, Сливово, Сирула, Скребатно, Турје, Црвена Вода, чие одржување е во надлежност на Одделението за одржу-вање на премерот и катастарот-Охрид.

- катастарските општини:Бело Поле, Браилово, Вранче, Горно Село, Гостиражни, Дабјани, Дабница, Долгаец, Дреновци, Дупјачани, Забрчани, Заполжани, Зрзе, Костинци, Кошино, Кутлешево, Мало Мрамора-ни, Мажучиште, Маргари, Небрегово, Новоселани, Ореовец, Пешталево, Плетвар, Рилево, Сарандиново, Сенокос, Секирци, Слепче, Сливје, Средорек, Строви-ја, чие одржување е во надлежност на Одделението за одржување на премерот и катастарот-Прилеп.

- катастарските општини:Асамати, Арвати, Волко-дери, Горна Бела Црква, Горно Дупени, Долна Бела Црква, Езерани, Козјак, Коњско, Курбиново, Лавци, Наколец, Долно Перово, Подмочани, Покрвеник, Пре-тор, Рајца, Сливница, Шурленци, чие одржување е во надлежност на Одделението за одржување на премерот и катастарот-Ресен.

- катастарските општини: Биџево, Вишни, Добов-јани, Долно Татеши, Мислодежда, Ново Село, Таш-маруништа, чие одржување е во надлежност на Од-делението за одржување на премерот и катастарот-Струга.

- катастарските општини: Ајватовци,Алдинци, Бр-њарци, Бучинци, Црн Врв, Чајлане, Ќојлија, Драчеви-ца, Држилово, Елово, Горно Количани, Горно Свиларе, Горњане, Ново Село-Драчево, Пагаруша, Пакошево, Палиград, Патишка Река, Блаце П, Семениште, Страхо-јадица, Сушица, Таор, Текија, Вражале, Вртекица, Цве-тово, Паничари, Раовиќ, чие одржување е во надлеж-ност на Секторот за одржување на премерот и катаста-рот-Скопје.

- катастарските општини: Волковија, Горна Лешни-ца, Долна Лешница, Лавце, Ново Село 1, Новаќе, Под-бреге, Прељубиште, Ратае, Рогачево, Рогле, Селце Кеч, Стенче, Туденце, Церово, чие одржување е во надлеж-ност на Одделението за одржување на премерот и ката-старот-Тетово.

- катастарските општини: Горни Балван, Козјак, Крупиште, чие одржување е во надлежност на Одделе-нието за одржување на премерот и катастарот - Штип.

- катастарските општини: Аџиевци,Битуше, Горја-не, Ѓурѓевиште, Јанче, Лазарополе, Ломница, Присој-ница,чие одржување е во надлежност на Одделението за одржување на премерот и катастарот - Гостивар.

2. Ова решение влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Репуб-лика Македонија“.

3. Со влегувањето во сила на ова решение преста-нува да се применува катастарот на земјиште за ката-старските општини наведени во точка 1.

Бр. 15-4776/1

10 април 2007 година Директор, Скопје Љупчо Георгиевски, с.р.

__________ 654.

Врз основа на член 80 став 1 од Законот за премер, катастар и запишување на правата на недвижностите („Службен весник на СРМ“ бр. 27/86, 17/91, 84/05 и 109/05), Државниот завод за геодетски работи, донесува

Р Е Ш Е Н И Е

ЗА СТАВАЊЕ ВО ПРИМЕНА НА УСТАНОВЕН КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ

Се става во примена установениот катастар на нед-

вижностите за катастарската општина Другово – Оп-штина Другово.

Катастарот на недвижностите се применува од де-нот на објавувањето на ова решение во „Службен вес-ник на Република Македонија“.

Со денот на примената на катастарот на недвиж-ностите од став 1 од ова решение, престанува да се применува катастарот на земјиштето за КО Другово, установен според Законот за премер и катастар на земјиштето („Службен весник на СРМ“ бр. 34/72 и 13/78).

Бр. 09-4841/1

11 април 2007 година Директор, Скопје Љупчо Георгиевски, с.р.

Page 26: › Issues › 7BA6C05C91BC354A9C3B3D1613... · Број 48 Год. LXIII Понеделник, 16 април 2007 …2008-01-04 · 1.1. ПРЕТПРИЕМНИШТВО: НОВА

Стр. 26 - Бр. 48 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 април 2007

РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

655. Врз основа на член 19, алинеја 6 од Законот за енер-

гетика (“Службен весник на РМ” бр. 63/06 од 23.05.2006 година), член 28 од Законот за акцизите (“Службен весник на РМ” бр. 32/01, 50/01, 52/01, 45/02, 98/02, 24/03, 96/04 и 38/05), член 28 и 29 од Законот за данокот на додадена вредност (“Службен весник на РМ“ бр. 44/99, 59/99, 86/99, 11/00, 8/01, 21/03 и 19/04), Законот за животната средина (“Службен весник на РМ“ бр. 53/05), Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, на седницата одржана на 16.04.2007 година, донесе

О Д Л У К А

ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НАЈВИСОКИ ЦЕНИ НА ОДДЕЛНИ НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ УТВРДЕНИ

СОГЛАСНО МЕТОДОЛОГИЈАТА

Член 1 Претпријатијата кои произведуваат деривати од

нафта можат да ги формираат цените на одделни на-фтени деривати така што највисоките производни цени да изнесуваат и тоа:

а) Моторни бензини ден/лит - МБ-96 (ПРЕМИУМ) до 28,929 - БМБ-91 (БЕЗОЛОВЕН РЕГУЛАР) до 29,014 - БМБ-95 (БЕЗОЛОВЕН ПРЕМИУМ) до 29,100 - БМБ -98 (БЕЗОЛОВЕН СУПЕР) до 30,153 б) Дизел гориво ден/лит - Д (ДИЗЕЛ) до 28,374 - Д-Е III до 29,015 в) Масло за горење ден/лит - екстра лесно (ЕЛ) до 29,047 г) Мазут ден/кг - М-1 (М) до 17,053 - М-2 до 17,030

Член 2 Претпријатијата и другите правни и физички лица,

што вршат промет на нафтени деривати и увозници (во натамошниот текст: претпријатија) ги формираат цени-те за одделни нафтени деривати така што:

A. Највисоките малопродажни цени (1 ГРУПА НА ЦЕНИ) да изнесуваат и тоа:

а) Моторни бензини ден/лит - МБ-96 (ПРЕМИУМ) до 68,00 - БМБ-91 (БЕЗОЛОВЕН РЕГУЛАР) до 64,50 - БМБ-95 (БЕЗОЛОВЕН ПРЕМИУМ) до 65,00 - БМБ -98 (БЕЗОЛОВЕН СУПЕР) до 66,00 б) Дизел гориво ден/лит - Д (ДИЗЕЛ) до 52,50 - Д-Е III до 53,00 в) Масло за горење ден/лит - екстра лесно (ЕЛ) до 42,50 г) Мазут ден/кг - М-1 (М) до 20,772 - М-2 до 20,744 Б. Претпријатијата што вршат промет на нафтени

деривати можат да ги формираат цените за одделни на-фтени деривати во однос на највисоките цени од точка-та А на став 1 на овој член (1 ГРУПА НА ЦЕНИ), освен од потточката “г” и тоа: за 0,5 ден/лит пониски (2 ГРУПА НА ЦЕНИ), за 1,00 ден/лит пониски (3 ГРУПА НА ЦЕНИ) и за 1,5 ден/лит пониски (4 ГРУПА НА ЦЕ-НИ), согласно следната табела и да изнесуваат:

НАФТЕН ДЕРИВАТ (2 ГРУПА НА ЦЕНИ) ден/лит

(3 ГРУПА НА ЦЕНИ) ден/лит

(4 ГРУПА НА ЦЕНИ) ден/лит

МБ - 96 (ПРЕМИУМ) 67,50 67,00 66,50 БМБ - 91 (БЕЗОЛОВЕН РЕГУЛАР) 64,00 63,50 63,00 БМБ - 95 (БЕЗОЛОВЕН ПРЕМИУМ) 64,50 64,00 63,50 БМБ -98 (БЕЗОЛОВЕН СУПЕР) 65,50 65,00 64,50 Д - ДИЗЕЛ 52,00 51,50 51,00 Д-Е III 52,50 52,00 51,50 Е Л - ЕКСТРА ЛЕСНО 42,00 41,50 41,00

Претпријатијата што вршат промет на нафтени дери-

вати можат да вршат промет на секој дериват поодделно по една од цените утврдени за тој дериват во една од групите на цени определени согласно оваа одлука.

Цените од сите четири ценовни групи формирани согласно став 1 на овој член, освен цените за мазутот М-1 и М-2, важат франко пумпна станица, а цените на ма-зутот М-1 и М-2 важат франко производител во земјата.

Во цените од сите четири ценовни групи формира-ни согласно став 1 на овој член, освен во цените за ма-зутот М-1 и М-2, содржани се и трошоците за превоз од 0,50 ден/литар.

Во малопродажните цени формирани согласно овој член содржан е данокот на додадена вредност согласно Законот.

Член 3 Во малопродажните цени утврдени со членот 2 од

оваа одлука содржан е надоместокот за финансирање на активностите во областа на животната средина кои согласно Законот за животната средина го плаќаат об-врзниците утврдени со овој закон и тоа:

а) Моторни бензини ден/лит - МБ-96 (ПРЕМИУМ) 0,150 - БМБ-91 (БЕЗОЛОВЕН РЕГУЛАР) 0,080 - БМБ-95 (БЕЗОЛОВЕН ПРЕМИУМ) 0,080 - БМБ -98 (БЕЗОЛОВЕН СУПЕР) 0,080 б) Дизел гориво ден/лит - Д (ДИЗЕЛ) 0,030 - Д-Е III 0,030 в) Масло за горење ден/лит - екстра лесно (ЕЛ) 0,040 г) Мазут ден/кг - М-1 (М) 0,050 - М-2 0,050

Член 4 Во малопродажните цени утврдени со членот 2 од

оваа одлука акцизите кои ги плаќаат обврзниците сог-ласно Законот изнесуваат и тоа:

а) Моторни бензини ден/лит - МБ-96 (ПРЕМИУМ) 24,848 - БМБ-91 (БЕЗОЛОВЕН РЕГУЛАР) 21,867 - БМБ-95 (БЕЗОЛОВЕН ПРЕМИУМ) 22,205 - БМБ -98 (БЕЗОЛОВЕН СУПЕР) 22,000 б) Дизел гориво ден/лит - Д (ДИЗЕЛ) 12,388 - Д-Е III 12,171 в) Масло за горење ден/лит - екстра лесно (ЕЛ) 3,230

Page 27: › Issues › 7BA6C05C91BC354A9C3B3D1613... · Број 48 Год. LXIII Понеделник, 16 април 2007 …2008-01-04 · 1.1. ПРЕТПРИЕМНИШТВО: НОВА

16 април 2007 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 48 - Стр. 27

г) Мазут ден/кг - М-1 (М) 0,100 - М-2 0,100

Член 5 Во малопродажните цени утврдени согласно членот 2

од оваа одлука, трошоците на прометот на секој поодде-лен нафтен дериват од секоја ценовна група изнесуваат:

НАФТЕН ДЕРИВАТ

Ед. мерка

(1 ГРУ-ПА

НА ЦЕ-НИ)

(2 ГРУ-ПА

НА ЦЕ-НИ)

(3 ГРУ-ПА НА ЦЕ-НИ)

(4 ГРУ-ПА НА ЦЕ-НИ)

МБ - 96 (ПРЕМИУМ) ден/лит 3,200 2,776 2,353 1,929 БМБ - 91 (БЕЗОЛОВЕН РЕГУЛАР) ден/лит 3,200

2,776

2,353

1,929

БМБ- 95 (БЕЗОЛОВЕН ПРЕМИУМ) ден/лит 3,200

2,776

2,353

1,929

БМБ -98 (БЕЗОЛОВЕН СУПЕР) ден/лит 3,200

2,776

2,353

1,929

Д - ДИЗЕЛ ден/лит 3,200 2,776 2,353 1,929 Д-Е III ден/лит 3,200 2,776 2,353 1,929 Е Л - ЕКСТРА ЛЕСНО ден/лит 3,200 2,776 2,353 1,929 МАЗУТ М - 1 ден/кг 0,400 0,400 0,400 0,400 МАЗУТ М - 2 ден/кг 0,400 0,400 0,400 0,400

Член 6

Оваа одлука влегува во сила со денот на објавува-њето во “Службен весник на Република Македонија”, а ќе се применува од 00,01 часот на 17.04.2007 година.

Бр. 02-650/1

16 април 2007 година Претседател, Скопје Славе Ивановски, с.р.

___________ 656.

Врз основа на член 19, алинеја 6 од Законот за енер-гетика (“Службен весник на РМ” бр.63/06 и 36/07), а во врска со член 6 од Тарифниот систем за продажба на природен гас на тарифни потрошувачи (“Службен вес-ник на РМ” бр.94/05), Регулаторната комисија за енер-гетика на Република Македонија, на седницата одржа-на на 16 април 2007 година, донесе

О Д Л У К А

ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ ПРОДАЖНА ЦЕНА НА ПРИРОДЕН ГАС ВО ВТОРИОТ КВАРТАЛ ОД

2007 ГОДИНА

Член 1 Продажна цена на природниот гас во вториот квар-

тал од 2007 година се определува да изнесува 12,9679 ден/нм3.

Во продажната цена на природниот гас од ставот 1 на овој член, содржани се трошоците сврзани со наба-вката на природниот гас (набавна цена) во износ од 12,7967 ден/нм3 и цена за трговија и снабдување на та-рифните потрошувачи непосредно приклучени на си-стемот за пренос на природен гас во износ од 0,1712 ден/нм3.

Во продажната цена од став 1 на овој член, не е со-држана цената за пренос и управување со системот за пренос на природниот гас во износ од 2,2170 ден/нм3, која тарифниот потрошувач непосредно приклучен на системот за пренос е должен да ја плати за вршењето на овие услуги.

Во продажната цена од став 1 на овој член и во це-ната за преносот и управување со системот за пренос на природниот гас од став 3 на овој член, не е содржан и данокот на додадена вредност во вкупен износ од 2,7333 ден/нм3.

Вкупниот надоместок кој што треба да го платат та-рифните потрошувачи непосредно приклучени на си-стемот за пренос на природен гас, во согласност со став 1, 3 и 4 на овој член, во вториот квартал од 2007 година изнесува 17,9182 ден/нм3.

Член 2

Продажната цена на природниот гас од членот 1 на оваа Одлука е утврдена со примена на просечен прода-жен курс на САД доларот од 47,0209 денари за еден САД долар.

Член 3

Оваа oдлука влегува вo сила со денот на објавува-њето во “Службен весник на Република Македонија”.

Бр. 02- 653/1

16 април 2007 година Претседател, Скопје Славе Ивановски, с.р.

_______________________________________________

АГЕНЦИЈА ЗА ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ 66.

Врз основа на член 18 став 3 од Законот за држав-ните службеници („Службен весник на Република Ма-кедонија“ бр. 59/2000, 112/2000, 34/2001, 103/2001, 43/2002, 98/2002, 17/2003, 40/2003, 85/2003, 17/2004, 69/2004, 81/2005, 61/2006 и 36/2007), директорот на Агенцијата за државни службеници донесе

К О Д Е К С

ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЕТИЧКИОТ КОДЕКС НА ДРЖАВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ

Член 1

Во Етичкиот кодекс на државните службеници („Службен весник на Република Македонија“ број 68/2002 и 16/2004), по членот 5 се додава нов член 5-а, кој гласи:

„Член 5-а

ПРИЈАВУВАЊЕ 1) Државниот службеник кој смета дека од него се

бара да постапува спротивно на одредбите од овој ко-декс, тоа го пријавува до надлежниот орган, утврден со закон.

2) Државниот службеник го известува органот од ставот (1) на овој член, и кога смета дека постои крше-ње на одредбите на овој кодекс од страна на други др-жавни службеници.

3) Државниот службеник пријавува до надлежните органи сомневања или докази за незаконско или про-тивправно работење поврзано со државната служба.

4) Државниот службеник кој пријавил сомневање или докази од ставот (3) на овој член, врз разумна ос-нова и со чесни намери, не може да биде повикан на одговорност за пријавувањето.”

Член 2

Овој кодекс влегува во сила со денот на објавува-њето во „Службен весник на Република Македонија“.

Бр. 01-4932/1

11 април 2007 година Директор, Скопје Александар Гештаковски, с.р.

Page 28: › Issues › 7BA6C05C91BC354A9C3B3D1613... · Број 48 Год. LXIII Понеделник, 16 април 2007 …2008-01-04 · 1.1. ПРЕТПРИЕМНИШТВО: НОВА

Стр. 28 - Бр. 48 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 април 2007

www.slvesnik.com.mk

[email protected]

Издавач: ЈП СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ц.о.-Скопје бул. "Партизански одреди" бр. 29. Поштенски фах 51. Директор и одговорен уредник - Тони Трајанов. Телефони: +389-2-3298-860, 3290-471, 3290-449. Телефакс: +389-2-3112-267. Претплатата за 2007 година изнесува 9.200,00 денари. „Службен весник на Република Македонија“ излегува по потреба. Рок за рекламации 15 дена. Жиро-сметка: 300000000188798. Депонент на Комерцијална банка, АД - Скопје. Печат: ЦЕТИС ПРИНТ ДООЕЛ увоз-извоз, Скопје.